Fasadi 5GG Naslovna

 


 

Фасади табела 05 2020

Топлина во зима и свежина во лето, термофасадните системи гарантираат удобно живеење и при најекстремните температури истовремено овозожувајќи значителна заштеда на се повисоките енергетски сметки, заштеда која за период од 3 - 5 години во зависност од објектот ја враќа вложената инвестиција. Термо фасадата се нанесува лесно и брзо и е составена од неколку фазни елементи приложени подоле по редослед на нанесување. После долго анализирање на квлалитет , производители , најразлични брендови, во Ројал Инвест ви го предлагаме системот за фасада од светскиот производител ISOMAT , кој ќе ви даде највисок квалитет во однос на цената. Започнуваме со основниот премаз за подлогата, Врска У

 Isomat EU систем

Врска У 

Врска У - се премачкува површината на која се нанесува фасадниот систем(цигла ,малтер , бетон...), ја подобрува лепливоста, отпорноста на влага и ја прочистува површината од нечистотии. Задолжителен при нерамни или постари површини како и при изработка на фасадни системи.
 

Цена
175ден/кг850ден/5кг
Лепак за стиропор Isomat AK T 33

Лепак Isomat AK T33 основно лепило за фиксирање на стиропорни изолациони табли изработен од хидраулични и синтетички лепила. Потрошувачка 5м2-8m2 со една вреќа. Се лепи точкасто и со задолжително правење рамка на стиропорната табла.
*ЕТА сертификат
 

Цена
260ден/25кг
Фасаден стиропор Усјепор 5цм

Фасаден стиропор се лепи со лепакот за стиропор или со пурпената, по потреба се фиксира со додадтни пластични типли. Препорачан тип на стиропор за фасада, е минимум 5цм дебелина со густина 17кг/м3. Поголема дебелина на стиропор значи и поголема изолација.

За сите цени на стиропорот кликнете  ТУКА 
 

Цена
120ден/м2 5cm/17kg
Лепак за рабицирање Isomat Ak T 35

Лепак за рабицирање. Се нанесува врз фасадната мрежата и преставува идеална основа врз која се нанесуваат завршните малтери. Збогатен со полимерни смоли и армирани влака со што добива на висока еластичност и отпорност. Потрошувачка 10м2/вреќа.
*ETA сертификат

Цена
350ден/25кг
 
 
 
 
Стаклена фасадна мрежа 145гр

Стакленаа фасадна мрежа се нанесува по фиксирање на стиропорот, има за задача да оневозможи пукање и ронење на завршните малтери. Секогаш лепакот за рабицирање, се нанесува во горниот слој на мрежичката со цел да се оневозможи пукање и ронење на завршниот малтер.
Задолжително дијагонално армирање на сите ќошеви кај врати, прозори и сл. Задолжителен преклоп.
 

Цена
Цена 27ден/м2
Фасадна грунд подлога Isomat Primer

Фасадната подлога Isomat ML-Primer, прави хемиска врзивна реакција помегу лепакот и завршниот слој на акрилен малтер и задолжително се нанесува пред изработката на завршниот слој. Густ акрилен прајмер која значително ја подобрува рапавоста на подлогата. Покривна површина до 150м2 со една канта.*ЕТА сертификат

Цена
2100ден/25кг
Завршни малтери

Одберете релјеф и боја по ваш избор од широката лепеза на пластичните малтери. Акрилните малтери се одликуваат со долгорочност и неменливост на бојата. Водоодбивност и отпорност на атмосферски влијанија и УВ зрачење. Голема предност е и лесното одржување кое може да биде и обично чистење со вода. Потрошувачка 10м2 со една канта.

Цена
1150ден/25кг
Лајсни за фасада 2,5м1

Лајсна со мрежичка за агли, за армирање и зацврстување на аглите при изработка на фасади и други градежни зафати со стиропор. Ги заштитува аглите од напукнување и ронење. Задолжителна примена кај фасадите на сите ивици. Кај прозорците се користи окапна лајсна.

Лајсната е со димензија од 2,5м1 должина, ширина на мрежата е 20cm

 

 

Цена
40ден

Разно материјали за фасада

Почетна лајсна за фасада

Почетна лајсна од алуминиум за стиропорот, која се поставува како основа и се поставува со штрафење во самиот ѕид. Задолжителен при изведба на фасадниот систем со гаранција.
150ден/5cm 2м
200ден/8cm 2м
230ден/10cm 2м

Премиум Акрилен Фасаден Малтер

Висококвалитетен премиум Акрилн малтер кој се одликуваат со долгорочност и неменливост на бојата. Отпорност на атмосферски влијанија и УВ зрачење. Висока еластичност со што се спречува појава на пукнатини, висока водоодбивност и парапропусност, висококвалитетни адитиви и влакна

Потрошувачка 10м2 со една канта.

Цена
1̶8̶5̶0̶д̶е̶н̶ -20% 1480ден
Лепак за стиропор Isomat AKT35 Бел 25кг

Лепак за рабицирање и лепење на мрежичка. Бел лепак збогатен со смоли и армирани влака со што добива на висока еластичност и отпорност. Потрошувачка 10м2/вреќа.*ETА серт.

Цена
385ден
Минерелен Абриф 25кг

Минерален завршен малтер за обработка на внатрешни и надворешни ѕидови. Доколку се нанесува на надворешни ѕидови, задолжително се премачкува со фасадна боја.Потрошувачка 10м2 со една вреќа

Цена
310ден

 

Бетоноконтакт Адинг

Подлога која се употребува како прајмер и стабилизатор на подлоги кај слабо порозни и мазни површини, за подобрување и изедначување на порозноста, како и за остварување подобра врска меѓу подлогата и новиот слој. Се користи пред малтерисување и при лепење на плочки, фасада и сл. Се вградува (аплицира) без претходна подготовка на производот.

Цена
300ден/4л 1250ден/20л
Исомат акрилна фасадна боја

Премиум акрилна фасадна боја, отпорна на влага и екстремни надворешни влијанија. Парапропусна боја што овозможува "дишење" на ѕидовите. Одлична покривност и мат изглед. Можност за тонирање во голем број на  нијанси. Се користи и како внатрешна боја отпорна на мувла,влага и нечистотии. 
15л - 2150ден        
10л- 1500ден            
3л - 550ден

Прајмер за фасадна боја

Концетрат акрилен прајмер на водена база за акрилни и други бои. Погоден за внатрешни и надворешни ѕидови. Обезбедува висока лепливост и пенетрација на површината. Задолжителен пред нанесување на фасадна боја при изработка на фасадни системи. Се нанесува пред нанесување на фасадната боја.
Потрошувачка 1л за 50м2

Цена
900ден/5lit    200ден/1л
Типли за стирпор

Типлите се користат за прицврстување на стиропорните табли при изработка на фасади и други зафати. За различни дебелини на стиропор се произведуваат различни големини од 10ка 15ка и 20ка типли. При дијагонала над 8м, типлите се задолжителни при изработка на фасадите. 

 

Цена
3.5ден/12cm  5,0ден/16cm    11ден/20cm

 

Тонирање бои и малтери

по нанесувањето на изолациониот слој може да одберете помеѓу многубројните нијанси и тонови достапни за тонирање од програмата на ISOMAT. Фасадните бои и малтери се долготрајни и отпорни на надворешни влијанија и се тонираат машински по фабрички дефинирани рецептури. 

 


 


 

Бесплатна испорака за Скопје и околината за сметки над 10.000 ден. Доплата 500 ден за сметки под 10.000 ден. Испорака по договор за Македонија.

Професионална монтажа 7 евра m2. Монтажата не е вклучена во цената и е предмет на договор помеѓу купувачот и монтерот.

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.