Еднокомпонентен производ со пастообразна конзистенција на база водена полимерна дисперзија односно течна гума. Премаз од Течна Гума" поседува следниве технички квалитети:
- отпорност на атмосферски влијанија
- водоотпорност и водонепропустливост
- отпорна на температура од -25 до + 120º C
- пропустливост на пареа
- отпорност на пукнатини
- трајна еластичност
ПРИМЕНА:
Хидроизолација на: кровови, подови, балкони, базени, бањи, фонтани и многу повеќе.
Поправка и реновирање на стари водоотпорни облоги, вклучувајќи ги и битуменски материјали.
Заштита на хидроизолација на подземни делови од згради, керамички плочки, околу прозорец, оџаци, итн.
Заштита од влага на метални површини (алуминиум, бакар, поцинковани, итн).
Се премачкува во три слоја и покрај течната гума се употребува платно и грунд.
ЦЕНА ≈ 360ден/м2
Бои за течна гума

Течна гума 1кг
Течна гума 1кг паковање
Потрошувачка 1кг=1м2/3слоја

Течна гума 5кг
Течна гума 5кг паковање
Потрошувачка 1кг=1м2/3слоја

Течна гума 10кг
Течна гума 10кг паковање
Потрошувачка 1кг=1м2/3слоја

Течна гума 20кг
Течна гума 20кг паковање
Потрошувачка 1кг=1м2/3слоја

Грунд за течна гума 1л
Грунд за течна гума 1л
Потрошувачка 1Л=5м2

Грунд за течна гума 5л
Грунд за течна гума 5л паковање
Потрошувачка 1Л=5м2

Хидроизолационо платно
Платно хидроизолационо за премази
Во ролна на мерење од 1м и во ленти
АДИТИВИ И ПРЕМАЗИ

Хидромал Флекс
Двокомпонентен систем за изведба на еластична хидроизолација на цементна основа. Се применува секаде каде има можност од појава на влага. Погоден за мали површини. Се нанесува со премачкување во повеќе слоеви. Потрошувачка 5м2 со едно паковање. Не се користи како завршен премаз.

AQUAMAT FLEX isomat
Задолжителен 2компонентен хидроизолационен премаз при изработка и санација на купатила, кујни, тераси, столбови и секаде каде има можност од појава на влага. Флексибилен и отпорен на пукање, вибрации и стареење. Премостува пукнатини. Економична и трајна хидро изолација. Потрошувачка 2кг/м2

Plastiproof Isomat
Се додава при мешање на бетонот. Се применува при изработка на темели, плочи, подруми, фундаменти, базени, резервоари, шахти...Ја згуснува структурата на бетонот, делува како пластификатор со што го прави непропусен, цврст и отпорен на капиларна влага. Потрошувачка: 0,2-0,5кг на 100кг цемент.

Трака самолеплива
Хидроизолациона Битул Isomat 8cm самолеплива заптивна трака, составена од леплив битул со заштитно платно. Задолжително се користи за споеви и пукнатитни каде има можност од појава на влага како бањи, кујни, балкони, рамни кровови.... Може да се користи и за изолација и санација на оџаци и кровови.
ИЗОЛАЦИИ ЗА КОНДЕНЗАЦИЈА, ВЛАГА И МУВЛА

Апсорбер за влага
Апсорбеот за влага успешно го остранува вишокот на влага кој неприметно се вовлекува во мебелот, теписоните, облеката, ѕидовите и во самите бели дробови, притоа создавајќи услови за појава на алергени, грип, бактерии и мувла кој доведуваат до појава на инфекции на дишните патишта и ревматски болки во коските. Многу важна карактеристика на овој апсорбер што го разликува од другите на пазарот, е што влагата ја претвара во ГЕЛ со што е оневозможено истата пак да циркулира во воздухот и да ја троши ампулата. Другите апсорбери на влага , апсорбираната влага ја претвараат пак во течна состојба што повторно и повторно испарува и кружи во воздухот и ја троши ампулата.

Стоп конденз
Се нанесува од внатрешна страна пред кречење - може да се префарба или тонира. StopKondenz е премаз со специјална формула и содржи честички од минерален прав кој впиваат термичка енергија, и подоцна ја емитуваат со цел да се ублажи температурната разлика на ѕидот со што трајно и ефикасно се спречува појавата на кондензација и мувла кој се многу штетни по здравјето.
Пред употреба ѕидот се чисти со што се остранува мувлата , се нанесува Stopkondenz во два или три слоја , на површина поголема за 20cm од зафатената површина од кондезацијата и мувлата. Преку сувиот слој може да се префарба со бои на водена база. Потрошувачка 0.7л/м2

Хидрофоб 5кг
Додаток за водонепропустливост на бетони. Се применува при изработка на темели, базени, резервоари, подготовка на малтер за влажни подрачја, брани, пристаништа, канали, шахти и секаде кај објекти кои се во контакт со вода, мраз и соли за размрзнување
Ја спречува појавата на капиларна апсорпција на влага во бетонот. Ги заситува порите и капиларите на бетонот со што станува водонепропусен.
Се додава при припрема на бетонот 0,7-2,0% тежински во однос на масата на цементот.

Хидроизолациона Трака 12cm
Самолеплива изоалциона флексибилна широка ISOMAT 12cm трака за поставување кај споевите помеѓу ѕидот и подот во простории каде што има присуство на влага како кај купатила и кујни. Исомат Траката се поставува пред премачкување на хидроизалацијата и поставување на плочките или завршниот дел. Протекувањето кај купатилата и кујните секогаш се случува кај споевите меѓу ѕидот и подот а особено доколку ѕидот е поставен од гипс картон плочи. Траката оневозможува да се појават пукнатини и процепи низ кој влагата и водата би продреле. Задолжителна примена кај купатила, кујни, тераси, рамни кровови. Произведена од реномираниот производител ISOMAT.

СК клинер чистач
Средство за отстранување и спречување на мувла кој брзо и ефикасно ја одстранува мувлата и спречува повторна појава на истата. Употреба за ѕидови, кујни, купатила и санитарии.Препорачливо е да се користи како задолжителен чистач на површини пред нанесување на Стоп конденз или Перма вајт премазите. Може да се користи и самостојно за одстранување на површинска мувла во просториите. Се нанесува со прскање, се остава да делува и потоа површината длабински се чисти со четка или крпа. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството на производот.
Видео

Васер дихт
WASSERDICHT адхезира на сите видови материјали кои се користат во градежништвото и домот: терхартија, салонит, ќерамиди, цигли, ПВЦ, алуминиум, цинк, олово, камен, бетон. Трајно ги запечатува и ги затнува сите пукнатини, дупки и спојки и оневозможува продор на влага,чад, рѓа, корозирја. Создава цврст и еластичен слој кој одржи фибер влакна кој создаваат трајна и еластична врска. Идеален за користење кај пукнатини и дупки на кров, олуци, ѕидови, оџаци.Се нанесува неразреден со широка четка во дебел и широк слој, на претходно добра исчистена површина со одстранети лабилни делови.

Растолеум
Rusт-Oleum е гумиран заштитен премаз за пополнување и зачепување на пукнатини, дупки и споеви, спречува продор на влага, рѓа и корозија. Формира полу рамен цврст еластичен завршен слој кој нема да истече или падне, а може да се префарба со бои на уљена база или на база на латекс. Може да се нанесе скоро на секоја површина како метал, алуминиум, лим, цигли, ќерамиди, ПВЦ, бетон, асфалт, пластика, салонит, и тн... Идеален за тешко достапни места,со распрскувањето се овозможува продор и до најнедостапните места. Достапен во бела и транспаретна боја.

Лик сиал
LEAK Seal самолеплива трака адхезира на било која површина,трајно затвара и зачепува пукнатини, отвори, и процепи, на било кој цилидрични форми како цевки, црево, жици и сл. Формира херметичка јамка, формира водонепропусна врска со самолепење. Траката е исклучително издржлива и флексибилна и може да се употребува буквално во сите екстремни услови. Отпорна на висок притисок, високи и ниски температури(од -650 до 2600C), отпорна на корозија, киселини, масла, разредувачи и сл, како и отпорна на високи напони до 8000волти.

Фломастер за фуги
Сигурен и едноставен начин да фугите на керамичките плочки во бањите, кујните, изгледаат како нови. Нема потреба да се мачите обидувајќи се да ги избелите валканите фуги. Фломастерот за фуги е најбрз и најефтин начин за да ги промените или освежите боите на вашите фуги. Маркерот е нетоксичен, без мирис, покрива 53метри фуга, ги прекрива сите дамки, бргу се суши, антибактериска формула против мувла, водоотпорен, траен, достапен во повеќе бои(бела, сива, беж), сигурен за деца и миленичиња. Спречува појава на мувла и прљаштина на самата фуга.

Боја отпорна на мувла
MAXIDIS F е внатрешна, водоотпорна, акрилна боја, високо отпорна на габи и мувла со извонредна покривнос. Се одликува со голема белина, пропустливост на пареа и отпорност на влажно чистење.
Потрошувачка175-300ml/m² за два слоја

Средство за чистење мувла
MAXICID Standard е премаз со специјални фунгициди и алгициди. Се користи за уништување на ѕидни алги и мувла на внатрешни ѕидни површини. Дејствува против најчестите видови на ѕидни алги и габи, а зелените ѕидни алги по третманот со MAXICID Standard целосно се губат.

Санитарен силикон
Санитарен Ацетатен силикон за пополнување на предели што се под констатна влажност. Решение за пополнување на просторот кај мивалници, туш кабини , санитарии и сл. Не фаќа мувла и габи. Постојан од -40° до +180°
БИТУМЕНСКИ ИЗОЛАЦИИ

Битулит
Битулит е материјал за хидроизолација со органски растворувач. Се применува како ладен премаз и како подлога во системот на ленти за хидроизолација. Се користи за изолација на темели, ѕидови, подови, рамни кровови и тераси, а и како заштита на метал од корозија, на дрвото од влага и на водоводни цевки.
Начин на примена: Се нанесува во ладна состојба со премачкување со помош на четка или ваљак, во еден слој на температура над 10C. Пред и после употребата, Битулитот се одржува во течна состојба со мешање. Површината мора да биде сува и чиста. Потрошувачката зависи од порозноста на подлогата и изнесува од 0,3 до 0,5kg/m2.

Битумен
Битумен е производ за топла постапка со или без неоргански полнила, кој се топи на температура до 180C. Се применува во градежништвото како средство за изведување хидроизолација за надземни и подземни работи, за изолација на темели, подрумски ѕидови, подови на тло, рамни кровови и тераси, за заштита на водоводни цевки и елементи. Примена: Растопениот битумен се нанесува на сува подлога претходно подготвена со битулит. Загревањето на битуменот се врши во оригиналната амбалажа. Топлиот премаз од битумен се нанесува со разлевање, а потоа со развлекување со специјални рамналки. Потрошувачка 1,5-2kg/m2 во еден слој дебелина од 2mm.

Бимизол
Бимизол - Еднокомпонентен хомоген премаз во вид на паста на база на битумен, полимер, растворувачи и полнила. Се применува по ладна постапка без претходно растворување или загревање што го прави доста практичен.
Примена: хидроизолација на рамни покриви, (продори, сливници, атика, кровни завршетоци);
- хидроизолација на бањи, перални, изолација на надворешни ѕидови, подови во подземни простории,темели.
- антикорозивна заштита на нови лимени површини, вкопани резервоари
- при обработка на тунели, изолација на резервоари, каптажи и сл
- репарација на стари изолации.

Бесплатна испорака за сите градови во Македонија за сметки над 10.000 ден. Доплата на карго за сметки под 10.000 ден.

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.