• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Изложеност на сонце-Влезни врати

Сонцето, голем непријател на бојата и на фолиите:) Кога се менува влезната врата за куќа голема недоумица има дали е во ред ако е изложена на сонце. 

Не смее влезната врата да ја "пече" сонце 

За жал така е. Обично за куќа се земаат металните врати  кој или се фарбани(белите) или имаат фолија(кафените). Доколку вратата е изложена подлолго време на сонце во текот на денот, посебно во "најжешките" саати, тогаш може да дојде до бледеење,жолтеење или одлепување на фолијата. Можеби во првите години нема да се појави никаква аномалија, можеби и воопшто нема да се појави, но строго препорачуваме вратата никако да биде изложена на сонце , соодветно и гаранција нема за ваков вид на проблем.

Решение?

Настрешница над вратата со што би се заштитила самата врата, но и би имале приод заштитен од сонце и дожд. Настрешниците сега ги прават највеќе од лексан, со конструкција од профили, со цел да има светлина. Најефтиниот начин е со конструкција од профили и лим. Или можете да си набавите влезна врата со УВ ЗАШТИТА, но тие врати ние не ги продаваме поради високата цена од 500 еур па нагоре.

 

Но старата дрвена врата толку години немаше проблем?

Порано кога дрвото и изработката беа ефтини , сите влезни врати беа од дрво. Истите се боеја и се одржуваа на одреден временски период со што прегорувањето од сонцето се покриваше со новата боја. Исто така дрвото на многу подобар начин реагира на изложеноста на сонце. За жал ваквите масивни дрвени врати се прескапи поради тешкотијата за изработка и немањето на соодветен репро материјал

 

Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете ни во контакт формата.