• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Најчести прашања за влезни врати

Од досегашното 15 годишно искуство ви ги одговараме најчестите прашања кој ни ги поставувате

  1. Дали влезните врати ги правите по мерка?
    Не, влезните врати се стандардни:
    Димензии на врата: 2050х950х70 мм
       за ЛТ Модели   2050x900x70 мм
       за ЛТ Модели   2050x860x70 мм 
    Отвор ѕидарски макс +2cm
     

  2. Дали цената е со вклучена монтажа?
    Не, цените се без вклучена монтажа. Монтажата имаме само за Скопје со следните цени:
    Монтажа +1800 ден, демонтажа + 500 ден, проширување на отвор+ 1000 ден. 
     

  3. Дали е вклучена рачка во цената?
    Да рачката е вклучена во цената
     

  4. Дали е превозот е бесплатен?
    Превозот е бесплатен за Скопје. Доколку е со монтажа вратата, монтерите си ја носат вратата.
    За другите градови сега за сега немаме превоз и работиме на решение.
     

  5. Дали монтерите прават опшивки?
    Не, монтерите само монтираат или ако е потребно прават проширување на отвор.  Опшивање-"крпење" на дупките прават гипсари или молери. Имаме база на контакти од вакви мајстори и можеме да ви препорачаме.
     

  6. Како се одредува лева/десна врата?
    Гледано од надвор на која страна се шарките, таква е вратата. Ако се на лево шарките е лева врата или обратно.

  7. Дали има опција за нанадвор отварање?
    Да има опција но само кај ЛТ моделите (бела и кафена). При нанадвор отварање ваков е изледот:
     

Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете ни во контакт формата.