Термоизолациониот материјал „ТермоСтоп“ претставува течна композиција на водена основа, која се состои од исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Главна карактеристика на овој материјал е неговото инзворедно термоизолационо својство, со дебелина од 2мм како и одличен звучен изолатор. Благодарение на своите својства „ТермоСтоп” е идеално решение за изолација која не зафаќа простор и има широка примена како пример станови, купатила, високи површини, цевки, тешко достапни места...
Премачканите површини се трајно заштитени од појава на мувла и габи.
Лесно нанесување со глетарка, четка, ваљак или комресор.
Tерволи и фолии
XPS и EPS изолации
Стиропорот е синтетски производ поволен за животната средина кој се произведува со полимеризација на стирен и претставува цврст пенест материјал кој е исполнет со воздух. Иако има многу мала густина, има релативно висока механичка јакост, како и многу ниска топлотна и акустична спроводливост со што е меѓу најдобрите изолатори. Термоизолациониот ефект на стиропор плоча од само 1cm е еднаков на 15cм шуплива тула,на 23cм полна тула или 46cм бетон
Стиропорот исто така има многу ниска апсорпција на вода и висока отпорност на микроорганизми и водена пареа, што му даваат предност во однос на другите материјали за топлинска изолација при употребата во подрачја изложени на влага, не подлежи на гниење(исчезнување), долготраен е и самогаслив(незапалив). Овие карактеристики се должат на специфичниот состав на овој производ, кој содржат 98% заробен воздух и 2% полистирен. Единствен недостаток на стиропорот е неговата паранепропусност односно ,,не дише,,
Бесплатна испорака за Скопје и околината за сметки над 10.000 ден. Доплата 500 ден за сметки под 10.000 ден. Испорака по договор за Македонија.
Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.
Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.