Прозорите и вратите се едни од најкритичните места за топлинска и звучна изолација. Доколку немате соодветни прозори топлинските загуби може изнесуваат и до 50% од целокупоното загревање. Затоа ваквата инвестицијата се враќа во краток рок. За разлика од другите пвц производи на пазарот, продаваме систем составен од Германски профил и оков кој се произведуваат и склопуваат во модерна високотехнолошка фабрика под најстроги европски критериуми.
Во продолжение опциите на профил,термопан и оков кој ги нудиме:
Термопан стакло од производителот Guardian е со двојна заптивка, првата е дистанционерна алуминумска рамка, наполнета со молекуларно сито обложено со битулит кој служи како бариера на водена пара. Комората е исполнета со агрон гас. Овој ваков специфичен вид на заптивка кај термопанот не дозволува навлегување на влага на прозорот, кој се јавува кај нискоквалитетни термопани и освем изолационите својства го штити прозорот и му дава долговечност. Вториот вид на заптивка е надворешното затварање на термопанот со висококвалитетните полисулфид, полиуретан или силикон со модерна фабричка технологија. Термопанот може да биде двоен или троен термопан.
-сигурносно триплекс стакло - по избор на клиентот, термопанот може да биде од специјално триплекс ламирирано стакло кое неможе да биде скршено и обиено, со што значително се зголемува безбедноста на објектот. (доплата ≈ + 7еур од м2)
-Топол Кант- или High Selective дополнителна опција која може да се избере како замена за стандардниот алуминиумски дистанцер. High Selective дистанцерот има дополнителни топло-изолациони карактеристики кој го намалува коефициентот на премин на топлина за 7% како и спречува појава на кондезација и мувла. (доплата≈+7%)
Ролетни: Набавката на прозори и врати не завршува со монтажата на самиот прозор. За поголема сигурност и изолација изберете пвц или алуминиумски ролетни од нашиот избор, кој се изработени секогаш по највисоки стандарди со алуминиумска кутија, алуминиумска прва ударна ламела, рамки алуминиумски со изолациони четки, и ламели исполнети со изолација.
Комарници: Комарцните се изработуваат по мерка и се земаат во предвид градежните услови.
- Се изработуваат од висококвалитетни алуминиумски рамки и мрежи изработени од стаклени влакна со покритие од тефлон кој ги прават издржливи и трајни.
- Не бараат скоро никаква грижа
- Не ја намалуваат видливоста низ прозорецот
- Постои можност за фарбање на алуминиумските профили во боја
- може да се монтираат на секаков вид на прозорци и врати
Се предлагаат 3 основни вида на мрежи против инсекти: фискни со шарки, роло и плисе.
Роло Гаражните врати се одликуваат со :
-Стабилна и сигурна алуминиумска макси ламела со полиуретанска исполна
-Со висока и звучна и топлинска изолација;
-Се отвораат тивко и лесно;
-При отварање заземаат минимален простор;
-Погон со мотор, управуван од копче, систем за централно управување или далечински управувач;
-Возможност за поставување на UPS уреди, курбла или јаже за отварање при немање на струја;
-За поголема сигурност може да се постави долна греда со сензор;
-10 години гаранција за материјалот.
-По избор на клиентот се предлагаат неколку вида на екструдирани алуминиумски ламели: полна. Основни бои се: бела, кафеава, сива, постои можност и за други бои, со подолг рок на испорака.
Бесплатна испорака за Скопје и околината за сметки над 10.000 ден. Доплата 500 ден за сметки под 10.000 ден. Испорака по договор за Македонија.
Монтажа 900 ден, демонтажа 300 ден, портали 1800 ден. Монтажата не е вклучена во цената и е предмет на договор помеѓу купувачот и монтерот.
Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.