Бесплатна испорака за Скопје за сметки над 10.000 ден.

Доплата од 500 ден за сметки под 10.000 ден. Сметки под 3.000 денари не се испорачуваат, односно истите можат да се товарат во сопствено возило. 

Транспоротот е до првиот пристапен влез на објектот. Истоварот е до самото возило. Ве молиме направете проверка на пристигнатата нарачка. Со приемот и потпишувањето ја потврдувате исправноста и точноста на нарачката со што понатамошни рекламции не се возможни освем за фабричките гаранции на материјалите кој подлежат. Ројал Инвест не сноси одговорност за идното складирање, манипулирање и инсталација на нарачаните материјали. 



Бесплатна праќање по карго за сметка над 10.000ден за сите градови низ Македонија за следните категории на материјали:

  • Врати собни и кваки.
  • Ламинати.
  • Печки на пелет.
  • Бои, лакови, изолации во канти и туби.
  • Инокс оџаци, ќумци и делови.
  • Радијатори и опрема.
  • Панелни огради.

Доколку сметката е под 10.000ден каргото е на товар на купувачот.
Другите материјали за жал поради габаритноста и големината не е возможно да се превезуваат по карго. Работиме да на случајот да имаме превоз сопствен за цела МК.

 

 


 

Замена е можна со приложена фискална сметка во рок од 15 дена од денот од кога производот е купен, доколку производот не бил употребуван, ако е сочуван изгледот на производот, употребните својства, пломбите и фабричките етикети. *Закон за заштита на потрошувачите. Купувачот е должен да ги донесе во сопствена организација производите за замена во просториите на Ројал Иивест. Замената се врши под видео надзор и во присуство на овластено лице кое за вратениот производ издава сторна сметка.

Кај специјалните нарачки со уплатата купувачот ја потврдува точноста и исправноста на нарачката која е направена по негово барање и параметри. Купувачот е запознаен и согласен дека за ваквите нарачки не е возможна замена, менување или откажување на нарачката во било која форма или рок.
Специјални нарачки се сите оние нарачки за кој купувачот дава посебни мерки и други напатсвија за количината, димензиите, типот и дезенот на производот (прозори, врати, тонирање бои и слично)

Препораките и советите за производите или изведбата/монтажата се од информативен и необврзувачки карактер и се издаваат по барање на купувачите со цел олеснување и завршување на потребната работа.
Роковите,цените и начинот на работа клиентот ги договара одделно со овластените монтери или приватно ангажирани изведувачи кој одговораат за изведената работа. Пред инсталација прочитајте ги упатствата од производителот и консултирајте се со стручно лице . Ројал Инвест не врши изведба и монтажа на нарачаната роба и не одговара за правилна инсталација и одржување на истата.