
Брза и лесна изведба, едноставни форми, лесни решениа безброј можности и идеи... Гипс картон облогите се покажаа како одлично решение за вашиот дом и деловен простор овозможувајќи лесно моделирање и комбинирање на просторот во кој живееме и работиме.
Дури и технички комплицираните решенија повеќе не се проблем, додека можностите за креативно обликување се речиси бесконечни, делови од таванот може да се изработуваат според сопствените желби и да се применат во многубројни варјации. Гипс Картонот може лесно да се сече и обработува со што се овозможува лесно вградување на електрична, водоводна и др тип на инсталација, која нема да биде видлива.
Како алтернатива за класичните масивни ѕидови се изработуваат ѕидови од гипскартон облоги. Плочите лесно се прилагодуваат на структурата на објектот и пружаат одлична топлотна и звучна изолација во комбинација со стаклената и камената волна.
-5% попуст за сметка над 30.000ден

Гипс табла 12.5мм (1.2 х 2.0м)
Гипс табла од производителот Norgips

Гипс табла 9.5мм (1.2 х 2.0м)
Гипс табла од производителот Norgips

Гипс табла водоотпорна 12.5мм (1.2 х 2.0м)
Гипс табла со водоотпорен картон

Гипс табла огноотпорна 12.5мм (1.2 х 2.0м)
Гипс табла со огноотпорен картон

УД профил 27/27 3М
Профил достапен во 3м. Дебелина на профил 0.58mm. Се користи за конструкција за ѕидни облоги, плафони, мали опшивки. Кај ѕидни облоги се поставува хоризонтално по должина на подниот и таванскиот дел со дихтун трака.

ЦД профил 27/60
Вертикален профил достапен во 3м и 4м. Дебелина на профил 0.58mm. Се вметнува во веќе постоечкитеот УД профил. За конструкција за ѕидни облоги и за плафони. Кај ѕидни облоги се поставува на 60cm.
180ден/3м профил
240ден/4м профил

ЦВ профил 3м
Вертикален профил за преградни ѕидови. Достапно во широчини од 50/75/100мм. Должина на профил 3м. Дебелина на профил 0.58мм. Се вметнува во веќе поставениот УВ профил на 60cm.
220ден/профил 50mm /3m
250ден/профил 75mm /3m
290ден/профил 100mm /3m

UW профил 4м
Хоризонтален профил за преградни ѕидови. Се поставува по должина на подот и ѕидот со дихтун трака. Достапно во широчини од 50/75/100мм. Должина на профил 4м. Дебелина на профил 0.58мм.
230ден/профил 50mm /4m
270ден/профил 75mm /4m
340ден/профил 100mm /4m

Дихтун трака за гипс програма
Самолеплива трајно еластична трака од Кнауф која се поставува на сите контакти делови на У профилите. Се постигнува звучна и топлинска изолација.
Трака 3cm 350ден/30м
Трака 5cm 480ден/30м
Трака 7cm 690ден/30м
Трака 9.5cm 890ден/30м

Бандаж трака
Самолпеплива бандаж трака со ширина 5цм. Се поставува на сите споеви на две гипс плочи. Спречува појава на пукнатини. После поставување се премачкува со Фугенфилер. Може да се користи и за санирање на ѕидни површини.
45м трака 80ден
90м трака 150ден

Радикол 30кг
Радикол или Perlfix е лепак за гипс плочи од производителот Knauf. Моќно лепење за сите рапави цврсти површини. Потрошувачка 6м2со една вреќа зависно од подлогата колку е рамна. Може да се користи и за лепење стиропор, камена волна и сл.

Фугенфилер 5кг
FUGENFÜLLER од производителот Кнауф е гипсана-глет смеса која се нанесува за исполна на споевите и ивиците кај гипс таблите во комбинација со бандаж траката. Се користи и за обработка на коси и полукружни ивици. Се формира армиран слој кој не дозволува појава на пукнатини. Може да се користи и за санирање на оштетување кај гипс.

Лајсна метална за ќош
Алуминиумска нерѓосувачка лајсна која се поставува за заштита на ќошевите при поставување на гипс картон. Се поставува пред глетовање. Ширина на страни 2cm x 2cm.

Директен држач 125мм
Дистанцер однсно држач кој се поврзува со ЦД профилот при изработка на ѕидни облоги или тавански конструкции со мало дистанцирање. Димензија 60х125мм. Дебелина 0.8мм.

Штраф за гипс картон
Штрафови за штрафење на гипс картон со дрво. Достапни во различни димензии.
25мм 250ден/кут.1000ком
35мм 390ден/кут. 1000ком
45мм 225ден/кут. 500ком
55мм 277ден/кут. 500ком
75мм 480ден/кут. 500ком

Типла штраф за гипс конструкција
Типли за прицврстување на профилите за плафон или ѕид направени од бетон,сипорекс,цигла...
К6/4cm 200ден/кут. 100ком
Л8/8cm 225ден/кут. 50ком
К8/10cm 450ден/кут. 50ком

Анкер-сидро држач 170мм
За прицврстување на Цд профилите за дрвени греди при изработка на плафони. Носивост 25кг. 60/27/170мм димензија

Продолжеток за ЦД
Продолжеток за наставување на ЦД профил каде е тоа потребно. Димензии 60/27мм

Рихтер држач
За изработка на спуштени плафони. Држач за жиците за спуштање. Носивост 25кг. 60/27мм

Жици со увце
Жица со увце кој се врзува за рихтер држачот и ЦД профилот од една страна а потоа со гипс картонот со штрафови и типли од другата страна. Служи за нивелирање и изработка на спуштени плафони.
25cm 6ден
37cm 7ден
50cm 10ден
75cm 15ден
100cm 18ден
125cm 21ден
150cm 22ден

Крстеста спојка за CD
За спојување на монтажен и носечки ЦД профил. Носивост 40кг.

Еластична типла за гипс картон
Еластична типла-жаба за гипс картон

Спирална типла за гипс картон
Пластична спирална типла за гипс картон

ПВЦ завршна лајсна 2.5м
За споеви и завршетоци кај гипс таблите.

Бесплатна испорака за Скопје и околината за сметки над 10.000 ден. Доплата 500 ден за сметки под 10.000 ден. Испорака по договор за Македонија за големи количини.

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.