
Дајте им живот на вашите ѕидови, изберете една од многуте нијанси што ги нудиме. Обојте ги вашите простории и дајте им нов изглед. Компјутерски нијансираните внатрешни поликолори се со врвен квалитет, отпорни на влијанија, еколошки и безбедни по човековото здравје. За секоја внатрешна и надворешна боја можно е тонирање според вашите желби во плаета од 1700 нијанси.

Прајмер В подлога Адинг
Oсновна акрилна подлога импрегнатор за ѕидни површини, се користи за подготовка на стари и нови површини пред бојадисување
Се разредува со вода во сооднос 1:4. Потрошувачка за 1л 4-7м2

Глет Маса Биофиниш 25кг
Глет маса за внатрешна употреба, на база на вар. Потрошувачка: ca. 1,0kg/m2 по милиметар Се извлекува на нула. Исклучително лесно се обработува. Одлично исполнува.

Глет Маса 20кг Адинг
Глет маса од производителот Адинг Смеса за израмнување (глетување) на внатрешни ѕидни и плафонски површини малтерисани или изведени од бетон, гипскартон и сл.
Потрошувачка за слој од 1mm - 1.25 kg/m²

Адинг поликолор
Боја изработена врз база на водени дисперзии. Се применува за завршна обработка на внатрешни ѕидни и плафонски површини. Се карактеризира изразена бела боја и бактериолошка отпорност и способност за покривање големи површини. Потрошувачка 2 0,35 - 0,45 kg/m2

Поликолор Bekament
поликолор Bekament внатрешна класична боја за ѕидни и тавански површини, се разредува со вода 10%.
Потрошувачка 12м2/l. Погоден за гипс картон, малтерисани површини. Можност за тонирање во многу бои.

Исомат поликолор Classic
Исомат боја за внатрешни ѕидови, висока покривност, отпорна на стареење и валкање. Лесна обработливост и нанесување. Мат изглед. Можност за тонирање во огромен избор на бои. Подобри карактеристики и отпорност од класичните поликолори. Потрошувачка 12m2/l во еден слој.

Фасадна боја АдингФас
Премиум акрилна фасадна боја, отпорна на влага и екстремни надворешни влијанија. Парапропусна боја што овозможува "дишење" на ѕидовите. Одлична покривност и мат изглед. Можност за тонирање во голем број на нијанси. Се користи и како внатрешна боја отпорна на мувла,влага и нечистотии. Потрошувачка за два слоја 1л=2м2
25кг - 2400ден
5кг- 540ден
1кг - 150ден

Боја за бетон Nevena 1кг
Боја за бетон, акрилна растворлива во вода, боја со голема покриеност за заштита и декорација на бетонски површини.
Отпорен на абење, УВ стабилен, издржлив и лесен за нанесување. Достапна во сива,бела,темно кафена и сатинобер боја

Минерелен Абриф 25кг
Минерален завршен малтер за обработка на внатрешни и надворешни ѕидови. Доколку се нанесува на надворешни ѕидови, задолжително се премачкува со фасадна боја.Потрошувачка 10м2 со една вреќа. Достапен во гранулации од 1мм 1,5мм(мазен) и 2мм

Прајмер за фасадна боја
Концетрат акрилен прајмер на водена база за акрилни и други бои. Погоден за внатрешни и надворешни ѕидови. Обезбедува висока лепливост и пенетрација на површината. Задолжителен пред нанесување на фасадна боја при изработка на фасадни системи. Се нанесува пред нанесување на фасадната боја.
Потрошувачка 1л за 15м2

Боја отпорна на мувла
MAXIDIS F е внатрешна, водоотпорна, акрилна боја, високо отпорна на габи и мувла со извонредна покривност, белина, пропустливост на пареа и отпорност на влажно чистење.Потрошувачка 12m2/l за еден слој. 230ден/0,65Л
720ден/3л
3200ден/15л

Средство за чистење мувла 500мл
MAXICID Standard е премаз со специјални фунгициди и алгициди. Се користи за уништување на ѕидни алги и мувла на внатрешни ѕидни површини. Дејствува против најчестите видови на ѕидни алги и калапи, а зелените ѕидни алги по третманот со MAXICID Standard целосно се губат.

Бесплатна испорака за сите градови во Македонија за сметки над 10.000 ден. Доплата на карго за сметки под 10.000 ден.

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.