Најчести прашања-Фасади

Како да пресметам цена?+

Дали имате работна рака?+

Дали имате превоз?+

Ако ми остане материјал?+

Да дојде некој да види?+

Тонирање?+

Како се плаќа?+

Топлина во зима и свежина во лето, термофасадните системи гарантираат удобно живеење и при најекстремните температури истовремено овозожувајќи значителна заштеда на се повисоките енергетски сметки, заштеда која за период од 3 - 5 години во зависност од објектот ја враќа вложената инвестиција. Термо фасадата се нанесува лесно и брзо и е составена од неколку фазни елементи приложени подоле по редослед на нанесување.

*За совети за изолациите видете тука

 Пресметката е нормативна по зададените критериуми од произовдителот и истата може да варира на секој објект индивидуално.

 

 Материјалите посебно :


Врска У 

Врска У - се премачкува површината на која се нанесува фасадниот систем(цигла ,малтер , бетон...), ја подобрува лепливоста, отпорноста на влага и ја прочистува површината од нечистотии. Задолжителен при нерамни или постари површини како и при изработка на фасадни системи.
 

Цена
200ден/кг 950ден/5кг
Лепак за стиропор Адинг

За лепење на стиропор при изработка на термоизолационите фасади.Одлична атхезија, одлична јакост на притисок, еластичен ,Едноставен за приготвување и изведба .Економичен и најдобар сооднос цена/квалитет. Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа 25кг

Цена
340ден/25кг
Фасаден стиропор Усјепор 5цм

Фасаден стиропор се лепи со лепакот за стиропор или со пурпената, по потреба се фиксира со додадтни пластични типли. Препорачан тип на стиропор за фасада, е минимум 5цм дебелина со густина 15кг/м3. Поголема дебелина на стиропор значи и поголема изолација.

За сите цени на стиропорот кликнете  ТУКА 
 

Цена
155 ден/м2
Лепак бел за рабицирање

Лепило за рабицирање (глетување) на плочи од стиропор, екстрадиран полистирен и пресувана минерална волна. Водоотпорен, Одлична јакост на притисок, Одлична јакост на свиткување - еластичен.
Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа 25кг.

Цена
370ден/25кг
 
 
 
 
Стаклена фасадна мрежа 145гр

Стакленаа фасадна мрежа се нанесува по фиксирање на стиропорот, има за задача да оневозможи пукање и ронење на завршните малтери. Има за цел да се оневозможи пукање и ронење на завршниот малтер.
Задолжително дијагонално армирање на сите ќошеви кај врати, прозори и сл. Задолжителен преклоп.
 

Цена
Цена 35ден/м2
Фасадна грунд подлога

Фасадната подлога, прави хемиска врзивна реакција помеѓу лепакот и завршниот слој на акрилниот малтер и задолжително се нанесува пред изработката на завршниот слој. Густ акрилен прајмер која значително ја подобрува рапавоста на подлогата. Потрошувачка 0.25kg/m².

Цена
2.150ден/25кг 520ден/5кг
Завршни малтери

Одберете релјеф и боја по ваш избор од широката лепеза на пластичните малтери. Акрилните малтери се одликуваат со долгорочност и неменливост на бојата. Водоодбивност и отпорност на атмосферски влијанија и УВ зрачење. Голема предност е и лесното одржување кое може да биде и обично чистење со вода. Потрошувачка 7-8м2 со една канта.

Цена
1.480ден/25кг
Лајсни за фасада 2,5м1

Лајсна со мрежичка за агли, за армирање и зацврстување на аглите при изработка на фасади и други градежни зафати со стиропор. Ги заштитува аглите од напукнување и ронење. Задолжителна примена кај фасадите на сите ивици. Кај прозорците се користи окапна лајсна.

Лајсната е со димензија од 2,5м1 должина, ширина на мрежата е 20cm

Цена
Цена 50ден

Материјали за тервол фасади:


 

Фасаден Тервол

5 см / 130кг - 475ден /м2

10см / 110кг - 860 ден / м2

10см / 130кг - 950 ден / м2

*производ по нарачка

Лепак за тервол

Еднокомпонентно лепило за лепење и глетување на плочи од стиропор,
екстрадиран полистирен и пресувана минерална волна. Се користи при
изработка на термоизолациските фасадни системи.

Цена
420 ден/25кг
Лепак бел за рабицирање

Лепило за рабицирање (глетување) на плочи од стиропор, екстрадиран полистирен и пресувана минерална волна. Водоотпорен, Одлична јакост на притисок, Одлична јакост на свиткување - еластичен.
Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа 25кг.

Цена
370ден/25кг

Наскоро - Силиконски малтер


Разно материјали за фасада

Почетна лајсна за фасада

Почетна лајсна од алуминиум за стиропорот, која се поставува како основа и се поставува со штрафење во самиот ѕид.  


290ден/5cm 2м
300ден/8cm 2м
300ден/10cm 2м

Типли за стирпор

Типлите се користат за прицврстување на стиропорните табли. За различни дебелини на стиропор се произведуваат различни големини. При дијагонала над 8м, и за стиропори над 8cm, типлите се задолжителни.

4,5ден/12cm  
5,5ден/16cm    
7ден/20cm

 

Лајсна окапна за стиропор

Окапна лајсна за монтажа на стиропор кај прозорите и балконите. Формира двојна ивица и спречува протекување на вода и оштетување на фасадата.

Цена
150ден/2.5м
Минерелен Абриф 25кг

Минерален завршен малтер за обработка на внатрешни и надворешни ѕидови. Доколку се нанесува на надворешни ѕидови, задолжително се премачкува со фасадна боја.Потрошувачка 10м2 со една вреќа. Достапен во гранулации од 1мм 1,5мм(мазен) и 2мм

Цена
390 ден

 

Бетоноконтакт Адинг

Подлога која се употребува како прајмер и стабилизатор на подлоги, за подобрување и изедначување на порозноста, како и за остварување подобра врска меѓу подлогата и новиот слој. Се користи пред малтерисување и при лепење на плочки, фасада и сл. Се вградува (аплицира) без претходна подготовка на производот.

Цена
320ден/4л 1250ден/20л
Фасадна боја АдингФас

Премиум акрилна фасадна боја, отпорна на влага и екстремни надворешни влијанија. Парапропусна боја што овозможува "дишење" на ѕидовите. Одлична покривност и мат изглед. Можност за тонирање во голем број на  нијанси. Се користи и како внатрешна боја отпорна на мувла,влага и нечистотии. Потрошувачка за два слоја 1л=2м2
25кг - 2400ден
5кг- 540ден 
1кг - 150ден

Прајмер за фасадна боја

Концетрат акрилен прајмер на водена база за акрилни и други бои. Погоден за внатрешни и надворешни ѕидови. Обезбедува висока лепливост и пенетрација на површината. Задолжителен пред нанесување на фасадна боја при изработка на фасадни системи. Се нанесува пред нанесување на фасадната боја.
Потрошувачка 1л за 15м2

Цена
900ден/5lit    250ден/1л
Премиум Акрилен Фасаден Малтер

Висококвалитетен премиум Акрилн малтер кој се одликуваат со долгорочност и неменливост на бојата. Отпорност на атмосферски влијанија и УВ зрачење. Висока еластичност со што се спречува појава на пукнатини, висока водоодбивност и парапропусност, висококвалитетни адитиви и влакна

Потрошувачка 10м2 со една канта.

Цена
1850ден/25кг
Спирална типла за стиропор

Се користи за штрафење на стиропор и стиродур. Посебно погодна за монтажи на стиропор/стиродур на тавански делови. 8цм

Цена
100ден/7ком
Пластична капа

Капа пластична за штрафење на стиропор или стиродур. Посебно погодна за монтажи на стиропор/стиродур на тавански делови.

Цена
2.5ден
 
 

 

Тонирање бои и малтери

Завршниот малтер може да биде тониран во многубројните нијанси и тонови достапни за тонирање од програмата на ISOMAT. Исто така и фасадната боја може да биде тонирана во стотици нијанси. Фасадните бои и малтери се долготрајни и отпорни на надворешни влијанија и се тонираат машински по фабрички дефинирани рецептури. 

 


Кулир пласт
Место завршниот малтер може да се употреби кулир пласт за декоративен ефект но и заштитен ефект бидејќи овој вид на комбинација на смола со камен дава изворедна заштита. Подрачјата како цоклето, темелите и други делови можат да бидат обработени со овој завршен слој.

 

Канта 25кг цена 2190 ден(1канта/5м2)