Блокови-најчести прашања
Дали имате превоз?+
Превозот за сипорекс блоковите е возможен само за Скопје. Истиот е бесплатен за сметка над 10.000ден.
Ако сметката е од 3.000ден до 10.000ден, доплата од 500ден за превоз.
За надвор од Скопје превоз може да се организира само за шлеперски количини со ваш истовар. Цените и условите во тој случај се договараат дополнително.
Зашто сипорекс блоковите?+
Сипорекс блокови со димензии на блоковите: должина 62.5 cm и висина 25 cm. Овие димензии се еднакви за сите блокови. Променлива е само нивната дебелина во границите од 5 до 20 cm. За ѕидање на 1m2 секогаш се потребни 6.4 блокови, независно од дебелината. 10-15cm се користат за ѕидање на преградни ѕидови додека 20cm се за градба, помалите блокови се погодни за ситни зафати како за подѕидување на шанкови,кади,постоља и тн.
Сипорекс блоковите во однос на традиционалните блокови имаат многу предности:
- мала тежина - 2 пати полесен од традиционалната градба,ова се должи на структурата на сипорекс блоковите,каде само 20% од волуменот преставува полна маса,останатите 80% се пори поради кој сипорекс блоковите имаат и големата топлотна изолација
- топлотна изолација - Познато е дека воздухот во мирување т.е воздухот затворен во мали ќелии е најголем изолатор,а составот на сипорекс блоковите е гас бетон од кој 20% е полна маса останатите 80% се пори кој ги прават сипорекс блоковите 9 пати подобри изолатори од бетонот,3.5 пати подобри изолатори од керамичките цигли и 3 пати подобри изолатори од тулите.
- звучна изолација - ова својство ги прави сипорекс блоковите идеални за преградни зидови,како за пример преграден зид од дебелина 15цм дава звучна изолација од Rw = 41 dB кој ги задоволува најстрогите критериуми за преградни зидови.
- парапропусност - околу 5 пати од онаа на обичниот малтер поради која зидот диши и апсорбирајќи го вишокот влага во просторијата и спротивно.
- цврстина - класи на отпорност Б2.5 и Б5 кои му овозможуваат да биде користен како носив конструктивен материјал за зидови.
- лесна обработка - Сипорекс блоковите можат да се сечат,коваат,лепат и дупчат. На самото лице место блоковите можат да се приспособат со најосновниот алат како што налага ситуацијата.Во самите блокови можат да се длабат канали,да се порабуват и да се прават отвори.
Што ако има крш?+
Се работи за роба составена од керамика,глина,бетон која неможе секое парче да биде во идеална форма и крш до 5% од вкупната нарачка се смета за нормален. Секако ако имате крш над 5% од робата, се прави рекламација и се заменуваат блоковите.
Рекламирање е можно само на лице место односно при достава на материјалите или при самото подигање од кај нас. Рекламации отпосле достава или подигање од кај нас, не се прифаќаат поради што неможеме да бидеме одговорни за понатамошното ракување и складирање на материјалот.

Сипорекс блок
Димензија на блок 62cm x25cm
6.4ком во м2
Дебелини:
5cm = 90ден/парче
10cm = 120 ден/парче
12.5cm = 145ден/парче
15cm = 175ден/парче
20cm = 235ден/парче
-10% попуст за цела палета подигната од магацин!

Лепак за Сипорекс
Градежно лепило за проботен блокови.
Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа

Полна тула
намена: ѕидање и опшивки на оџаци, пополнување, ѕидови и друго.
64 парчиња/м2

Гитер мазен
Мазна тула црвена која може да се користи за повеќе намени како за фасаден ѕид, подзидување, декорација и слично . 55ком/м2. Производство Грција.
64 парчиња/м2

Блок оџак Кб2
Блок оџак кој се користи за вентилација или изведување на оџак.
5 парчиња во м1

Блок оџак приклучок
намена: за приклучок на грејно тело.

Блок оџак ф180
намена: ѕидање класичен оџак со опшивка.
3 парчиња во м1

Блок оџак ф250
намена: ѕидање класичен оџак со опшивка.
3 парчиња во м1

Пакован ситен песок
Градежен сепариран песок за малтерисување

Стиропорни перли
Гранули од стиропор за најразлични намени, Може да се користи за во кошулици или други подрачја за зголемување на термо својствата. Се продаваат во вреќи од 16кг

Стаклени влакна
Стаклени влакна за армирање на кошулици. 910gr се доволни за 1м3 бетон.

Бетоно-мешалка LIV 130
Добро проверените бетономешалки од словенечкиот производител Лив. 2 години гаранција. Се чисти со Бетонрид.

Градежна количка
Издржливи направени од дебелоѕиден лим, уште еден квалитетен производ од Лимекс Хрватска.
Тркало резервно со бандаж = 1.040ден

Градежен најлон
Се употребува кај кошулици, кровови, темели и слично. 5 м2/ кг.

Готов Бетон Б20
Готов Бетон со висока јакост и голема отпорност. Само се додава вода. За секакви изведби и санации на бетон. Подобен и за столбови, серклажи, надвратници, АБ плочи и слично.

Готов малтер 30кг
Мешавина од цемент, песок и вар, идеален за малтерисување, израмнување и потполнување. Практичен и лесен за употреба.

Готов бетон ММ50
Готов малтер за ѕидање со висока јакост и врзивост.Погоден за ѕидање на сите керамички, бетонски, тули за носечки или неносечки ѕидови како и за ѕидање на оџаци.

Ексмал
Саморазлевачки, готов малтер на цементна основа за залевање анкери, подлевање лежишта на носачи, огради, клупи, залевање вертикални и хоризонтални отвори во бетонски елементи и конструкции.

ПОДИНГ К / 25КГ
Минерален посип во боја за површинско зајакнување кај механички оптоварени подни површини изведени на цементна основа како што се: паркиралишта, магацини, автосервиси, бензински станици, ладилници, хелиодроми и сл. Се нанесува – втрива врз свежа бетонска подлога во слој 3 - 5mm. Водоотпорен е и отпорен на мраз. Лесен е за изведба и одржување.
ПОТРОШУВАЧКА: 3-4 kg/m²

АДИНГКОЛОР РФ
Боја за подна обработка изработена врз основа на синтетички смоли и растворувачи. Се применува за декоративна и заштитна подна и ѕидна завршна обработка на бетонски, малтерисани и асфалтни површини кај магацини, гаражи, производни погони и сл.
ПОТРОШУВАЧКА за два слоја - 0,5-0,6 kg/m² за три слоја - 0,65-0,8 kg/m²
Најчести прашања - Цемент
Имате ли превоз?+
Превозот за оваа категорија на производи е возможен само за Скопје. Истиот е бесплатен за сметка над 20.000ден. Доплата од 2.000ден за сметка под 20.000ден.
Ако имате потреба од неколку вреќи во комбинација со други материјали(изолации, гипс картон и сл) превозот е безплатен за сметка над 10.000ден.
Дали имате истовар?+
Ако нарачката е над 20.000ден превозот и истоварот е со камион со кран. Истоварот е до самото возило со кран. Треба да има пристап и простор за возилото. За рефуз непалетизирана роба истоварот го прави купувачот.
Песок рефуз?+
Немаме пресок на кубикажа. Само песок пакован во вреќи од околу 50кг. Отприлика 30вреќи прават еден кубик.

Цемент 42,5N
Основата на секоја градба и зафат. Портланд цемент од Цементара Скопје. Стандарден квалитет докажан низ децениите. Сега достапен и во 25кг паковања.
Состав: Портланд цемент со додаток на природна или вештачка позолана. Хидрауличен врзувачки материјал кој се добива од клинкер за цемент "портлант", гипс и најмногу 30% на додатоци.

Усјемал 50kg
Во однос на класичниот начин на ширење при правење малтер, користењето на Усјемал го намалува времето потребно за подготовка на материјалот и количината на употребениот материјал. Нема потреба од варовник при подготовката на малтерот.
Употреба: За внатрешно малтерисување, за надворешно малтерисување, градење, монтирање на елементи.

Бел цемент
Задржувајќи ги својствата на класичниот цемент белиот цемент има една голема предност а тоа е и самото име кажува-тоа што е бел. Чиста мат белина го прави идеален за градежни зафати каде треба да се внимава на естетскиот дел(пример ѕидање на стаклени призми) Сепак негативната страна е тоа што е дупло поскап од сивиот поради процесот на производство, кој бара многу повеќе енергија за производство.