Термоизолациониот материјал „ТермоСтоп“ претставува течна композиција на водена основа, која се состои од исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Главна карактеристика на овој материјал е неговото инзворедно термоизолационо својство, со дебелина од 2мм како и одличен звучен изолатор. Благодарение на своите својства „ТермоСтоп” е идеално решение за изолација која не зафаќа простор и има широка примена како пример станови, купатила, високи површини, цевки, тешко достапни места...
Премачканите површини се трајно заштитени од појава на мувла и габи.
Лесно нанесување со глетарка, четка, ваљак или комресор.

 


Tерволи и фолии

parna_brana_ikona.png
Парна брана

Парната брана се поставува прва од внатрешна страна после гипс таблата,односно врз волната од внатрешна страна со што се спречува навлегување на влага во волната преку кондезацијата која се јавува како хемиска реакција од температурните разлики од греан кон негреан простор.Доколку во волната навлезе дирекно влага или преку кондезација,му ги намалува термоизолаторските својства за 50%.Затоа строго препорачливо е волната што се поставува после гипс таблите да се затвори со парна брана.Парната брана исто се поставува со преклоп од 10цм со специјална трака. Парната брана освем кај кровните конструкции се поставува и секаде каде се поставува волна од греана кон негреана просторија. 

Цена
34 ден/м2
staklena_volna_ikona.png
Стаклена Волна

Стаклената волна тервол се поставува над гипсените табли како втор слој на изолација.Убаво се исполнува просторот ако има можност со повеќе слоеви на волна,и убаво и целосно се затвора со парна брана која се поставува од страната на гипсената табла.  Се произведува од песок и рециклирано стакло,не содржи нафта и хемикалии,што ја прави Еко стаклената волна на Кнауф природен и здрав изолационен материјал, единствен на пазарот. Се употребува за изолација на таванските површини(гипс конструкции) и зидните површини(кај гипс конструкциите) , односно каде е потребно флексибилност и еластичност  на изолациониот материјал, за целосно пополнување на просторот што се изолира.Паковањето е во ролни. Топлотна спроводливост λ=0.042   

Цена
55 ден/м2 5cm

 

kamena_volna_ikona.png
Камена волна

Камената волна тервол се поставува меѓу гредите(роговите), со што се наоѓа во најтоплиот појас и е директно изложена на високи температури.Затоа во овој дел секогаш се поставува камена волна која е постојана и не ги менува својствата и на многу високи температури. Освен големиот коефициент на термоизолација имаат и одлична звучна изолација, долготрајни се, односно со текот на времето не калираат и не го губат волуменот ниту обликот. Безбедни се по здравјето на човекот поради отпорноста на хемикалии и микроорганизми како и негорлив односно огноотпорен материјал. Еден од најголемите плусови на оваа изолација, за разлика од стиропорот е што имаат висок коефициент на парапропусност што значи не предизвикуваат кондезација и влага.

Цена
110 ден/м2 30кг 5cm                                                                  180 ден/м2  125кг 2cm
parapropusna_ikona1.png
Парапропусна фолија

Парапропусната фолија се користи како задолжителен материјал кај кровните конструкции,се вградува под ќерамидата над даската или осб плочите со хефтање или со специјална трака со преклоп од 10цм.Парапропусната фолија служи како изолатор од надворешна влага односно спречува влагата од надворешната средина да продре во кровната конструкција а во исто време ја пропушта кондезираната влага од внатрешна страна, со што се спречува појавата на влага во кровниот дел, што е честа појава кај градбите кај кои место парапропусна фолија,вградено имаат терхартија или најлон, кој ја немаат парапропусната функција. 

 

Цена
52 ден/м2

 

XPS и EPS изолации 

 

Стиропорот е синтетски производ поволен за животната средина кој се произведува со полимеризација на стирен и претставува цврст пенест материјал кој е исполнет со воздух. Иако има многу мала густина, има релативно висока механичка јакост, како и многу ниска топлотна и акустична спроводливост со што е меѓу најдобрите изолатори. Термоизолациониот ефект на стиропор плоча од само 1cm е еднаков на 15cм шуплива тула,на 23cм полна тула или 46cм бетон

Стиропорот исто така има многу ниска апсорпција на вода и висока отпорност на микроорганизми и водена пареа, што му даваат предност во однос на другите материјали за топлинска изолација при употребата во подрачја изложени на влага, не подлежи на гниење(исчезнување), долготраен е и самогаслив(незапалив). Овие карактеристики се должат на специфичниот состав на овој производ, кој содржат 98% заробен воздух и 2% полистирен. Единствен недостаток на стиропорот е неговата паранепропусност односно ,,не дише,,

stiropor_ikona.png
Стиропор

Стиропорот се произведува во повеќе дебелини(од 1cm до 20cm) и густини(од 10kg/m3 до 30kg/m3). Димензија на таблите е 100cm X 50cm. Изолационата моќ на стиропорот во најголемиот дел зависи од неговата дебелина. Постои заблуда дека  повеќе тврдопресован стиропор ќе даде поголема изолација, што е неточно. Стиропор од иста дебелина има скоро иста изолација и кај мекопресованиот и кај тврдопресованиот стиропор. Тврдопресованиот стиропор се применува кај места кој се подложни на механички влијаниа .

1cm 45ден/м2
2cm 52ден/м2
3cm 78ден/м2
5cm 120ден/м2
8cm 190ден/м2
10cm 240ден/м2

ikona_stirodur.png
Стиродур

Стиродурот е исто производ со исти состав како стиропорот, но со многу позбиена структура која го прави цврст, крут и издржлив на силни механички влијанија.Се употребува за изолација на цоклиња,подруми, темели, купатила, подови , испод ламинати и патоси и секаде каде има механички оптеретувања и влијанија.Освем термоизолационите својства има доста висок коефициент на отпорност на влага. Големина на табла 1.2м на 0.6м, достапни со дебелина од 2cm, 3cm и 5 cm(се над 5cm по нарачка).

2cm 115ден/m2
3cm 165ден/m2
5cm 280ден/m2

 

 

ikona_grafit.png
Графитен стиропор

Графитен стиропор е меѓу поновите производи за термо изолација, составот е исти како и кај обичниот стиропор само што разликата е што е додаден графитот од каде ја добива и црно-сивкастата боја.Графитот овозможува одбивање на топлината со што го прави овој производ за 20% поефикасен од обичниот стиропор.Идеално решение за изолација на подрачја каде е битен секој сантиметар затоа што со потенка дебелнина се постигнува иста термоизолација која би ја добиле со подебел стиропор. 

 

2cm 70ден/m2
5cm 155ден/m2 
8cm 245ден/m2 
10cm 310ден/m2


 

Бесплатна испорака за Скопје и околината за сметки над 10.000 ден. Доплата 500 ден за сметки под 10.000 ден. Испорака по договор за Македонија. 

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.  

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.