• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Како се нанесува Термо Стоп

Многу лесно🙂

Термо Стоп е полутечен премаз налик на глет маса или паста. Се нанесува во три слоја откако претходниот е сув на допир. Можете да го нанесете со четка, ваљак или глетарица. За големи површини ваљак, за помалите со четка, за проблематичните со глетарица. За професионалци може да се нанесе и со компресор. Може да се нанесе на скоро секоја површина,  бетон, метал, пластика, стакло, цигла и на скоро сите други индустриски и градежни материјали.

Подготовка на површина

Исчистете ја површината и осигурајте се дека е чиста. Проверете да не има лабилни делови, да не се рони, да не се лупи некој дел од површината. Ако имате таков случај истругајте и одстранете ги тие делови. Површината нема потреба да се грундира. Ако се работи за стари и премногу разронети или нерамни површини, прво санирајте ги за да избегнете голема потрошувачка на Термо Стоп. Сепак не е ефтин 🙂

Подготовка на смеса

Се отвора фабричкото паковање. Материјалот е пакован во пластични канти од 3, 5 и 16 литри.
Се меша со електрична мешалка за боја, не повеќе од 100 – 150 o/min и не повеќе од 5 мин. додека содржината додека не постане хомегена со густина во вид на паста.
Доколку материјалот е многу згуснат (на пример после долго стоење), може да се додаде од 50-120 ml вода на една канта од 16 л материјал 

Нанесување на слоеви

Материјалот се нанесува во три слоеви. Дебелината на еден слој може да биде од 0.3 mm до 0,5 mm. Нанесете го првиот слој. Осигурајте се дека цела површина е покриена. Новиот слој се нанесува после потполно сушење на претходниот слој. Обично тоа е 12-24 часа зависно од температурата и влажноста на воздухот. Пред нанесување на наредниот слој, осигурајте се дека претходнот слој е сув на допир. При нанесување на слоевите, до нивно целосно сушење треба да бидат заштитени од влага, вода и мрзнење.

Запазете

  • Заштите ги околните површини како мебел, подови и слично. Термо Стоп пастата е леплива и лесно можете да ја разнесте а тешко да ја исчисите 🙂
  • Термо Стоп е густа смеса, за да се добие фин естетски изглед, при нанесување на секој слој користете нов ваљак или четка.
  • Доколку површината ви изгледа груба и се познаваат четки, ваљци и нерамнини можете да ја стругнете со шмиргла.
  • Површината нема потреба да ја премачкувате со поликолор или други бои. Сепак доколку сакате, слободно можете.

Разликата е воочлива на прв допир 👍

 

Во овие текстови на најнесебичен и разбирлив начин пробуваме да ви ги решиме вашите прашања и проблеми. Ги знаеме многу добро кој се , зашто 17 години секојдневно ги слушаме😀 Во овие текстови е преточено стручното знаење и 17 годишното искуство на тимот на Ројал Инвест. 
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите позитна оценка на facebook или google 👍

Секако, ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.