• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Најчести прашања за термо фасадите

Фасадата е еден од најголемите топлотни мостови, што значи голем дел од топлината во зима или климатизацијата во лето, се губи преку фасадата. За да се избегнат овие губитоци паметно решение е да се постави термо фасада. Во последниве 15 години има бум на фасадите од стиропор поради лесната монтажа и пристапните цени.

Ние во Ројал Инвест ги продаваме материјалите потребни за термо фасада веќе 15 години и имаме доста искуство во овој дел. За да им помогнеме на муштериите можеме да им предложиме и монтер за фасади што веќе ни е проверен(само за Скопје).

Тогаш, кои се најчестите прашања што ни ги поставувате:

 

*За да прочитате како се изведува фасада кликнете тука.

1.Цена? 🙂

Често ни се лутат кога ќе не прашаат цена од м2 а ние не можеме туку така одма да одговориме. Фасадата не е еден производ за да има цена од м2. Фасадата е градежен зафат од збир на производи и услуги. Цената зависи од повеќе фактори :

  • Дебелината на стиропорот. Колку подебел стиропор, толку повисока цена.

 

  • Колку се рамни ѕидовите. Доколку имаме криви ѕидови ќе се потроши многу лепак за нивно исправање и лепење на стиропорот под васер вага.

 

  • Подлогата. Дали подлогата е малтерисан ѕид или цигла. Многу помалце лепак ќе се потроши на малтерисана подлога од подлога со цигла.

 

  • Бојата. Колку потемна боја толку повисока цена.

 

  • За столбови, симсови, скали и се што не е ѕид, се потрошува повеќе материјал и работната рака е поскапа.

 

  • Скеле. Доколку е потребно скеле за монтажата, тоа се наплаќа плус.

 

Треба да се земат во обзир сите фактори за да може да се дојде до приближна цена од м2, за да испланирате буџет. Точна гарантирана цена, никој не може да даде зашто не може да се предвиди точната потрошувачка на материјал со оглед на многуте варијабили што ги има еден објект. На нашата веб страна (rojalinvest.com.mk/fasadni-sistemi имате табела со пресметка за секоја дебелина на стиропор. Пресметката е орентациона, но е добра основа за да имате претстава и да можете да си испланирате буџет. Секогаш сметајте +10% како резерва од тоа што ќе го предвидите првично.

Бидете внимателни кога некој ви гарантира и се пазари со вас за комплет фасада-клуч на рака. Често вградуваат материјали кои не се по стандард за фасада, на пример лепат со евтини лепаци за плочки, прескокнуваат грундирање, поставуваат минерален абрив и сл. Исто така често ја надувуваат цената за да не испаднат во загуба на крајот. Затоа нашиот модел на материјал од кај нас+препорака на мајстор, е добитен, зашто добивате точно тоа што го плаќате.

2. Работна рака?

Ние како Ројал Инвест немаме изведба и работна рака. Но за да им олесниме на нашите купувачи даваме препорака на мајстори кои ни се сигурни, проверени и препорачани од други муштерии. Сепак ние не можеме да гаранитираме, зашто не се наши вработени и ние не правиме надзор на изведбата. Целото договарање и изведба се прави меѓу муштеријата и мајсторот. Наплатата за работната рака исто така се прави помеѓу мајсторите и муштеријата.

Ние сме одговорни за квалитетот и испораката на материјалот што ќе го платите кај нас. Секако доколку има рекламација правиме се што е во наша моќ да биде решена. Нескромно ќе кажеме дека до сега во 15 години сме имале само неколку рекламации кои се успешно решени.

3. Стиропор или волна?

Често прашање во последно време. Точно дека волната е подобра опција за фасада од аспект на парапропусноста. Термо изолационите својства им се исти. Но волната е неколкукратно поскапа од стиропорот со што се качува цената од м2 за 300%. Сметаме дека сега за сега не се созреани економските услови за фасадите од волна и дека таа голема разлика во цена не вреди само ради парапропусното својство. Точно дека стиропорот има мала парапропусност но се лепи од надворешна страна што му дава на објектот пак да "дише". Исто така ретко се наоѓаат мајстори што знаат прописно да ја изведат фасадата од волна.  Затоа ние ги нудиме само фасади со стиропор.

4. Која дебелина на стиропор? 

Кај термо-изолациите има едно правило: Колку подебело толку подобро🙂 Значи колку подебел стиропор толку подобро, нормално колку ни дозволуваат финансиите. Зависно од тоа каде се наоѓа објектот и климата дебелината на стиропор може да биде од 5cm до 25cm. За Скопје некој оптимум е 10cm дебелина. Исто така зависи од објектот. Едно е да се поставува фасадата на 16cm црвена цигла друго е на сипорекс од 25cm. 

 

*За да прочитате како се изведува фасада кликнете тука.

5. Се фарба со боја дополнително?

Фасадните системи што ги продаваме не се бојадисаат со боја. Последниот слој-акрилниот малтер комјпутерски се тонира по тон карта и со тоа целата структура на малтерот е во боја. Вака се скратува на време во монтажа, го нема додатното боење. Кога структурата е обоена, бојата е многу потрајна и при гребење и оштетување не се познава бела позадина. Многу попрактично и поквалитетно решение од бојадисање посебно. 
 

Доколку ви нудат фасада со боење посебно, имајте предвид дека тоа се фасади со поефтиниот минерален абрив кој се бојадисува со фасадна боја дополнително. Минералниот абрив не е предвиден за надворешна употреба поради големата апсорпција на влага. Минералниот абрив е поефтин од акрилниот неколкукратно, но не е според пропис а и поголемо време се губи во бојадисувањето. Исто така бојата не е ни приближно трајна и квалитетна како кај акрилниот малтер(некој го викаат и пластифициран малтер) Затоа за фасада надворешна ние го нудиме само акрилниот малтер.
Секако и кај акрилниот абрив иако е компјутерски(структурално) боен има можност за пребојување со фасадна боја во случај на корекција, оштетување и сл.

 

6.  Која боја?

Субјективно прашање. Се рекло, за вкусови не се расправа. Но сепак можеме и тука да ве посоветуваме. Фасадата на објектот е голема површина, а големи површини со јаки бои во дизајнот се избегнуваат. За фасадата добро е да се изберат нежни пастални бои кои ги наоѓаме во природата. Тие се смирувачки и пријатни бои.  

Повпечатливи бои можете да употребите за помалите елементи како столбови, цокле, рамки на прозори со цел да дадат некоја длабочина и конструкција на објектот. Но не користете повеќе бои на една фаса, максимално до 3 бои. Користете слични бои, не контра различни. Пример фасадата во беж боја, додека столбовите и рамките на прозорите во темна кафена. 

Исто така избегнувајте многу темни бои за цела фасада, и зашто се драстично поскапи, и зашто со текот на времето има добри шанси да избледнат. Приметете како на темно црните фасади на зградите низ градот се гледа избледување, посебно на страните кои ги пече сонце. Исто така потемните бои впиваат повеќе топлина а со тоа се губи изолаторското својство во лето.

 

*За да прочитате како се изведува фасада кликнете тука.

7. Има голем избор, незнам што да одлучам

Точно дека има преголем избор на материјали за фасада. Има премногу производители на лепаци, неколку на стиропор и се прави забуна кај потрошувачите. Бидете внимателни и купувајте материјали од поголеми брендови што имаат сертификати и тестирани производи. Лепак и малтер може да се произвдеде во секоја гаража, но само фабрика со лабараторија може да го испита и да го гарантира квалитетот.

Ројал Инвест секогаш нуди материјали на проверени и сертифицирани производители кои гарантираат за тоа што го произведуваат. Никако не би дозволиле поради цената или друг наш интерес, да продаваме материјали кои потоа ќе ни донесат незадоволни муштерии, рекламации и главоболки. Поради што фасадата е осетлив и скап зафат, ние секоја година детално анализираме за која програма од кој производител ќе ја продаваме и го бираме производителот кој освем што нуди квалитет, гаранција, сертифицирано производство, туку и најдобра цена, со цел да излеземе со понуда која е најдобра во сооднос цена-квалитет. WIN-WIN  за нас и за муштериите. 

За понудата на фасадни материјали видете тука.

 

*За да прочитате како се изведува фасада кликнете тука.

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Доколку имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.