• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08-15:00 

Како се нанесува Течна Гума

Подготовка

Течната гума како една од најпрактичните хидроиозолации се нанесува во повеќе чекори. Течната гума се нанесува од страната од каде има продор на влага и вода. Најчесто од надворешната страна. Не се нанесува од внатрешната страна зашто влагата и водата ќе си најдат друг пат и ќе избијат на друго место. Посебен мајстор за течната гума нема. Може да ја нанесе било кој мајстор или по вешт домаќин 🙂

Пред да се почне со нанесување на течната гума имајте предвид :

  • Се нанесува при температури над 5°C и не се препорачува да се работи на температури над 35°C и изведба во зимски услови и голема влажност на воздух.
  • Површината добро исчистете ја. Подлогата на која се нанесува  Течна гума мора да биде чиста, и сува со максимална влажност од 8% – 12%
  • Површината проверете ја од ронење и распаѓање
  • Доколку бетонската подлога е испукана, пукнатините треба да се пополнат или целата површина да биде глетована (со лепак за надворешни услови)

 Чекор 1

Грунд течноста се премачкува на површината.Има за цел Да се отпраши, исчисти и зголеми лепливоста на површината. Оставате грундот да исуши 8 часа.
 

 

Чекор 2

По сушење на основата со четка или ваљак се нанесува  (течна гума) – парцијално метар по метар. Погрижете се убаво цела површина да биде покриена. Внимавајте многу дебел слој да не нанесете.

 

Чекор 3

Веднаш на првиот метар додека течната гума е мокра се поставува полиестерско платно за армирање. Осигурајте се дека платното е цврсто поставено врз првиот слој.

 

 

Чекор 4

Врз платното се нанесува уште еден слој  течна гума се додека платното целосно не биде покриено. Значи платоното е во "сенвич" помеѓу двата слоја на течна гума. Оставете да исуши минимум 8часа.

 

4.Финален чекор

Откако претходниот слој е добро исушен и сув на допир се нанесува последен завршен слој на течна гума. 

 

Резултат

Ако се оди во најдобар ред, ќе потрошите околу 16 часа и околу 360ден за м2. Секако тоа многу зависи од површината дали е  рамна, порозноста и вештината на мајсторот 🙂 Добивате конечно решавање на водата и влагата што ве мачеше толку време.

 

Како да купите?

Тоа е најлесниот дел 🙂 Дојдете кај нас во продавница каде нашиот стручен кадар ќе ви објасни и ќе ве насочи што точно да купите. Или пишете ни во порака и ние ќе ви го пратиме по карго.