• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Термо изолација на кровот/таванот

Кога некој ќе не праша од каде попрво да почнам да изолирам, одговорот ни е почнете од таванот/кровот. Зашто?

Највеќе топлински губиток се јавува кај таванот.

Секогаш најбитен ни е топлинскиот губиток во зима, зашто 80% од трошокот за греење/ладење отпаѓа на греењето. Како голема ставка во семејниот буџет од голема важност ни е правилно да изолираме, со цел да не ги фрламе парите во бунар. Кога сме кај греењето, познат ни е законот на физиката кој вика дека топлиот воздух зашто е полесен се крева нагоре, додека ладниот паѓа доле. Од тука не треба да сме експерти и да заклучиме дека ако таванот не ни е изолиран, топлината буквално ќе проаѓа низ него.
Доколку немате добро изолиран таван, како пример таван од малтер и трска,плоча, или пак таван само од гипс табли, топлината буквално ќе поминува низ нив и место да ја топлите собата ќе ги топлите глувците на таванот 😀.

 

Парапропусна изолација

Тука секојдневно гледаме грешки како пример лепење на стиропори и стиродури на таванот, или поставување на пенасти изолации во кровниот простор. Поставувањето на стиропор/стиродур на таванскиот дел дава топлинска изолација и тоа е несомнено, но исто така ја заробува целата влага и пареа во самата соба. Стиропорот/стиродурот имаат нула коефициент на парапропусност, што значи целата паера и влага која се создава од нормалното живеење во едно домаќинство(дишење,готвење,перење) ќе остане заробено во домот и ќе избие во вид на кондезација по ѕидовите и стаклата, а потоа и во мувла. А добро знаеме мувлата колку може да биде штетна. Кога сме тука, за едно од решенијата на мувлата имаме пишувано тука. 

Значи поставување на стиропор,стиродур или најлон на таванските или кровните површини е грешка. 
Стиропорите и стиродурите се за изолација на други места, но не и за тавански/кровни површини.
За изолација на таванот и кровот предвидена е камената и стаклената волна. Во поново време и термо премазите. Зашто? Бидејќи имаат одлични изолаторски коефициенти но и многу битно се парапропусни материјали. . Што значи целата влага и пареа што ја пишавме погоре, на контролиран начин ќе пројде низ нив и таванот и кровот ќе "дишат". Бидете внимателни да не поставите стаклена волна(ролни) во топлиот дел од кровот кој се загрева. За топлиот дел предвидена е камената волна(коцки). Стаклената волна под топло се собира и се намалува изолационото својство. За терволите кој ги нудиме видете тука 

 

 

Фолиите се задолжителни

Ако само се постави камена и стаклена волна сте направиле половична работа. За исправно изолирање на овој критичен дел мора да обрнете повеќе внимание зашто е малце покомплицирано. Мора да се постават и парапропусна фолија и парна брана за изолацијата да биде комплетна и функцинална. Зашто ни се потребни фолиите? Бидејќи:

Спречуваат продирање на вода од протекувања од надвор
Спречуваат насобирање на влага од кондезација во таванскиот и кровниот дел а со тоа појава на мувла и скапување на дрвената конструкција.
Спречуваат нагло ладење на таванскиот дел во зимските месеци, посебно кога има ветрови (неконтролирано проветрување)

мувла во кровна конструкција

Значи без употреба на кровни фолии ќе дојде до верижна непосакувана реакција како појава  влага, конденз, скапување на дрвената конструкција, намалување на изолационите својства на изолацијата, нагло ладење во зимските месеци...се на се голем проблем.

Детално за фолиите имаме пишувано тука

За цените на фолиите што ги нудиме видете тука

Правилен редослед кај кровна конструкција

Гледано од доле редоследот е следен:
 

  1. Парна брана - се поставува под изолацијата од внатрешната страна со преклоп 10-15cm. Лесно затегната на подлога(профил,летва,греда) Види слика  
  2. Стаклена волна - се поставува под роговите и е прв слој на изолација. Доколку има можност се поставува повеќе слоеви. Не се поставува во топлиот дел на кровот.
  3. Камена волна - Се поставува меѓу роговите во повеќе слоеви, колку повеќе слоеви толку подобро.
  4. Парапросуна фолија - Мора да биде поставена почнувајќи од почетокот на кровот, паралелно со надстрешницата, лесно затегната. При поставување мора да се води сметка за минимално преклопување од 10 – 15 см (до обележените линии). Се поставува врз гредите после камената волна(под ќерамидите).

 

 

Правилен редослед кај таван кој не се користи

Доколку пак имате таван кој не се користи, изолацијата е многу едноставна. Наместете што е можно подебел слој на камена волна во комбинација со стаклена волна. Секако направете "сендвич" со фолиите, односно поставете затегнато парна брана пред да почнете со поставување на волната. Поставете парапропусна фолија на крај, над терволите(доколку нема кај роговите поставено веќе) исто така убаво затегнато.  Внимавајте да таблите камена волна бидат наредени едно до друго и да нема простор помеѓу нив за да не се јават топлински мостови. Исто така ако се редат повеќе реда волна нека биде вториот ред вкрстен во однос на првиот со цел да нема топлински мост. 

Изолација на таван кој повремено се користи

Се поставуваат волните со фолиите како погоре што опишавме но со тоа што ќе мора да ставите штафни за потоа врз нив да поставите осб плочи, со цел да можете да газите по нив.  Ем екстра изолација, ем можете да го користите таванот за складирање. Внимавајте не смеете да газите дирекно врз камената или стаклената волна. За осб плочите кој ги нудиме видете тука

 

Изолација со Термо Боја

Најновиот развој на технологии нуди се поедноставни и попрактични решенија. Ние во Ројал Инвест ги пратиме најновите трендови и доколку најдеме производ со цена за нашите плати, а кој е нов и добар, обавезно го ставаме во продажба 😀 Значи имате неизолиран кров, и неизолиран таван низ кој топлината во грејна сезона лета како низ оџак. Цел кров да демонтирате и на ново да правите ➡ не доаѓа во обзир, на таван да се пикате да редите фолии и терволи ➡ некако не сте човек за такви работи, а од помислата за мајстор ➡ црева ви се превртуваат😀

Имаме решение и за тоа. Ќе купите Термо Стоп ќе го премачкате таванот од внатрешна страна(од собата) во три слоја. Секој слој се нанесува после добро исушен претходен слој и имате изолација која е на рамниште како да сте залепиле стиропор, но со висок коефициент на парапропусност. Да ➡ толку едноставно, исчисти ја површината, премачкај во три слоја и сте готови.
Сепак да напоменеме дека овој вид на премачкување ќе ви донесе топлотна изолација и ќе ја спречи топлината да проаѓа низ таванот од собата, но сепак таванскиот дел и кровниот дел ако не ви се изолирани на начините погоре спомнати, имате опасност од појава на верижната реакција кондезација-влага-мувла-гниеж во кровниот дел.

За што е тоа Термо Стоп видете тука

За тоа како се нанесува Термо Стоп видете тука

За цените за Термо Стоп видете тука 

 


Колку би ме чинело?

Изолирањето на кров и таван е малце посложена работа и за да се пресмета точно потребна е посета и премерување на објект. За округло да се пресметате земете ги овие цени по м2(цените се од моментот кога е пишуван текстот) :
За актуелните цени видете тука.


Парна брана 50ден за м2
Стаклена волна 5cm 67ден за м2
Камена волна 164ден 5cm за м2
Парапропусна фолија 55ден за м2
= 336ден за м2 ако се оди со еден слој на стаклена и камена волна. Пожелно е повеќе слоја да се стават па се зголемува цената во зависност од колку слоја од 5cm ќе бидат поставени. Додадете и попратен материјал како траки лепливи за споевите на фолиите, хевталици и слично.

Доколку пак изолирате со термо бојата, пресметката е многу едноставна. Канта од 16л е 6200ден а потрошувачката е 1л за 1м1, значи квадрат со ваква изолација би ве коштала околу 390ден за м2.
 

 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.