• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Како да се ослободите од мувлата - најлесен начин?

Како ТРАЈНО да ја отстраните мувлата од површините?

Ова прашање го добиваме секојдневно, посебно кога е грејна сезона, а ние во Ројал Инвест® продаваме решенија👇

За почеток зашто се јавува мувлата? Мувлата си бара влажна и ладна средина. Ако имате површини што се ладни и влажни, мувлата ќе се равие и ќе ви го загрози здравјето и естетиката на домот. Зашто имаме влажни и ладни површини? Бидејќи имате неизолирани ѕидови/тавани/плочки кој се ладни, и во грејна сезона кога надвор е ладно а внатре греете и е топло, доаѓа до голема температурна разлика помеѓу просторијата во која греете и површината која не сте ја изолирале. Како резултат топлиот воздух кога ќе дојде во допир со ладната површина, се прави кондензација и се појавува влага. И ги имаме двата битни услова за појава на мувла - Ладно и Влажно. Значи мора да го елиминираме првиот фактор кој ја прави цела верижна реакција а тоа е да спречиме површината да биде ладна. Има многу термо изолации и решенија, тука ќе ви презентираме најлесниот и најбрзиот начин да се термо изолира површина, а тоа е премачкување на површините со Термо Стоп кој е термо премаз кој спречува површината да биде ладна. Да почнеме со првиот чекор:

1⃣Најпрво исчистете ја мувлата со средство специјално за таа намена. Спрејот против мувла е средство кое длабински продира во површината и ја чисти темелно мувлата. Бидете внимателни, не секое средство ја чисти темелно мувлата, а ако не се исчисти темелно, мувлата повторно ќе се рашири. Исто така спрејот кој го продаваме нема многу јак мирис како што имаат останатите. По чистење на површината оставете ја да се исуши и проветри подолг период.

За цена за спрејот видете тука

 

 

2⃣Ако има лабилни делови, отсранете ги со шпакла од површината. Нанесете ТЕРМО СТОП-термо премаз во три слоја. Нанесувањето е едноставно со четка/ваљак/шпакла. Пред нанесување на нов слој, претходниот слој треба да е сув на допир(после 4-24 часа).  Потрошувачка на Термо Стоп е 1л/1м2 за трите слоја.

Со нанесување на овој термо премаз добивате термо изолација на површината со што истата повеќе не е ладна. Како резултат на тоа, кондензацијата а со тоа и мувлата ќе бидат минато. Освем оваа придобивка добивате и термо изолација(како да сте залепиле стиропор или гипс картон со тервол) на површината а со тоа и пониски сметки за греење.

За цени за Термо-Стоп видете тука

Напомена: Термо Стоп не е класична хидро-изолација и не е наменета за влага и мувла од протекувања(земја,олуци,подруми,темели,капиларна влага и сл.)

Термо Стоп е термо изолација и е за спречување на кондензација и мувла на ладни површини. Термо премазот ги стоплува површините и не дозволува појава на конденз а со тоа и на мувла.

 

За начинот на нанесување видете го видеото

 

 

3⃣После правилно изведени чекор 1 и 2 кондензацијата и мувлата ќе бидат минато. Но сепак за ваше здравје и квалитет на воздухот регулирајте ја влажноста на воздухот, со кратки проветрувања најмалце два пати дневно и ставање на апсорбер за влага. Внимавајте не секој апсорбер е ефикасен. Апсорберот што го продаваме, во горниот дел се наоѓа хигроскопна сол (калциум-хлорид) која на природен начин ја врзува прекумерната влага од воздухот (кога е релативната влажност на воздухот поголема од 65%).

За цена за аспорберот видете тука

 


Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Имате дополнителни прашања? Слободно пишете ни на контакт формата.