• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Термо изолација

Често ни се случува да не прашаат дали е боја против влага? НЕ, Термо Стоп е ТЕРМО ИЗОЛАЦИЈА. Премачканите површини со термо стоп се топли и добиваат термо изолација, слично како да сте залепиле стиропор или да поставите гипс картон со тервол. Со тоа се спречува појава на кондезација и појава на мувла. Затоа често се помешува како средство против влага 🙂 Коефициентот на топлоспроводливост  λ=0,058,  со само 2 мм премаз. Како за споредба терволот има λ= 0.042 со 5cm дебелина и потреба од гипс конструкција.

 

Премаз

Термо Стоп е во полутечна состојба, односно е премаз. Нешто слично на глет маса. 

Стручно поимање : Термоизолациониот материјал „ТермоСтоп“ претставува течна композиција на водена основа, која се состои од синтетички каучук, акрилен полимер и неоргански пигменти, во чија структура се вградени вакумирани керамички микросфери и празни силиконски сфери. Оваа исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен.

На кратко премаз со микросфери од заробен воздух со рефлектирачка особина.

Рефлектира

Термоизолационото својство доаѓа од неговото рефлектирачко својство. Во зима ги спречува топлите зраци од греењето да поминат низ ѕидот, а во лето не го пропушта ладниот воздух од клима уредите. Пример ако се премачкаат ѕидови од внатрешна страна, истите нема повеќе да бидат ладни и нема да "влече" ладно. Рефлектност во ултра-виолетови зраци (рефлектира и до 98% UV)

приказ на рефлектирачко својство

Било која површина

Термо Стоп може да се нанесе на било која површина. На бетон, метал, пластика, стакло, цигла и на скоро сите други индустриски и градежни материјали. На ѕидни , тавански, подни, и секакви други површини. Од внатрешна или надворешна страна. Изворедно решение за изолација на тешко достапните места како ќошеви, водоводни и парно цевки, црева за клими и сл. Исто така може да се нанесе на скоро секоја температура однсоно има можност за нанесување на објекти чија температура се движи од  5 C до 150 C.

 

Трајност

Поради големата хомегеност, еластичност, водоотпорност и другите својства „ТермоСтоп” се карактеризира со неговата трајност на експлоатација повеќе од 10 години на отворен и повеќе од 25 години на затворен простор.

Лесно нанесување

Лесно се нанесува со само премачкување со ваљак,четка или глетарица. Видете тука имаме подетално пишувано и имаме снимено видео.

Секако, ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.