• 8МобиленМобилен02/ 5116 700
  • ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 Сабота 08-15:00 

Термо Изолација кај подовите

Подот-местото од каде ни доаѓа највеќе ладно 🥶 Најголемиот виновник за многу реуми😀 Зашто е тоа така? Поради законите на физиката, кој велат дека топлиот воздух е полесен, и тој се крева нагоре, додека ладниот е потежок и тој се спушта надолу. Поради овие закони во зима, највеќе ни студи во нозете, најтопло е на плафонот, и ладно ”држи”  ламинатот/плочките/паркетот. 

конвекција на воздух

 

Изолација кај подовите

По степенот на губиток на топлина, подовите се на 4то место после таванот, ѕидовите и прозорите/вратите. Но тоа не значи дека не треба да се обрне внимание при изолирање на подот. Напротив подот може да биде најголем фактор за дискомфор, односно како што кажавме и погоре колку и да ја затоплувате просторијата, ако подот е ладен, ќе го имате ефектот на ”ладни нозе” и комфорот ќе биде значително намален. Термо изолација на подовите се прави нормално само за подовите на приземје или подови над простории кој не се грејат. Термо Изолација на подовите има смисла само доколку разликата помеѓу површините кој ги дели тој под е над 5C.

Изолација со стиродур во кошулица

Најзастапена метода на изолација е со ставање на стиродур или стиропор, најлон па пота се поставува кошулица. Одма да напоменеме дека стиропорот и најлонот не треба да се употребуваат за овој вид на зафати. Стиропорот има многу мала густина за таков вид на потисно оптеретување. Потисното оптеретување се јавува од големиот пристисок од температурните разлики кој се појавуваат во ладните периоди, од ладното струење од земјата, се провлекува низ темелите и подрумските простории, низ плочата и завршува во вашиот под. Кога ќе поставите стиропор со мала густина ладното ќе си помине низ него како да немате ништо ставено. Исто поради слабата густина најверојатно со текот на времете стиропорните плочи ќе напукнат и ќе се скршат од притисокот и ладното ќе поминува низ нив.
Па кога ќе дојдат муштерии со список од мајсторот кој има пишал да купат 1цм стиропор, па тоа е фрлање пари во ветер, тоа е исто како ништо да не ставате во кошулицата.

Најлонот не се употребува за вакви изолации зашто лесно се кине и гние со тек на време.  Затоа исправно е да се постави пвц парна брана која е со многу поголема отпорност на кинење и е армирана. 

Ок, заклучивме дека стиродурот е исправно решение.
Која дебелина?
Правилото за сите пенасти изолации и изолации од волна е : Колку подебела изолација, толку подобро. Значи колку подебел стиродур толку подобро. Кај нас ради пусти пари, највеќе се поставува од 2цм стиродур. И тоа е ок, но за подови кој имаат под нив подрум, или имаат над нив еден спрат, минимум се поставува 5цм. Кога имате подрум под подот, ладното струење е значително поголемо, бидејќи кога имаме големи температурни разлики во ладните периоди, има голем притисок со што темелите и подрумските простории ”влечат“ ладно од земјата и го пренесуваат на подот. Затоа при градба по стандарди, целите темели и подрумски простории се опшиваат со стиродур. Заклучок, минимум 5цм стиродур за подови во повеќе спратен објект и за подови под кој има подрумски простории.  
Како се поставува?
Се поставува со редење на плочите од стиродур, правење на мало цокле по страна на ѕидовите, убаво постелување на парна брана со преклоп од 10цм и потоа поставување на цеметното млеко. Ние продаваме стиродур од 2/3/5цм видете тука за цени се наоѓаат подоле на страната. Над 5цм може да се порача по порачка.

поставен стиродур пред нанесување на кошулица

Изолација со волна во кошулица

Изолацијата на подовите со волна е актуелна последно време но е  поскапа. Ако стиродур 2цм е околу 2еур од м2, камена волна наменета за под е 3еур од м2. Сепак камената волна има предности:
парапропустност - за разлика од стиродурот, волната е парапропусна и ја имаме регулацијата на влага која може да направи проблем.
негоривост - волната е негорлив материјал и има добри противпожарни карактеристики.
звучна изолација - посебно погодна за згради или каде сакаме да имаме мир од тие под нас 😀 Да не се лажеме, материјалите од еспандирана пена како стиродурите и стиропорите немаат звучна изолација.
Се поставува на ист начин со редење на плочите од камена волна, правење на мало цокле по страна на ѕидовите, убаво постелување на парна брана со преклоп од 10цм и потоа поставување на цеметното млеко. Ние продаваме камена волна од 2цм за под видете тука за цени.

камена волна во кошулица

Изолација со подлоги за ламинат

Термо изолација со подлога за ламинат во вид на XPS подлоги, ролни, филцови колку и да ставаат на паковањата и трговците колку и да рекламираат - НЕ ПОСТОИ. И ние сме трговци, и ние сакаме да продадеме, но без лаги и превари! Филцот од 2мм, подлогата од 5мм, што ги нудиме, скоро и да немаат топлинска изолација. Тие подлоги се ставаат под ламинатот и единствена улога им е звучна изолација и мала корекција на нерамнини. Звучната изолација е во тоа што овие подлоги ја апсорбираат ударната бука која се прави од газење или движење на предмети низ подот. Но неможе материјал кој е на истиот принцип произведен од експандирана пена, EXP или ESP начин, со дебелина од 2мм или 5мм или 1цм да има термо изолација. Затоа не се залажувајте дека со поставување на овие подлоги ќе имате некоја термо изолација. Термо изолацијата требало да се постави порано, кога се правела кошулицата или плочата.

постацени 5мм табли пред ламинат

Изолација при поставување на патос

Со овој начин имате најдобри шанси за топол под. Врз кошулицата/плочата се поставува дрвена конструкција, се полни со камена или стаклена волна,  се исполнува целата висина и простор помеѓу штафните и гредите, се поставува парна брана, и на крај се поставува патосот. Дрвените материјали и камената волна ќе допринесат секогаш подот да е топол. Но оваквите подови имаат маани. Првата е што ваквата изработка на под, значително ќе го подигне нивото на подот и не секогаш е тоа можно, втората  е што е поскапа варијанта од поставување на ламинат, поради материјалот, работната рака и комплексноста. И третата маана е што патосот е многу осетлив материјал на притисок и гребење, и бара често стругање и лакирање.

поставување на стаклена волна пред патос

Изолација без нова кошулица

Ех, најчестото прашање кога муштериите се дојдени за ламинат. Подот ми е мраз, сакам да ставам нов ламинат и да изолирам. За жал имаме малце џокери во ракав за термо изолација на под без менување на кошулица. Но сепак големото искуство и љубопитноста не натерала да најдеме некој решенија. Како што пишавме погоре не се надевајте на подлогите кој се поставуваат под ламинат, тие се тенки и не прават разлика. Значи во ваков случај ни остануваат малце маневри:

  • Поставување на стиродур под ламинат.

Добра термоизолација би добиле, но најтенкиот стиродур е 2цм плус филцот кој се поставува во секој случај, плус ламинатот, подигнувањето на подот ќе биде значително. Треба да се провери дали тоа го дозволува просторот(вратите нивоата помеѓу собите...) Исто така да напоменеме дека според гаранцијата и упствата на производителите на ламинат, под ламинатот може да се стави подлога до макс 5мм, се над тоа како во случајов поставување на стиродур нема да важи гаранцијата и е неисправно. Бидејќи ламинатот е пливачки под, потребно е да биде поставен на рамна и цврста подлога. Стиродурот колку и да е цврст, сепак е пена, и со текот на времето кај пешачките коридори(оние патеки кој ги газите секојдневно) може да попушти и на ламинатот да се јават така наречени фуги помеѓу споевите. И тоа не изгледа баш најдобро. Сепак според досегашното искуство појавата на вакви попуштања и фуги се случува кога кошулицата е нермнана и оштетена.

стиродур под ламинат
  • Поставување на стиропор под ламинатот. НИКАКО. Стиропорот не е за таа намена. Нема густина и освем проблеми нема да добиете ништо друго.
     
  • Лепење на стиродур на подрумскиот таван. ОБАВЕЗНО! Па што сте чекале до сега😀 Лепењето на стиродур на таванот од вашиот подрум ќе направи огромна разлика во изолацијата на подот. Па од таму “влече“ цело ладно. Пак ќе напоменеме, да се залепи стиродур а не стиропор. Поради малата густина на стиропорот, ладното од големиот притисок ке помине низ стиропорот. Лепак за стиродур видете тука. Значи 5ка стиродур, залепете на таванот на подрумот и сте завршиле голема работа.
     
  • Премачкување со ТЕРМО СТОП. Ова е најнова финта кој никој не ја знае. Ја имате честа со тоа што не знаете и сте дошле тука да читате да ја научите😀 Термо Стоп е термо премаз кој со премачкување на 3 раце добивате многу добра термо изолација. Едноставно, пред монтирање на ламинатот, премачкајте ја кошулицата во три слоја со термо стоп и ќе добидете изворедно тенка и добра термо изолација. Не ги заборавајте ќошевите. Врз добро исушените слоеви, поставете филц, па ламинат и сте готови. За цени за термо стоп видете тука а за тоа што е и како се нанесува имаме пишувано тука. Ако имате и подрумски простории, премачкајте ги таваните и горните агли на подрумите исто. Ќе ги спречите големите движења на ладното кон вашиот под.
премачкување на кошулица со термо стоп

Подно греење

 Едното од решенијата е подното греење. Немаме појма од оваа проблематика па затоа ќе пишеме тоа што знаеме, а тоа е дека подното греење е значителна инвестиција, и дека се прави при големо реновирање или градење на објектот. Дали е здраво и тоа не знаеме пошто немаме доктор во фирма 😀 Не се залажувајте со оние фолии што имаат греачи кој се ставале под тепих или ламинат, џабе парите ќе си ги дадете. Подно греење се подразбира целосно професионално решение. Но и да ставите подно греење потребно е добра изолација, дури и повеќе е од потребна, зашто со подното греење не сакате да ја греете кошулицата и плочата нели?

 

Во овие текстови на најнесебичен и разбирлив начин пробуваме да ви ги решиме вашите прашања и проблеми. Ги знаеме многу добро кој се , зашто 17 години секојдневно ги слушаме😀 Во овие текстови е преточено стручното знаење и 17 годишното искуство на тимот на Ројал Инвест. 
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Секако, ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.