• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Решение на капиларна влага

Секој втор ден имаме прашање кое гласи вака : Здраво. Имам влага на ѕидовите, дајте некое средство да премачкам да се спасам🤷‍♂️Драги муштерии, да имавме такво магично средство ние ќе бевме милионери😀

Прво и многу важно, треба да се разграничи влагата дали е од кондензација или од надворешни услови.
Влагата од кондензација е производ на многу влажен воздух(над 60%) кога доаѓа во допир со ладна површина. Ѕидот или површината се наросува и се ствара влага. 
Влагата од надворешни услови е влага предизвикана од надворешни фактори како протекување на некоја цевка, олук, или продор од земјата поради неисправна изолација на темелите и вкопаните ѕидови. За типовите на влага имаме пишувано тука.

Влагата од кондензација се решава многу поедноставно и за тоа имаме пишувано тука. Во принцип треба да се намали влажноста во воздухот со чести секојдневни проветрувања или апсорбери на влага. Но најпрво треба да се термо изолираат површините и ладните мостови за да истите не бидат многу поладни од воздухот. 

Чекори за пристапување кон проблемот

Кога имаме љуштење на ѕидовите,дамки а не е од кондензација, се гледа воочлива влага, тогаш најпрво треба да проверите дали  протекувањето е однадвор односно неисправни олуци, окапници, настрешници кој го навлажнуваат ѕидот-во тој случај санирајте ги со водоотпорен премаз, но доколку оштетувањето е големо и комплицирано викнете лимар. 

Доколку тоа не е случај, проверете ги надворешно ѕидовите да не често се натопуваат од страничен дожд. Чест случај е од ѕидовите посебно оние со фасадни тули или камен е да апсорбираат влага која потоа се манифестира одвнатре. Со текот на времето површината на надворешните ѕидови/тули/камен/ еродира и станува магнет за влага. Тука решението е премачкување од надворешна страна на тие површини со средство за импрегнација во два или три слоја и влагата ќе биде минато. Такво средство продаваме ние видете тука 

Доколку и тоа не е случај, проверете некоја цевка можеби протекува. Проверете дали некоја инсталација проаѓа во близина. Проверката се прави или со копање на ѕидот каде се наоѓа инсталацијата или со повик на специјализирана фирма која без да го допре ѕидот со помош на апаратура го наоѓа протекувањето од цевката. Цевката се санира и тоа е тоа.

средство за импрегнација

Доколку ниеден од горенавдените проблеми не виновникот за влагата а сепак ја има, и сте на приземје, тогаш очигледно е дека влагата "влече" од земја т.е станува збор за капиларна влага.

 Решение на капиларната влага

Решението на капиларната влага за веќе изграден и населен објект е многу комплицирана, скапа и сложена работа🤷‍♀️Затоа секогаш при новоградба осигурајте се изолацијата на темелите и се што е во допир со земјата да биде екстра изолирано.

Уште пред да почнеме да напоменеме : Ние не вршиме изведба. Вршиме продажба на ентериер и градежни материјали меѓу кои и материјалите за изолација. Сликите и насоките се од едукативна природа. Потрошувачката и начинот на изведба зависи од објект до објект. Капиларната влага продира од земјата преку темелите, па се до ѕидовите. Ги уништива ѕидовите, градбата и е многу штетна за здравјето.

ѕид со капиларна влага
Чекор 1: Се откопуваат темелите.

Мора да се откопаат темелите и да се отстрани старата изолација-ако ја има. Отстранување на сите лабилни делови и стругање. Убаво отпрашување и чистење со врска-У.

откопување на темели
Чекор 2: Се санира површината.

Површината се санира и се израмнува. Во случајот е користен лепак за стиропор - водоотпорен Адинг. Може да се користи и цемент, малтер или друг тип на цементен израмнувач. Рамнењето ќе придонесе за исправно нанесување на хидроизолацијата и помала потрошувачка.

 

санирана површина
Чекор 3: Се нанесува хидроизолација.

Се нанесува грунд-подлога и се чека да исуши. Се нанесува течна гума прв слој со натапкување на платно. Веднаш се нанесува втор слој врз платното. Трет слој на течна гума се нанесува врз претходно целосно исушен втор слој. Видете како се нанесува течната гума имаме пишувано тука. 

нанесена течна гума
Чекор 4: Поставување на термо-изолација.

Темелите се еден од најголемите топлински мостови, затоа треба да се термо-изолираат! Врз добро исушената хидроизолацијата, се лепи стиропор со пурпена. Минимум 8cm дебелина. Со пурпената се потполнуваат сите празни простори.

лепење стиропор
Чекор 5: Финиш на термо-изолација

Мора да се заштити стиропорот од гниење и уништување!Врз стрипорот со глетарица се нанесува лепак за мрежа. Во случајот лепак за рабицирање-Адинг. Се поставува рабиц мрежа за фасада и се глетова со лепакот.Се остава добро да исуши.

рабицирање на стиропор
Чекор 6 : Поставување на финална заштита

Крајниот чекор но и многу битен-заштита на хидро и термо изолацијата! Се поставува бубичаста црна мембрана со преклоп минимум од 10cm. Се поставува со испакнатите делови кон ѕидот со цел да се формира воздушен меѓупростор! Оставете добро да исуши.

 
тефонд на темели
Финиш: Вратете ја земјата

Оставете 3 дена добро се да се исуши па затрупајте. Со ваква изолација влагата ќе биде минато на овој ѕид. Нема повеќе студени ѕидови, кондезација и мувла. Трајно решение за идните генерации. Употребените термо и хидро материјали можете да ги видите на нашата страна.

вратена земја на саниран темел

 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Секако ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.