Влага и протекување голема главоболка на секој втор објект во Македонија. Освем што е чест проблем, исто е сложен и тежок за санирање. Затоа при изградба треба да се постави хидроизолацијата исправно за да нема понатака санирање што е 10 пати потешко од правилната почетна изолација.
Влагата може да биде резултат на 3 работи:
Капиларна(од темелите/земјата)
Кондензациона(влага во воздухот која во допир со неизолирани ѕидови кондензира)
Протекување(нисправни доводни и одводни цевки, олуци, кров)
КАПИЛАРНА ВЛАГА
Самото име кажува, овој тип на влага се шири преку каналите и микроскопските простори на ѕидовите и површините. Во секоја земја има вода и влага која ако нема соодветна хидроизолација во темелите и ѕидовите се шири капиларно во објектот. Затоа при изградба на темелите и ѕидовите потребно е да се постави правилно хидроизолација со што би се пресекол контактот земја-објект. Како дополнинтелен чекор при подготовка на бетонот за темели се додава адитив (Хидрофоб) со што бетонот станува водонепропусен заситен, со што е спречено појава на капилари во бетонот.
За санација на капиларна влага на веќе постоечки објект прочитајте тука
За правилна хидроизолација на нов објект при изградба на нови темели видете тука
Кондензациона влага
Кондензационата влага исто е многу чест проблем во домаќинствата, и прави големи забуни кај луѓето. Кондензационата влага не е резултат на продор од надворешен извор на влага или протекување иако некогаш и така се чини поради големите количини на вода и влага што се појавуваат по ѕидовите и таваните. Кондензационата влага е резултат на голема температурна разлика на површината и воздухот со високо ниво на влажност. Пример ладен ѕид во зима 15°C а воздухот во објектот се грее и е 25°C и со влажност од 60%. При судир на овие два елемента со толку голема разлика на температура, влагата во воздухот кондезира на ладната површина и од гасовита состојба се претвора во течна што резултира со вода и влага по ѕидовите, плочките или било која површина.
Но проблемот не завршува тука зашто влагата и ладното се идеални услови за појава на мувла која е штетна за здравјето и исклучително грда.
Решение на кондензационата влага е ТЕРМО ИЗОЛАЦИЈА и доста се прават забуни и муштериите ни бараат хидрозолација да премачкаат. Мора да се термо-изолира површината за да не биде ладна и да го нема тој судир топло-ладно. Исто така мора да се прават чести проветрувања зашто во едно домаќинство литри и литри влага се испушта во воздухот преку дишење, готвење, перење и сл.
Термо изолацијата на ѕидовите и решавањето на мувлата може да се изведе на неколку начини. Видете го нашиот инстаграм пост каде ги има илустрирано решенијата:
За наједноставниот начин за решавање на кондензационата влага видете тука за премачкување со течната термо изолација ТЕРМО СТОП со што на брз и едноставен начин ќе ги стоплите ѕидовите и ќе спречите повторно појава на влага и мувла.
Влага од протекување
Исто чест проблем и многу тежок за откривање. Протекувањето може да биде од цевка доводна или одводна, може да биде од олуци, кровот и слично. Влагата може да ја забележите на ѕидовите и таваните и да мислите дека се работи за кондензациона или капиларна а всушност да протекува некоја цевка вкопана во ѕидот или подот. Откривањето е најбрзо со специјални мерни инструменти кој го откриваат протекувањето. Ваквото откривање го прават специјализирани фирми со специјални апарати. Овој начин чини повеќе(околу 100еур увид) , но е исплатливо со оглед дека нема на тепка да копате по ѕидовите и подот за да го открието протекувањето.
Решените откако ќе го откриете изворот е лесен, се менува проблематичната цевка и се санира површината. Ако протекувањето е од кровот, се наоѓа изворот и со хидроизолациониот премаз кој го продаваме се премачкува на било која површина и се спречува протекувањето.
НАЈВАЖНО при решение на било која од видовите на влага е да се најде изворот и причината, пронаоѓањето на изворот е пола решение!
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Секако ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.