Силикон FAST & EXTREME

Универзално лепило со висока јакост и брзо делување.

Професионално монтажно лепило со исклучителен квалитет направено врз основа на иновативната технологија POWER-BOOST, со брза почетна цврстина на лепилото и извонредни механички својства по стврднувањето. Погодно за скоро сите материјали, отпорно на сите влијанија, издржува поголеми тежини. Прави фиксна цврста врска.

Цена
360ден/290ml
Акрилен силикон

Акрилен силикон од реномираниот словенски производител ТКК на акрилна база кој не нагризува порозни материјали како пр. стиропорот. За пополнување на простор и пукнатини кај прозори, каси, пукнатини на бетон, сипорекс, гипсани табли, ламинатни лајсни и тн. Можност да се префарба.

Цена
90 ден/260ml
Универзален-Санитарен силикон

Санитарен-Универзален силикон на база на ацетат од словенскиот производител ТКК. за пополнување во внатрешни простории. Погоден за пополнување на предели што се под констатна влажност. Решение за пополнување на просторот кај мивалници, туш кабини, санитарии, кујни, ВЦ школки и сл. Не фаќа мувла и габи. Бела и прозирна боја. Флексибилен и растеглив.

Цена
140 ден/280ml
Силикон лепак FLEXIBLE SEAL & BOND

Леплив силикон од словенскиот производител ТКК, погоден за скоро сите материјали во градежништвото како ПВЦ, лим, метал, керамика, бетон, дрво и тн. УВ отпорен и отпорен на надворешни влијанија. Погоден за олуци, лим, кровови, керамиди, бетонски површини и тн. Бел и Сив. Погоден за лепење на ламинатни ПВЦ лајсни.

Цена
300 ден/290ml

 

Силикон монтажен FIX-14

Лепак-Силикон за монтажа за порозни материјали и стиропор

Акрилен дисперзивен монтажен лепак за порозни материјали и стиропор, за лепење на дрво, бетон, керамика, камен, EPS и XPS плочи, како и плочи од гипс картон. Не содржи растворувачи, не протекува и брзо се стега. Отпорен на различни атмосферски влијанија, сончева светлина и стареење.

Цена
140ден/300ml
Силикон-Лепак Bond&Seal

Еластично лепило за заптивање за сите материјали

Професионално еластично лепило и заптивната смеса направена врз основа на иновативната технологија POWER-BOOST со исклучително широк спектар на адхезија на различни материјали и отпорност на мувла. Создава трајно еластична и силна врска отпорна на вибрации и удари. Погоден за внатрешни и надворешни услови.

Цена
300ден/290ml
Силикон за висока температура

Издржлив и до 300° е идеално решение за брза поправка и затнување на отвори и пукнатини кај камини, печки, грејни тела и сл. Спречува ширење на оган, дим и топлина.

Цена
370ден/300ml
Огноотпорен силикон 1200C

За потполнување и полнење на фуги, пукнатини и други поправки каде е потребна огноотпорсност дури и до 1200 степени. Се употребува за поправки кај камини, оџаци, затворање на ќумци, цевки, кај шамот и сл. Може да се нанесува на бетон, цигли, алуминиум, метал, шамот, челик, стакло.

Цена
390ден/300ml

 

 

Пурпена за прозорци и врати

Пена за професионална монтажа на прозори и врати

Еднокомпонентната полиуретанска пена со ниска експанзија е специјално дизајнирана за професионално поставување на прозорци и врати, за лепење и монтирање на разни градежни материјали како што се: прозорски рамки, дрвени скали, прозорски прагови и сл. Се стврднува со помош на влажноста на воздухот и многу малку се шири по нанесувањето.

Цена
350ден/750ml
Пурпена Универзална

Пурпена високоекспандирачка од словенскиот производител ТКК за пополнување на поголеми шуплини. Термо и звучна изолација. Во верзија на пиштолска и рачна.

Цена
250ден/600ml
Пурпена FAST FIXING

Еднокомпонентен полиуретански пурпена лепак со ниска експанзија. Се користи за лепење и фиксирање на разни градежни материјали, како што се дрвени скали, прозорски прагови, изолациски материјали (ЕПС и КСПС плочи од стиропор, OSB плочи, гипс картон). Се стврднува со користење на влага од воздухот.

Цена
330ден/750ml
Пурпена за лепење изолации

Пурпена за фиксирање на термоизолациони панели

Еднокомпонентниот полиуретански лепак со ниска експанзија е специјално дизајниран за лепење на термоизолациони панели (полистирен, камена волна, полиуретан) на градежни површини. Погоден е и за полнење дупки. Висока термоизолациони својства. Рачна и Пиштолска верзија.

Цена
340ден/750ml
Силикон за анкерисување

За цврсто и трајно фиксирање на анкери, штрафови, типли. Двокомпонентен лепак за сигурно и трајно анкерисување на разни предмети во бетон, цигла, малтер, гипс, мермер, камен, гранит...За монтажа на тешки и лесни предмети(радијатори,расвета,ТВ, мебел и сл.)

Цена
250ден/300ml
Пурпена за ѕидање

Пурпена за фиксирање на разни градежни материјали

Еднокомпонентно полиуретанско лепило со ниска експанзија и висока крајна цврстина на врзување е наменето за градење преградни ѕидови (како замена за малтер) и лепење на различни градежни материјали, како дрво, железо. Има добра адхезија на тули, бетон, газобетон, сипорекс, камен, дрво и други градежни и изолациски материјали. Лепилото се стврднува со користење на влага од воздухот и од подлогата.

Цена
330ден/800ml
Пурпена огноотпорна

Пурпена која се користи за потполнување кај различни материјали и ситуации каде што се бара огноотпорност. Идеална за потполнување кај оџаци, ќумци, печки, камини, електрични инсталации, противпожарни скали и врати,  и сл. Освем огноотпорноста се добива и одлична термо и звучна изолација. Одлична адхезија со дрво, сипорекс, бетон, цигли, метал, алуминиум. Класа горивост B1 

Цена
595 ден/750ml
Чистач за пурпени

Чистач за пиштолот и алатот од употреба од пурпената. Значително го зголемува употребниот век на пиштолот за пурпените.

Цена
260 ден
Лепак за дрво

Дисперзивен лепак без растворувачи за лепење дрво, хартија, картон, ткаенини и други порозни материјали. Лепакот е наменет и за лепење на дрво со висока густина во ширина и длабочина, како и за монтажно лепење на дрво со висока густина.

Цена
260ден/500gr
Супер лепак ФИКС 33

Секундарен лепак за брза поправка и лепење на разни видови на материјали.

Цена
50ден/3g
Супер Лепак со активатор

Дво компонетно брзо лепило со активатор. Погоден за фиксирање и порпавка на скоро сите видови на материјали(МДФ, двро, медијапан, пластика, кожа, метал, гипс, бетон) порозни и непорозни материјали. Погодно за вертикални површини. Се нанесува лепилото на површината, се фиксира материјалот во посакуваната положба, па потоа се прска со активаторот кој за 3 секунди прави трајна цврста врска.

Цена
130ден/200ml+50ml
Акрил паркет силикон

Силикон акрилен - Заптивната смеса со одлична адхезија на порозни материјали. Наменет за пополнување на шуплини при поставување на паркет и украсни лајсни. За полнење и запечатување шуплини помеѓу паркет или ламинатен под и помеѓу лајсни и ѕидови, за полнење отвори во дрвени подови. Во повеќе бои. НЕ Е ЗА ЛЕПЕЊЕ! 

Цена
130ден/300ml

 


 

Бесплатна испорака за сите градови во Македонија за сметки над 10.000 ден. Доплата на карго за сметки под 10.000 ден.  

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.   

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.