(бр.1)Парапропусната фолија се користи како задолжителен материјал кај кровните конструкции,се вградува испод ќерамидата над даската или осб плочите со хефтање или со специјална трака со преклоп од 10цм.Парапропусната фолија служи како изолатор од надворешна влага односно спречува влагата од надворешната средина да продре во кровната конструкција а во исто време ја пропушта кондезираната влага од внатрешна страна, со што се спречува појавата на влага во кровниот дел, што е честа појава кај градбите кај кои место парапропусна фолија,вградено е терхартија или најлон кој ја немаат парапропусната функција. цена 45ден/м2

(бр.2)Камената минерална волна се поставува меѓу гредите(роговите), со што се наоѓа во најтоплиот појас и е директно изложена на високи температури.Затоа во овој дел секогаш се поставува камена волна која е постојана и не ги менува својствата и на многу високи температури. цена 99ден/м2

(бр.3)Стаклената волна се поставува над гипсените табли како втор слој на изолација.Убаво се исполнува просторот ако има можност со повеќе слоеви на волна,и убаво и целосно се затвора со парна брана која се поставува од страната на гипсената табла. цена 55ден/м2

(бр,4)Парната брана пак се поставува од внатрешна страна после гипс таблата,односно врз волната од внатрешна страна со што се спречува навлегување на влага во волната преку кондезацијата која се јавува како хемиска реакција од температурните разлики од греан кон негреан простор.Доколку во волната навлезе дирекно влага или преку кондезација,му ги намалува термоизолаторските својства за 50%.Затоа строго препорачливо е волната што се поставува после гипс таблите да се затвори со парна брана.Парната брана исто се поставува со преклоп од 10цм со специјална трака. Парната брана освем кај кровните конструкции се поставува и секаде каде се поставува волна од греана кон негреана просторија. цена 30ден/м2