Најчести прашања-Фасади

Како да пресметам цена?+

Дали имате работна рака?+

Дали имате превоз?+

Ако ми остане материјал?+

Да дојде некој да види?+

Тонирање?+

Како се плаќа?+

Топлина во зима и свежина во лето, термофасадните системи гарантираат удобно живеење и при најекстремните температури истовремено овозожувајќи значителна заштеда на се повисоките енергетски сметки, заштеда која за период од 3 - 5 години во зависност од објектот ја враќа вложената инвестиција. Термо фасадата се нанесува лесно и брзо и е составена од неколку фазни елементи приложени подоле по редослед на нанесување.

*За совети за изолациите видете тука


Пресметката е нормативна по зададените критериуми од произовдителот и потрошувачката на материјал може да варира на секој објект индивидуално.
Пресметката во табелата е со вклучен 5% попуст од редовните цени, што се дава за купување на материјал за цели фасади

Fasada Normativ 5.26

 


АДИНГ ФАСАДЕН СИСТЕМ

Фасадна грунд подлога

Фасадната подлога, прави хемиска врзивна реакција помеѓу лепакот и завршниот слој на акрилниот малтер и задолжително се нанесува пред изработката на завршниот слој. Густ акрилен прајмер која значително ја подобрува рапавоста на подлогата. Потрошувачка 0.25kg/m².

Цена
2.200ден/25кг 550ден/5кг
Лепак за стиропор Адинг

За лепење на стиропор при изработка на термоизолационите фасади.Одлична атхезија, одлична јакост на притисок, еластичен ,Едноставен за приготвување и изведба .Економичен и најдобар сооднос цена/квалитет. Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа 25кг

Цена
360ден/25кг
Лепак бел за рабицирање

Лепило за рабицирање (глетување) на плочи од стиропор, стиродру и пресувана минерална волна. Водоотпорен, Одлична јакост на притисок, Одлична јакост на свиткување - еластичен.
Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа 25кг.

Цена
380ден/25кг
Хидрофас акрилен завршен малтер

Одберете релјеф(1.5 2 зарибан или фул) и боја по ваш избор од широката лепеза на пластичните малтери. Акрилните малтери се одликуваат со долгорочност и неменливост на бојата. Водоодбивност и отпорност на атмосферски влијанија и УВ зрачење. Голема предност е и лесното одржување кое може да биде и обично чистење со вода. Потрошувачка 7-8м2 со една канта.

Цена
1.600ден/25кг
 
 
 
 
Фасаден стиропор 5цм

Фасаден стиропор се лепи со лепакот за стиропор или со пурпената, по потреба се фиксира со додадтни пластични типли. Препорачан тип на стиропор за фасада, е минимум 5цм дебелина со густина 15кг/м3. Поголема дебелина на стиропор значи и поголема изолација.

За сите цени на стиропорот кликнете  ТУКА 
 

Цена
170 ден/м2
Стаклена фасадна мрежа 145гр WURTH

Стакленаа фасадна мрежа WURTH се нанесува по фиксирање на стиропорот, има за задача да оневозможи пукање и ронење на завршните малтери. Има за цел да се оневозможи пукање и ронење на завршниот малтер.
Задолжително дијагонално армирање на сите ќошеви кај врати, прозори и сл. Задолжителен преклоп.
 

Цена
30ден/м2 (на ролна 50м -10% попуст)
Типли за стирпор

Типлите се користат за прицврстување на стиропорните табли. За различни дебелини на стиропор се произведуваат различни големини. При дијагонала над 8м, и за стиропори над 8cm, типлите се задолжителни.

4 ден/12cm
5 ден/14cm  
6 ден/16cm   
10ден/20cm

 

Лајсни за фасада 2,5м1

Лајсна со мрежичка за агли, за армирање и зацврстување на аглите при изработка на фасади и други градежни зафати со стиропор. Ги заштитува аглите од напукнување и ронење. Задолжителна примена кај фасадите на сите ивици. Кај прозорците се користи окапна лајсна.

Лајсната е со димензија од 2,5м1 должина, ширина на мрежата е 20cm

Цена
55ден

 

Материјали за тервол фасади:

 

Силиконски малтер

Малтер на база на силикон со инзворедни карактеристики. Екстремна отпорност на влијанија, стареење и бледеење. Самочистечки ефект, мазната површина не задржува прљаштини. Фасадата е како нова и после десетици години. Потрошувачка 8м2/1канта

Цена
2.700ден/25kg
Лепак за тервол

Лепило за лепење и глетување на плочи од стиропор,
екстрадиран полистирен и пресувана минерална волна. Највисока класа на лепило.

Цена
380ден/25кг
Лепак бел за рабицирање

Лепило за рабицирање (глетување) на плочи од стиропор, стиродру и пресувана минерална волна. Водоотпорен, Одлична јакост на притисок, Одлична јакост на свиткување - еластичен.
Потрошувачка 4-6м2 со една вреќа 25кг.

Цена
380ден/25кг
 

 


Дополнителни материјали за фасада

Хидрофас Кулир мозаик

Декоративен малтер за изработка на кулир фасадна техника. Зрнеста декоративна површина со поголема отпорност на атмосферски и механички влијанија. Се нанесува на истиот начин како и малтерот за фасади-врз лепак и мрежичка. Видете во прилог изборот на техники.

Цена
2,180ден/25кг
Баумит Мозаик

Новитет: Кулир-Мозаик со стакленца. Различен и модерен изглед со дискретно светкање на стакленцата. Производител Баумит.

Со една канта се покриваат околу 5.5м2.

Екстремна отпорност на надворешни влијанија и механички оштетувања. Нема промена на бојата и деформација.
видео

Цена
4.100ден/25кг
Фасадна боја АдингФас

Премиум акрилна фасадна боја, отпорна на влага и екстремни надворешни влијанија. Парапропусна боја што овозможува "дишење" на ѕидовите. Одлична покривност и мат изглед. Можност за тонирање во голем број на  нијанси. Се користи и како внатрешна боја отпорна на мувла,влага и нечистотии. Потрошувачка за два слоја 1л=2м2
25кг - 2400ден
5кг- 540ден 
1кг - 150ден

Минерелен Абриб 25кг

Минерален завршен малтер за обработка на внатрешни и надворешни ѕидови. Доколку се нанесува на надворешни ѕидови, задолжително се премачкува со фасадна боја. Потрошувачка 10м2 со една вреќа. Достапен во гранулации од 1,5мм(мазен) и 2мм

Цена
430 ден

 

Врска У 

Врска У - се премачкува површината на која се нанесува фасадниот систем(цигла ,малтер , бетон...), ја подобрува лепливоста, отпорноста на влага и ја прочистува површината од нечистотии. Задолжителен при нерамни или постари површини како и при изработка на фасадни системи.
 

Цена
225ден/кг 1080ден/5кг
Бетоноконтакт Адинг

Подлога која се употребува како прајмер и стабилизатор на подлоги, за подобрување и изедначување на порозноста, како и за остварување подобра врска меѓу подлогата и новиот слој. Се користи пред малтерисување и при лепење на плочки, фасада и сл. Се вградува (аплицира) без претходна подготовка на производот.

Цена
330ден/4л 1250ден/20л
Апу лајсна 2.4м

Лајсна за профи обработка кај прозорите. 

Цена
130ден
Лајсна окапна за стиропор

Окапна лајсна за монтажа на стиропор кај прозорите и балконите. Формира двојна ивица и спречува протекување на вода и оштетување на фасадата.

Цена
150ден/2.5м
Спирална типла за стиропор

Се користи за штрафење на стиропор и стиродур. Посебно погодна за монтажи на стиропор/стиродур на тавански делови. 8цм

Цена
160ден/10ком
Пластична капа

Капа пластична за штрафење на стиропор или стиродур. Посебно погодна за монтажи на стиропор/стиродур на тавански делови.

Цена
2.5ден
Почетна лајсна за фасада

Почетна лајсна од алуминиум за стиропорот, која се поставува како основа и се поставува со штрафење во самиот ѕид.  


120ден/5cm 2м
320ден/8cm 2м
300ден/10cm 2м

 

 

Тонирање бои и малтери

Завршниот малтер може да биде тониран во многубројните нијанси и тонови достапни за тонирање од програмата на Адинг. Исто така и фасадната боја може да биде тонирана во стотици нијанси. Фасадните бои и малтери се долготрајни и отпорни на надворешни влијанија и се тонираат машински по фабрички дефинирани рецептури.