Да споделиме интересни и корисни факти за еден од најпрактичните производи во градежништвото-ОСБ таблите
Состав: Компресирани дрвени деланки со различна големина од 2.5cm до 15cm распоредени во различни правци компресирани во повеќе слоеви. 95% е дрвена маса додека 5% се користи лепак на база на природна смола![]()
Хаотичниот распоред и димензија на дрвените деланки не е случаен. Со таквиот распоред се добива изворедна цврстина,отпорност и флексибилност на осб таблата![]()
При монтажа на ОСБ таблите задолжително се остава минимум 3mm простор за да може таблата да "работи" при температурни разлики. Нели е 95% дрво а дрвото се шири и стеснува на различни температури![]()
При купување на ОСБ табли проверете кај продавачот дали има ЕУ сертификат и осигурајте се дека е од сертифициран ЕУ производител. Пример ние продаваме ОСБ од германскиот
производител Egger® кај кој се запазени најстрогите ЕУ стандарди. Зашто на ова треба да внимавате? ![]()
Лепакот кој се користи во ОСБ таблите содржи Formaldehid кој кај ЕУ сертифицираните ОСБ табли е во рамките на безбедните количини додека кај несертифицираните може да има опасни по здравјето количини. По монтажа на ОСБ таблите треба да се проветри најмалку 48 часа! ![]()
ОСБ таблите во принцип не се препорачуваат за места кој се подложни на директна изложеност на влага. ОСБ 2 тип на табли, не смеат да бидат во допир со влага и се наменети за внатрешно суво вградување. ОСБ 3 тип на табли може да се користат и за внатрешна и надворешно вградување и умерена изложеност на влага но не под директен контакт со влага. Во редовна продажба и на лагер ги имаме ОСБ 2 типот, додека ОСБ3 и ОСБ со жлебови се продаваат по нарачка за повеќе од 5 табли![]()
ОСБ таблите се применуваат скоро секаде, тавански, кровни, ѕидни, подни облоги но и поради својот природен изглед често пати се применуваат и како декоративен материјал. Може да се премачкаат со транспарентен лак за дрво![]()
За цените и деталите видете тука
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Секако, ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.