• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Парна или паропропусна фолија?

Со децении наназад за кровот се употребуваа терхартиите или некој ги викаа битуменски хартии или покле. Во последниве десет години кај нас, а на запад многу поодамна, за кровни фолии се користат паропропусната фолија и парната брана. Е сега каде се нови па уште два типа ги има. Збунувачки нели 😀 

кров со стара терхартија

Парапропусна фолија

Паропропусната фолија се поставува од горната страна на изолацијата над камената волна. Мора да биде поставена почнувајќи од почетокот на кровот, паралелно со надстрешницата, лесно затегната. При поставување мора да се води сметка за минимално преклопување од 10 – 15 см (до обележените линии). Се поставува врз гредите после камената волна-под ќерамидите. Составена од три слоја од кој два паропропусни и измеѓу еден дифузен слој. Со ваквиот состав има функција да секоја влага и пареа која доаѓа од внатрешниот дел да го пропушти нагоре(надвор) додека цела влага која доаѓа од горната страна да ја стопира. Фолијата е армирана и отпорна на кинење, стареење и гниење. Што не е случај со старите терхартии. Знали фолија ➡ која е јака, пропушта паера ако има во внатрешноста на кровот, додека не пушта влага од надвор. Исто спречува неконтролирано проветрување и продор на ладно во зима во случај на појаки ветрови. Додека овозможува контролирано вентилирање.

парапропусна фолија

Парна брана

Од внатрешна страна најдоле под изолацијата се поставува парна брана или некој ја викаат парна кочница. Трослојна армирана мембрана составена од слој од PP вештачка волна, слој PE мрежаста ткаенина и PE/EVA облога. Ваквиот состав обезбедува некинливост и трајност. Функцијата на парната брана е да спречи неконтролирано и нагло продирање на пареата која се создава од домаќинството(готвење,дишење,сушење,капење) Сепак има функција на мал контролиран природен пропуст на влага и пареа со цел да не го запечати скроз протокот на дифузија и да направи друг проблем а тоа појава на кондезација и мувла во просторијата која се изолира. Доколку ја нема парната брана, пареата нагло ќе навлезе во волната и кровната конструкција и ќе започне верижната реакција на наросување➡влага➡мувла➡скапување➡намалување на изолационите својства на волната. Исто спречува неконтролирано проветрување и продор на ладно во зима во случај на појаки ветрови.

парна брана од одоздоле гледано

SD коефициент

Мерната единица за паропропусност е изразена во SD, колку поголем е коефициентот SD, толку материјалот има поголема отпорност на пропусност и обратно, колку е помал тој коефициент толку е поголема пропусноста. Парната брана што ја нудиме има висок коефициент на отпорност на пареа над 35m, што значи дозирано пушта пареа .Паропропусната фолија што ја нудиме има 0.2m што значи голем коефициент на пропусност.

На што да се внимава

Бидете внимателни при набавка на фолиите. Има многу различни производители. Внимавајте да бидат од сертифицирано производство, парните брани да бидат со SD фактор поголем од 20m, додека паропропусните фолии со  SD фактор помал од 2m. Има мит колку е поголема грамажата дека е поквалитетна фолијата, но тоа не е точно. Грамажата ја означува густината на фолијата и не значи дека е поквалитетна или пофункционална. Грамажата е битна за начинот на монтажа. Кај паропропусните фолии кој се со густина помала од 100гр треба да се избегнува газење и одење врз нив , додека ако при монтажа неопходно е газење врз фолијата, тогаш минимум грамажа треба да биде 125гр или повеќе.

Во Ројал Инвест секогаш внимаваме да нудиме фолии кој се со најдобрни карактеристики но и со оптимална цена. За цените на фолиите што ги нудиме видете тука 

Како да ја поставам?

Секој што купил фолија за прв пат се зачудува како да ја постави. Одговорот е многу логичен и едноставен. Било која фолија се поставува со буквите и логото да гледаат кон тој што ја поставува. Значи кога поставувате паропропусна фолија, буквите и логото свртени према вас, кога поставувате парна брана исто така буквите, линиите и логото свртени према вас. На тој начин фолиите се свртени обратно една од друга за да се постигне ефектот. 
Исто така на самата фолија има и линии каде треба да има преклоп. Внивајате кога се поставуваат фолиите мора да имаат преклоп од минимум 10cm една врз друга и да бидат залепени со леплива квалитента трака со цел да не се одлепат со тек на време и да не се јави процеп. Значи нежно затегнато, без процепи да "дишат"

лого и букви на фолии

Примена

Има заблуда и се мисли дека фолиите се употребуваат само кај кровот. Но тоа не е така. Примарната цел на првата фолија(парната брана) е спречување на неконтролирано и нагло навлегување на влага и пареа во волната и во другата просторија која се изолира, додека на паропропусната фолија да пропушти нанадвор влага и пареа која е веќе навлезена а во исто време да спречи навлегување на влага од надвор кон внатре. Значи примената на овие два типа на фолии е секаде каде имаме изолирање на просторија која е со различни температури. Пример изолација на таван во кој не се живее, кровна конструкција, облога со гипс картон на надворешни ѕидови, подови на приземје и сл. Значи ако имате преграден ѕид кон просторија која ќе биде иста температура, тогаш нема смисла да се ставаат фолиите. Ако имате таван над кој се живее, исто така не се поставуваат. 

парна брана на ѕидови(надворешни)

И парна и паропропусна се поставуваат во исто време

Да и ова го гледаме често. Се купува само паропропусна фолија што е погрешно. За да биде заштитата и ефектот целосен, се поставуваат двата типа фолии. Како што пишавме погоре првата има функција на контролиран мал проток на пареа , додека другата има двојна функција ➡ да пропушти пареа од внатре, но да спречи навлегување на влага од надвор. Одземи една фолија и се е залудно. Влага и кондезација ќе навлезе во волната, со што ќе ја намали изолационото својство за 50% ќе се појави влага и мувла а со тоа и скапување. Се отвара таканаречената влаго дифузна верижна реакција.

За редоследот на поставување и за употребата на овие фолии кај изолациите кај кровните и таванските површини пишувавме детално тука

употреба на фолиите кров

Колку пари?

Во моментот на пишување на овој текст, парната брана е 34ден за м2, но доколку се земе цел котур од 75м2(50м*1.5м) имате -10% попуст, значи 30,6ден за м2. 

Паропропусната фолија е 48ден за м2, но доколку се земе цел котур од 75м2(50м*1.5м) имате -10% попуст, значи 43,2ден за м2. 

Додадете тука и трака леплива која е потребна за лепење на преклопите од 10cm, внимавајте да земете од најквалитетните, кај нас специјалната трака за овој тип на фолии е 1300ден за 50м1.

Имајте на ум дека без овие фолии, камената и стаклената волна имаат до 50% помала ефикасност а да не ги спомнуваме влагата мувлата скапувањето кое кога-тогаш ќе се јави. Значи не гледајте како на додатен трошок тука како "задолжителна" работа и составен дел од целиот зафат за изолација. Подобро не ни почнувајте со зафатот ако не сте спремни и фолиите да ги платите🤷‍♂️

цени на фолии во моментот на пишување на текстот

 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата