• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Термо Стоп како термо и хидроизолација

Знаеме дека Термо Стоп е термо изолација и најчесто се користи за нанесување на ладни ѕидови од внатрешна страна. Но Термо Стоп исто така не пропушта вода со што добивате и хидро изолација што го прави уште попрактичен. Додадете на тоа и дека без проблем издржува надворешни услови(минусни температури и високи темератури, ув зрачење, мрзнење...) и добивате уште поголема примена како хидро и термо изолација за надворешни површини.

Термо Премазот се продава во канти од 3л 5л и 16л. Порошувачката е околу 1л за 1м2 за три слоја. За актуелните цени видете тука
 

Како пример во овој блог ќе ја земеме оваа тераса. Подот е од бетонска плоча и истата продолжува во внатрешноста во домот со што се јавува ладен мост и прави големи топлински загуби и ладен под во внатрешноста. По долги врнежи бетонот ќе се заситеше и вода протекуваше доле. Значи на бетонскиот под на оваа тераса му треба и хидро и термо изолација. 
 

стара бетонска плоча на тераса


Класично решавање би било редење стиродур со кошулица а потоа мачкање хидроизолација. Да најдете мајстори за поставување на кошулица за една тераса е многу тешка работа. Исто така на кошулицата и треба доста време да се исуши(од 3 до 6 недели) бидејќи ако премачкате хидроизолација врз нова кошулица што не е добро исушена, влагата ќе ја заробите и полека но сигурно ќе избие на места каде не посакувате да избие.
Финансиски кога ќе собереме стиродур, кошулица, хидроизолација и работна рака излегува овој начин доста поскап. Значи ако се решаваше подот со кошулица и хидроизолација процесот ќе беше скап, комплициран и долготраен поради неможноста да се најдат мајстори но и чекањето на кошулицата да се исуши а потоа чекање и на самата хидроизолација за сушење. Дополнително како негативност на овој начин ќе изгубите минимум 6цм од висината што може да биде проблем во некои случаи како прагови на врати, сифони, ниски плафони и сл. Згора на се, кошулицата значително тежински ја оптеретува плочата што може да биде проблем на некои места со послаби столбови на терасата.



Поради сево ова горенаведено, место да се поставуви кошулица со изолација, клиентите одлучија да го средат подот со премачкување на Термо премазот во три слоја. Работата ја завршија за 8 часа распоредени во два дена. Премачкувањето го направија самите клиенти без нервозите со мајстори. Па да почнеме :

Како и пред секое премачкување, така и сега мора добро да се исчисти површината и да се одстранат сите лабилни и ронливи делови. Ако има поголеми дупки санирајте ги со готов бетон или самоливна маса.  Во нашиот случај употребивме градежна правосмукалка што е најдобрата опција за чистење. Ако немате ваква правосмукалка добро изметете и отпрашете со вода и почекајте да иусши.
 

одстранете остатоци од лепаци пурпени и слично
прашина и нечистотија не смее да има

 

Пред да започнете направете проверка за поголеми дупки, пукнатини и процепи каде што би можела водата да се собере или да пробие. Поголемите дупки и процепи санирајте ги со пурпена или лепак за плочки флексибилен а помалите со силикон за пополнување за надворешни услови. Ова е особено битно да ги санирате ваквите критични точки кај вратите и прозорите према домот. 

Откако површината е исчистена, се премачкуваат страните и ќошевите со Термо премазот односно се прави рамка зашто во тие делови со ваљак неможете да пристапите. При премачкување на страните направете холкер(коритце) односно према нагоре премачкајте со термо премазот до минимум 5cm со цел да се заштитат страните од вода. Пред да почнете заштите ги ѕидовите, прозорите и слично со креп трака. Ја отварате кантата Термо Стоп и добро ја мешате смесата со електрична мешалка додека смесата не стане хомогена како паста. Доколку смесата е посува поради топло време или подолго стоење можете да додадете малку вода околу 50 до 120мл вода на голема канта 16л.

нанесување на термо премаз на страните и правење “корито“ за добра хидроизолација
силиконизирање на мали дилитации
ставивме и битулна трака кај вратите за секој случај

Следната фаза е нанесување со ваљак. Смесата е густа и ќе треба да употребите повеќе сила за нанесувањето. Со притисок движете го ваљакот за да се осигурате дека термо премазот навлегува во сите пори од површината. По нанесување на првиот слој оставете да исуши од 4 до 24 часа зависно од временските услови и кога порвшината ќе биде сува на допир нанесете го вториот слој а потоа по ист редослед и третиот слој. При сушење на слоевите ако површината е на отворено заштите ја од врнежи, смрзнување или многу јак ветер. 

нанесување на прв слој со мал потисок за да навлезе добро во сите пори
нанесување на втор и трет слој

 



По нанесување на третиот слој оставете добро да исуши минимум 48 часа пред да вршите друга активност на површината. На ваквиот под премачкан со термо премазот може да се гази привремено што значи треба да пазите при газењето да не дојде до оштетување на термо премазот. Смесата има добра адхезија и добро се впива во бетоните но сепак  одвишок претпазливост не е на одмет. 
Понатака на ваквиот под на терасата можете да залепите плочки, можете да наредите декинг под, патос надворешен, или плочки декинг на редење како што направивме во нашиот случај.
Но можете слободно вака премачкан подот да го оставите бидејќи термо премазот е отпорен на надворешни услови и монтажата на подот да ја оставите за други времиња. 

Погледнете како испадна 👌
 

ПРЕД
ПОТОА
премачкано во три слоја
лесени чекори дозволени 🙂
декинг коцки на редење
финален изглед

 
Разликата во температурата на подот во внатрешноста одма беше воочлива. Го снема студенилото на подот во внатрешноста на домот што значи термо мостот беше прекинат. И при големи невремиња и обилни врнежи водата се исцедуваше преку сифонот без да пропушти било каде.
Термо и Хидро изолација и готов под без мајстори и компликации за само неколку дена👍


Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.