Термо Стоп
ТЕРМО ТЕЧНА ИЗОЛАЦИЈА
16л =6200ден
5л = 2800ден
3л = 1800ден
потрошувачка 1л/м2 за три слоја
Спреј против мувла
Средство за мувла и спречување на мувла кој брзо и ефикасно ја одстранува мувлата. Употреба за зидови, кујни, купатила и санитарии. Производство од реномираниот и докажан производител - Knauf. Длабоко продира во ѕидовите и темелно ја чисти мувлата.
Апсорбер за влага
Апсорбеот за влага успешно го остранува вишокот на влага. Многу важна карактеристика на овој апсорбер што го разликува од другите на пазарот, е што влагата ја претвара во ГЕЛ со што е оневозможено истата пак да циркулира во воздухот и да ги троши кристалите.
Најчести прашања Термо-Стоп
Што е Термо Стоп?+
Термо Стоп е термо премаз на водена основа, која се состои од исклучителна комбинација на изолациони материјали и единствена структура го прават овој материјал лесен и еластичен. Главна карактеристика на овој материјал е неговото инзворедно термоизолационо својство, со дебелина од 2мм како и одличен звучен изолатор.
Изолацијата се добива како резултат на рефлектирачката особина на овој премаз. После премачкување на површината, таа рефлектира, што значи во зима топлите зраци од грејните тела нема да поминуваат низ ѕидовите, а во лето обратно. Детално ако ви се чита имаме пишувано тука.
Каде се користи?+
ТермоСтоп” е идеално решение за термо-изолација која не зафаќа простор и има широка примена за термо-изолација на места како пример станови-од внатрешна страна, купатила, високи површини, цевки, столбови, бетонски греди, ладни мостови,фасади тешко достапни места...
Дали помага за мувла?+
Да помага доколку влагата е од кондензација. Како?
Мувлата е производ на долготрајна влага. Влагата може да биде од некое надворешно протекување или од кондезација. Кондезацијата се јавува кога има температурна разлика повеќе од 15C помеѓу воздухот и површината. Со премачкување од Термо-Стоп, површината повеќе не е ладна а со тоа и кондезацијата ја нема.
Со тоа премачканите површини се трајно заштитени од појава на мувла и габи. За да има ефект се премачкува цел ѕид или цела површина а не само просторот каде имало мувла.
Доколку имате влага од протекување и еродирање од надвор, видете ги нашите хидроизолации за решение.
Како се нанесува Термо Стоп?+
Термо Стоп е густа течност, и може да се нанесе со ваљак, четка, или глетареца. Исто така може да се нанесе со компресор. Се нанесува во три слоја, секој слој се нанесува одкако претходниот е сув на допир. Пред да се нанесе не се потребни грундови, туку само да се исчисти површината и да се отстранат лабилни делови.
Погледнете го видеото што го имаме снимено.
Детално имаме пишувано тука
Дали е штетен по здравјето?+
Не, Термо-Стоп е произведен на водена база и е сосем безопасен. Може да се користи дури и за пчелни сандаци, а пчелите се најостеливи на хемикалии. Премазот ги задоволува сите еколошки и здравствени стандарди.
Трајно решение за мувлата?+
Добитната комбинација за трајно решение се спрејот, термо-стоп и апсорберот. Повелете детално прочитајте тука
Праќате по карго?+
Да апсорберите, спрејот и кантите термо стоп ги праќаме по карго. Ако се земе голема канта 16л Термо-Стоп каргото е бесплатно.
Парна брана
Трослојна армирана и отпорна на кинење и стареење. Со алуминиумски слој за подобра изолација. Паковање во ролна од 1.5мх50м(75м2). Се прoдава на мерење или цела ролна(-10% попуст на ролна) SD вредност = 35m
Парапропусна фолија
Парапропусен слој и дифузен слој. Паковање во ролна од 1.5мх50м(75м2). Се прoдава на мерење или цела ролна(-10% попуст на ролна) SD вредност = 0.2m
Стаклена Волна
Стаклената волна од производителот Knaufinsulation. Топлотна спроводливост 0.042 W / mK. Паковање 21.84м2 . Димензии на ролна 600x9100mm фабрички пресечна на пола. Дебелина 5cm. Можност за купување на цела или пола ролна. За подебел слој се поставува во повеќе редови.
Стаклена волна со алум. фолија
Стаклена волна со алуминиумска фолија. компримирано пакуван во однос 1:5
Производител УРСА.
10см - 270ден/м2(8,4м2 бала)
5см - 170ден/м2(18м2 бала)
Камена волна
Камената волна од производителот Knaufinsulation. Топлотна изолација 0.037 W/mK. Густина 30кг/м3. Паковање во коцки од 7.5м2. Димензии на табла 625х1000mm. 12 парчиња во паковање. Дебелина 5cm. За подебел слој се поставува во повеќе редови.
Цена : 159 ден/м2 (5cm)
206ден/м2(2cm/125кг)
*за под и слично
Фасаден Тервол
5 см / 130кг - 475ден /м2
10см / 110кг - 860 ден / м2
10см / 130кг - 950 ден / м2
*производ по нарачка
Најчести прашања-Терволи
Разлика стаклена и камена волна+
Стаклената волна е мека волна во ролни. Има помало изолационо својство од камената волна. Флексибилна и практична за добро пополнување и поставување. Не се поставува во предели со високи температури(горна зона на кров, грејни тела).
Камената волна е густо компресирана волна во коцки. Има поголемо изолациони свосјтво од стаклената волна. Може да се применува и во подрачја со високи температури. Препорачлива за горна зона на кровови.
Разлика парна и парапропусна фолија+
Парната брана(парна кочница) е PVC трослојна мембрана еластична, отпорна на кинење и стареење благодарејќи на вградената мрежеста ткаенина и вештачка волна. Има функција да спречи неконтролирано проаѓање на пареа од внатрешниот простор кон надворешниот. Со самото тоа се спречуваат воздушните струења и губење на топлината. Се поставува прва од внатрешна страна од доле гледано.
Парапропусната фолија е составена од два слоја паропропусен слој и слој со дифузни отвори. Од едната страна ја пропушта пареата а од другата е непропусна за влијанијата од надворешната средина ( се поставува од горната страна на изолацијата, директно или преку даските). Значи ја пропушта влагата и пареата од внатрешноста на кровот, додека од надворешноста не пропушта влага и пареа. Се поставува последна над последниот слој изолација пред ќерамидите.
Детално имаме пишувано тука
Редослед на поставување?+
Кај кровни површини гледајќи од внатрешна страна редоследно:
- Парна брана - се поставува под изолацијата од внатрешната страна со преклоп 10-15cm. Лесно затегната на подлога(профил,летва,греда) Види слика
- Стаклена волна - се поставува под роговите и е прв слој на изолација. Доколку има можност се поставува повеќе слоеви.
- Камена волна - Се поставува меѓу роговоите во повеќе слоеви, колку повеќе слоеви толку подобро.
- Парапросуна фолија - Мора да биде поставена почнувајќи од почетокот на кровот, паралелно со надстрешницата, лесно затегната. При поставување мора да се води сметка за минимално преклопување од 10 – 15 см (до обележените линии). Се поставува врз гредите после камената волна-под ќерамидите.
Имате ли превоз?+
Да за Скопје имаме превоз. Бесплатна испорака за сметки над 10.000 ден.
Доплата од 500 ден за сметки под 10.000 ден.
Сметки под 3.000 денари не се испорачуваат
Кровните фолии ги праќаме и по карго. Бесплатна испорака за сметки над 10.000 ден. Под тој износ каргото го плаќа купувачот.
XPS и EPS изолации
Стиропор
Табли 100х50cm. Се продава на парче.
1 cm - 65 ден/м2(30kg)
2 cm - 65 ден/м2-фасаден
3 cm - 95 ден/м2-фасаден
5 cm - 135 ден/м2-фасаден
8 cm - 215 ден/м2-фасаден
10cm - 270 ден/м2-фасаден
Стиродур
Големина на табла 1.25м на 0.6м, (се над 5cm по нарачка). Се продава на парче.
2cm 140 ден/m2
3cm 210 ден/m2
5cm 340 ден/m2
Графитен стиропор
Табла 100х50cm. Се продава на бала.
2cm 105 ден/m2 (бала 15м2)
3cm 155 ден/m2 (бала 10м2)
5cm 235 ден/m2 (бала 6м2)
8cm 380 ден/m2 (бала 3м2)
10cm 470 ден/m2(бала 3м2)
Најчести прашања - Стиропори
Што е стиропор?+
Стиропорот е синтетски производ поволен за животната средина кој се произведува со полимеризација на стирен и претставува цврст пенест материјал кој е исполнет со воздух. Иако има многу мала густина, има релативно висока механичка јакост, како и многу ниска топлотна и акустична спроводливост со што е меѓу најдобрите изолатори. Термоизолациониот ефект на стиропор плоча од само 1cm е еднаков на 15cм шуплива тула,на 23cм полна тула или 46cм бетон. Овие карактеристики се должат на специфичниот состав на овој производ, кој содржат 98% заробен воздух и 2% полистирен.
Стиропорот исто така има многу ниска апсорпција на вода и висока отпорност на микроорганизми и водена пареа, што му даваат предност во однос на другите материјали за топлинска изолација при употребата во подрачја изложени на влага, не подлежи на гниење(исчезнување), долготраен е и самогаслив(незапалив). Единствен недостаток на стиропорот е неговата паранепропусност односно "не дише"
Разлика меѓу стиропор и стиродур+
Стиродурот е исто производ со исти состав како стиропорот, но со многу позбиена структура која го прави цврст, крут и издржлив на силни механички влијанија и потисен притисок. Се употребува за изолација на цоклиња,подруми, темели, купатила, подови , испод ламинати и патоси и секаде каде има механички оптеретувања и влијанија. Освем термоизолационите својства има доста висок коефициент на отпорност на влага.
Што е графитен стиропор?+
Графитен стиропор е меѓу поновите производи за термо изолација, составот е исти како и кај обичниот стиропор само што разликата е што е додаден графитот од каде ја добива и црно-сивкастата боја.Графитот овозможува одбивање на топлината со што го прави овој производ за 20% поефикасен од обичниот стиропор.Идеално решение за изолација на подрачја каде е битен секој сантиметар затоа што со потенка дебелина се постигнува иста термоизолација која би ја добиле со подебел стиропор.
Зашто има повеќе тежини?+
Стиропорот се произведува во повеќе дебелини(од 1cm до 20cm) и густини (од 10kg/m3 до 30kg/m3). Димензија на таблите е 100cm X 50cm. Изолационата моќ на стиропорот во најголемиот дел зависи од неговата дебелина. Постои заблуда дека повеќе тврдопресован стиропор ќе даде поголема изолација, што е неточно. Стиропор од иста дебелина има скоро иста изолација и кај мекопресованиот и кај тврдопресованиот стиропор. Тврдопресованиот стиропор се применува кај места кој се подложни на механички влијаниа.
Кој стиропор каде?+
- За фасади - 17кг
- За во кошулици или под ламинат - 30кг или стиродур
- За фасада цоклиња/столбови/делови под закана од механички влијанија - 30кг или стиродур
- За обложување на ѕидови од внатрешна страна - 30кг
- За тавански делови - 17кг
Имате ли превоз?+
Да за Скопје имаме превоз. Бесплатна испорака за сметки над 10.000 ден.
Доплата од 500 ден за сметки под 10.000 ден.
Сметки под 3.000 денари не се испорачуваат