ТЕЧНА ГУМА

Tecna Guma Nilego Baner

Најчести прашања Течна гума

Што е Хидро Стоп?+

Дали има отпорност?+

Каде може да се премачка?+

Како се нанесува?+

 

Течна гума премаз

Во три слоја, се нанесува на веќе исушен претходен слој. Пред да се нанесе се нанесува грундот.

20кг = 5000ден
10кг = 2600ден
5кг  =  1350ден
1кг  =   290ден

Потрошувачка 1kg-2kg/м2 за 3слоја

Грунд за течна гума

Грунд течноста се премачкува на површината пред да се нанесе течната гума. Да се отпраши, исчисти и зголеми лепливоста на површината.

5л= 680ден.
1л= 160ден.


Потрошувачка 1Л=5м2

Хидроизолационо платно

Платно хидроизолационо за премази. Се поставува во средниот слој.
Во ролна на мерење од 1м или во ленти 

Цена
80ден/м2
Хидроизолациона Трака 12cm

Флексибилна широка 12cm трака за поставување кај споевите помеѓу ѕидот и подот во простории каде што има присуство на влага како кај купатила и кујни. Се поставува пред премачкување на хидроизалацијата и поставување на плочките или завршниот дел.

Цена
750ден/10м

 

Најчести прашања-Влага

Имам влага со што да премачкам?+

Само со хидромал да премачкам?+

Потребна е трака?+

Имам мувла?+

АДИТИВИ И ПРЕМАЗИ

 

Хидромал Флекс

Двокомпонентен систем за изведба на еластична хидроизолација на цементна основа. Се применува секаде каде има можност од појава на влага. Погоден за купатила, кујни и сл. Се нанесува со премачкување во повеќе слоеви. Потрошувачка 5-7м2 со едно паковање. Не се користи како завршен премаз. 
 

Цена
1300ден/10кг
Хидрофоб 5кг

Додаток за водонепропустливост на бетони. Се додаава во бетони и малтери за влажни подрачја кои се во контакт со вода, мраз и соли за размрзнување .Ги заситува порите и капиларите на бетонот со што станува водонепропусен. Се додава при во бетонот 0,7-2,0% тежински во однос на масата на цементот.

Цена
450ден
Хидромал

Хидроизолација на објекти како: базени, подрумски, ѕидни и подни површини, санитарни јазли и сл. Овозможува непосредно лепење на керамички плочки. Едноставно се изведува и не е токсичен. Има одлична атхезија за подлога од бетон и цементен малтер.Практичен и за помали зафати или санации.

Цена
250ден/5кг
Трака самолеплива

Хидроизолациона Битул Isomat 8cm самолеплива заптивна трака, составена од леплив битул со заштитно платно. Задолжително се користи при хидроизолација за споеви и пукнатитни каде има можност од појава на влага како бањи, кујни, балкони, рамни кровови.... Може да се користи и за изолација и санација на оџаци и кровови.

Цена
1020ден/10м
 
Боја отпорна на мувла

MAXIDIS F е внатрешна, водоотпорна, акрилна  боја, високо отпорна на габи и мувла со извонредна покривност. Се одликува со голема белина, пропустливост на пареа и отпорност на влажно чистење.
Потрошувачка175-300ml/m² за два слоја

150ден/0,65Л
450ден/3л
1800ден/15л

Средство за чистење мувла

MAXICID Standard е премаз со  специјални фунгициди и алгициди. Се користи за уништување на ѕидни алги и мувла на внатрешни ѕидни површини. Дејствува против најчестите видови на ѕидни алги и габи, а зелените ѕидни алги по третманот со MAXICID Standard целосно се губат.

Цена
100ден/500мл
Водоотпорен премаз

Погоден за тераси, балкони, огради, покриви и раб околу оџаци. Отпорен на сите временски услови како дожд и снег. Погоден за суви, влажни и мрсни површини. Може да пополни пукнатини и дупки ширина до 5 мм. Многу еластичен и отпорен. Сива боја но може да биде обоен.

Цена
850ден/1л

БИТУМЕНСКИ ИЗОЛАЦИИ

 

Најчести прашања-Битуменски изолации

Каде се применуваат битумените?+

Како се нанесуваат битумените?+

Само тефонд да ставам?+

Само да премачкам?+

Покле - Терхартија

Покле или ТЕРХАРТИЈА е производ од програмата "Битуменизиран покривен картон" и всушност е суров картон импрегниран со битумен, од двете страни обложен со битуменска маса и заштитен со погоден минерален материјал (песок). Служи за изолација од вода и влага. Примена: Покривната лепенка "ПОКЛЕ" поради едноставниот начин на вградување, има широка примена и тоа за: привремена заштита на објекти, материјали и сл. од атмосферски талози,
- заштита на привремени објекти, отворени складишта, настрешници, шупи, бараки и др.,
- заштита на термоизолација, посебно на покриви, кога ќе се постави под битуменска шиндра, ќерамиди и сл. - како меѓуслој при изведување на вертикални и хоризонтални хидроизолации.

Цена
460ден/10м2 (со песок). 600ден/20м2 (без песок)
Бимпласт

Бимпласт е хидроизолациска лента за заварување на база битумен, полимер, полнила и влошка (стаклен воал, стаклена ткаенина и полиестерски филц) Бимпластот е хидроизолациска лента со голем дијапазон на стабилност од ниски до високи температури, спаѓа во редот на поквалитетните ленти за хидроизолација. Хидроизолацискиот систем дава стабилност, трајност, едноставност за примена и добра приспособливост.
Примена - Бимпластот се применува за изведување на повеќеслојни хидроизолациски системи на покрив или под земја(темели,подруми,ѕидови) во два или повеќе слоја, самостојно или во комбинација со други ленти.Се вградува со преклоп од 10цм со заварување односно со топење со бренер.

Цена
710ден/10м2 V3            900ден/10м2 V4
Тефонд

Пластична фолија за хидро заштита на темели, подземни гаражи, подруми и тн.Тефондод се опшива околу темелите на објектот, се фиксира на одредени точки во зависност од специфичноста на изведбата.Во долниот дел на темелот со поставување на пластична цевка се формира блага закосеност се со цел дивертирање на надојдените води и влага назад кон долните слоеви на почвата,или како заштитна обвивка на бимпластот.Примена -  Тефондот како бубичаста фолија е заштита на претходната изолација(кондор траката и битуменот). Tефондот се поставува како заштита, со преклоп од 10cm со ковање со специјални шајки за тефонд. Тефондот се применува како задолжителна заштита на објектите од влага во делот на темелите од надворешната страна,како  заштита на индивидуални куќи, станбени згради, подземни простории, тунели и подземни гаражи, потпорни ѕидови .

Цена
66 ден/м2
Битулит

Битулит е материјал за хидроизолација со органски растворувач. Се применува како ладен премаз подлога пред поставување на ленти за хидроизолација и пред премачкување со друг тип на битуменски изолации. Се користи за изолација на темели, ѕидови, подови, рамни кровови и тераси, а и како заштита на метал од корозија, на дрвото од влага и на водоводни цевки. 

Начин на примена: Се нанесува во ладна состојба со премачкување со помош на четка или ваљак, во еден слој на температура над 10C. Пред и после употребата, Битулитот се одржува во течна состојба со мешање. Површината мора да биде сува и чиста. Потрошувачката зависи од порозноста на подлогата и изнесува од 0,3 до 0,5kg/m2.  

Цена
Цена 370ден/4.5кг
Битумен

Битумен е производ за топла постапка со или без неоргански полнила, кој се топи на температура до 180C. Се применува во градежништвото како средство за изведување хидроизолација за надземни и подземни работи, за изолација на темели, подрумски ѕидови, подови на тло, рамни кровови и тераси, за заштита на водоводни цевки и елементи. Примена: Растопениот битумен се нанесува на сува подлога претходно подготвена со битулит. Загревањето на битуменот се врши во оригиналната амбалажа. Топлиот премаз од битумен се нанесува со разлевање, а потоа со развлекување со специјални рамналки. Потрошувачка 1,5-2kg/m2 во еден слој дебелина од 2mm.

Цена
1100ден/22кг
Бимизол

Бимизол - Еднокомпонентен хомоген премаз во вид на паста на база на битумен, полимер, растворувачи и полнила. Се применува по ладна постапка без претходно растворување или загревање што го прави доста практичен.

Примена: хидроизолација на рамни покриви,  (продори, сливници, атика, кровни завршетоци);
- хидроизолација на бањи, перални, изолација на надворешни ѕидови, подови во подземни простории,темели.
- антикорозивна заштита на нови лимени површини, вкопани резервоари 
- при обработка на тунели, изолација на резервоари, каптажи и сл
- репарација на стари изолации.   

Цена
480ден/4.5кг                1800ден/20кг

 

Бесплатна испорака за сите градови во Македонија за сметки над 10.000 ден. Доплата на карго за сметки под 10.000 ден.  

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.  

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.