Имате под од бетон или нова/стара кошулица? Подот е во работилница, гаража, шпајз, остава, котлара и слично каде ќе има влага но и ќе има опасност од оштетување. Ламинат за вакви простории не доаѓа во предвид поради влагата, плочките исто така не се решение зашто ќе ги оштетите а и се поскапа инвестиција.
Затоа ви ја претставуваме бојата за подови. Решение што брзо и лесно без мајстори ќе го направи подот естетски личен но исто така ќе има водоотпорност и отпорност на гребење и абење. Одржувањето и чистењето ќе биде лесно со само метење или џогирање. Достапна е во повеќе бои.
За цена видете тука на нашата страна
Ова се предностите на оваа боја :
- одлична атхезија за подлогата
- ја затвора површинската структура на подлогата
- отпорност на соли, нафта и нафтени деривати
- отпорност на атмосферски влијанија
- водоотпорен
- висока отпорност на абење, при нормална индустриска експлотација
- UV стабилен
- достапен во повеќе бои
- едноставна и брза изведба
- лесен за одржување
технички лист прочитајте тука
Па да почнеме од почеток....
Бојата е од познатиот македонски производител Адинг насловена како АДИНГКОЛОР РФ. Се продава во пакувања од 25кг или 4кг, зависно за колкава квадратура ви е потребно. Потрошувачката за два слоја е околу 0,5 до 0,6kg/m² зависи од порозноста и состојбата на подлогата. Ако се работи за стар, ронлив бетон и има поголеми дупки, препорачливо е прво да ја санирате површината со готов бетон или самоливна маса. Бојата се разредува со растварач(разредивач) специјален за вакви бои РАСТВОРУВАЧ П, пакован во кантички од 0,9кг и 4кг. За прво нанесување во една кофа додавате боја па потоа растворувач 8% од количината на бојата. За другиот слој(втора рака) најмногу до 5% растворувач од количината бојата. Ги мешате во посебна канта, прво сипате од бојата потоа пресметувате колку е 8% од количината на бојата што сте ја ставиле и со мерилка ставате точно растворувач(разредивач).
Покрај бојата ќе ви требаат и ваљак и четка како и заштитна опрема (маска, наочари и ракавици).
Пред да почнете подот исчистете го добро со метла и вода или подобро со правосмукалка. Целта е да се одстрани цела прашина и нечистотии. Ако има лабилни и ронливи делови како и остатоци од боја или лепаци, одстранете ги со шпакла или слично. Чистата подлога е многу важна во овој процес бидејќи бојата нема добро да се впие во површината и може понатаму лесно да се изљупи.
За секој случај направете отпрашување со малку вода и прскалка па повторно соберете ја прашината и оставете добро да исуши.
Со креп трака заштитете ги ѕидовите за да не ги обоите. Откако ќе ја поставите креп траката поминете по страните и ќошињата односно секаде каде ваљакот нема да може да помине.
Спремни сте за главното фарбање, Почнете со ваљакот да ја нанесувате бојата со мал притисок за да се осигурате дека влегува во секоја пора од подот. По нанесување на првиот слој почекајте добро да исуши бојата односно да е сува на допир(обично после 4-8 часа зависно од времето) па пота повторете ја постапката со втора рака, но овојпат ќе ја разредите бојата со маскимално 5% растворувач и бојата треба да е погуста.
По нанесување на вториот слој оставете добро да исуши најмалку 24 часа и за време на тие 24 часа заштите ја просторијата од силна промаја, многу ниски или високи температури (од 5степени до 35степени). Ако ви остане боја или сакате подобра покривност и подебел слој тогаш повторете ја постапката и со трет слој.
Во нашиот случај се работеше за просторија каде ќе бидат сместени машини за перење и сушење и каде ќе се пеглаат алишта. Ламинат да се постави во ваква просторија има голема опасност при протекување на машината за перење ламинатот да се оштети и фрли. Плочките се скап и комплициран зафат. Бојата ја нанесовме за неполн ден а чистењето е само со џогер или правосмукалка. За подобра естетика и за подобра хигиена поставивме од пвц лајсните сива боја што можете да ги најдете кај нас во секцијата за ламинати.
За ваков тип на простории идеално решение👌
П.С Задолжително носете маска и имајте отворени прозорци додека ја нанесувате бојата. Има многу силен мирис. Носете работнички обувки и облека зашто бојата не се вади од облека. Носете ракавици.
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.