• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Стиродур под ламинат?

Да бидеме на чисто од почеток. По правило и по упаства на производителите за ламинат, подлогата за ламинатот треба да биде чиста, цврста и идеално рамна. Како прописна подлога се подразбира цементна кошулица со изолација или конструкција од осб табли.  Во денешно време овие кошулици ги прават со таканаречен хиликоптер, со што се добива идеална рамна површина. За цените на ламинатите видете тука.

тазе кошулица цементна со хиликоптер

Производителот во своето упаство ќе наведе : EGGER laminate flooring may never be installed on textile floor coverings (e.g., carpeting) or sub-floors that are not properly
prepared for installation. In case of failure to comply, all guarantee and warranty claims will become void. 
Laminate flooring from EGGER installed as a floating flooring configuration can be installed on all sub-floors which meet the above
described requirements. This includes in particular:
-all types of screed including hot water-heated screed
-chipboard constructions
-fibreboards
-existing floor coatings such as PVC, linoleum, natural stone slabs and ceramic tiles.


Сите знаеме дека најдобро е да се реновира по упаства и прописи, но можностите не секогаш го дозволуваат тоа. Пример одлучуваме да ставаме ламинат, но подлогата-кошулицата е стара и нерамна. По пропис треба нова кошулица или репарација со самолив. Но можеби во просторот се живее и се нема можност со недели да се чека кошулицата да се исуши. Често се нема и финансии за нова кошулица. Често сакаме брзо и поедноставно решение.

Затоа секогаш кога нас ќе не прашаат за импровизација, прво кажуваме по пропис како би требало да биде, потоа кои се најдобрите алтернативи по наше искуство.  Ајде да го образложиме едно од најчестите брзи решенија во случај кога имате стара неизолирана, нерамна, кошулица:

Употреба на стиродур за под ламинат

Сакате да поставите ламинат, но кошулицата е стара, нерамна и без изолација. Ако поставите ламинат на кошулица без изолација тогаш спремете се за "мраз" под. Рековме сакаме брзо и едноставно решение. Едно од тие е да се постави стиродур под ламинатот. Стиродурот може да биде со дебелина од 2cm/3cm/5cm. Стиродурот е дупло поцврст од белиот стиропор и со далеку подобри механички својства. Затоа белиот обичен стиропор не се препорачува за под ламинат. За цените на стиродур видете тука 

стиродур под ламинат
Само полагање на стиродурот

Доколку старата подлога т.е кошулицата е рамна, нема нерамнини над 3mm, тогаш стиродурот само го редите и споевите ги лепите со креп трака за да не "бегаат" кога ќе се реди ламинатот. Пред да го редите стиродурот, исчистете ја темелно подлогата и остранете ги сите лабилни и ронливи делови. Секогаш кога се спрема подлогата за подови важи принципорт "камче да нема"
Се реди стиродурот, се лепи на споевите со трака и се постила филц од 2мм. Често не прашуваат зашто филц кога веќе има стиродур толку дебел. Филцот служи за звучна изолација и апсорпција на шушкањето и крцкањето што би се јавило од допир и триење на ламинатот со стиродурот.
По постилањето на филцот од 2мм се реди ламинатот и бум - имате топол нов под.

стиродур под ламинат на рамна кошулица
лепење со трака на стиродур
Лепење на стиродурот

Често се случува старата подлога - кошулица да е оштетена и нерамна. Во тој случај стиродурот се лепи со лепак за стиропор  или пурпена за стиропор, под васер вага, односно се нивелира подот да биде рамен. Со тоа го елиминираме еден од најголемите непријатели на ламинатот-нерамната подлога. Лепакот или пурпената на стиродурот се нанесува во тенок слој со рамка на таблата стиродур. Ако подлогата е многу нерамна спремете се да потрошите повеќе лепак. Оставете 24 часа да се исуши лепакот па потоа се поставува филц 2мм и на крај ламинатот.

лепење стиродур
Рабицирање на стиродурот

После лепењето на стиродурот со лепак за стиропор за старата кошулица, најдобро би било врз стирдоурот да постелите рабиц пластична мрежа и да го изглетувате со истиот лепак, Тоа се прави на тој начин што се поставува пластична рабиц мрежа и со лепак за стиропор се поминува и се израмнува целата површина врз мрежата. Истиот начин како кај фасадите кога се рабицира стиропорот. Лепакот се израмнува со глетарица да биде рамен и под васер вага без здебелувања. На тој начин добивате малтене нова кошулица со рамна цврста површина. На овој начин се укрутува и вцрстува стиродурот, се оневозможува пропаѓање и раздвојување на таблите. 

 

 

Недостатоци 

Ги знаеме предностите на поставувањето на стиродур под ламинат:

  • брзо и едноставно
  • голема топлотна изолација
  • нивелирање на подот во случај на нерамен под
  • поефтино од нова кошулица

Но кои се надостатоците од овој тип на импровизација :

  • Со тек на време може да дојде пропаѓање на места каде има висока френквенција на одење или поставување на тежок мебел и ствари. Затоа стиродур под ламинат никако во деловни простории или места каде има интезивен проток на луѓе. Исто така не смее да се поставува многу тежок мебел-пример шкафот на баба или теговите на бато🙂
  • Никаква парапропусност. Ако плочата или подлогата имаат влага, таа ќе остане заробена под стиродурот и ќе предизвика појава на мувла,скапување и ред други проблеми. Затоа целосно осигурајте се дека подлогата нема влага пред да поставувате стиродур, зашто стиродурот не е парапропусен материјал.
  • Слаб звучен изолатор. Не очекувајте дека со поставување на стиродурот ќе добиете звучна изолација. Бубачка мала да заглави во него, шушкањето ќе одекнува низ цела соба 😂

Ете ви објаснивме од нашето 15годишно искуство кои се предностите, недостатоците, процедурата за ова решение, на Вас останува да одлучите на кој начин ќе го поставите ламинатот и да дојдете кај нас да купите ламинат(и стиродур) и да се уверите во нашата професионалност 😍

 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.