Смачено ви е да го гледате стариот излитен и потемнет паркет. Или старите ладни плочки. Викате тоа е тоа, неможам веќе, вадам ова стариов под и ставам ламинат. Се решавате и тргате во акција 👊 Бирате ламинат од кај нас и се фрлате на демонтажа.
Се тоа во плановите и фантазиите изгледа едноставно и брзо, но реалноста е сосем друга 🙂 Почнувате со демонтажа на стариот паркет или плочки, и просторијата заличува на бојно поле, заедно со плочките и паркетот излегуваат и делови од бетонот. Како се вади секое парче плочка/паркет се корнат и стариот лепак со делови од бетон од подлогата. По демонтажата на стариот паркет/плочки имате решето од подлога врз која не можете да го поставите посакуваниот ламинат.
Или пак подлогата не е рамна односно некаде е повисока некаде пониска. А знаеме дека ламинатот за да трае и да не крцка,клати и одвојува си бара рамна површина. Или со другите простории имате има различни нивоа што сакате да ги “испеглате“.
За сите овие проблеми имате две решенија: или кршење на старата кошулица и поставување на нова, што е доста комплицирано(кршење, машинско поставување на нова и чекање над 28дена да се исуши) или најаедноставно решение ви е Самонивелирачка маса или некои ја нарекуваат олма маса или стручно саморазлевачка смеса која брзо се нанесува и може да се монтира подот по само 48 часа.
При корекција и санација на подот со самонивелирачка смеса еве што треба да правите :
Чекор 1: Отстранете ги сите лабилни делови.
Се што е лабилно и растресито од старата кошулица го отстранувате со помош на чекан, шпакла било што би ви дошло при рака. Не смее да остане ништо што се клати или рони. Со метла и вода убаво го чистите цел под ако треба и по неколку пати. Камче да не остане 😁
Чекор 2: Нанесување на грунд и отпрашување.
Подлогата мора да се грундира за подобра лепливост и адхезија за нанесената самонивелирачка маса. Грундирањето се врши со врска-У или Бетоноконтакт. Наша препорака е за поголеми површини да се употреби Бетоноконтакт. Двата производи имаат на самото паковање со колку вода треба да ги измешате и со четка или ваљак ги нанесувате на површината. Ако е потребно нанесувате на повеќе пати се додека подлогата не се засити.
Чекор 3: Нанесување на самонивелирачката маса
Самолив масата е во прашкаста форма и се истура во кофа доволно голема да ја собере целата вреќа и плус да има место за да се стави вода. Пример 30л канта. На паковањето на вреќата прочитајте со колку вода се меша. Во нашиот случај користевме самонивелирачка маса на Адинг Хидроглет П1(истата ја продаваме) и потребно беше да се измеша една вреќа од 20кг со 5л вода. Ако немате машина за мешање земете со бурмашина и ставете наставак за мешање на лепаци и мешајте ја смесата додека не се воедначи.
Одкако ќе ја спремите смесата почнете веднаш со нанесување зашто отвореното време на работа е 30мин. Почнете од едниот ќош истурајќи ја смесата кон останатиот дел од просторијата. Смесата сама се разлева и нивелира но потребно е со широка назабена глетарица да ја распостраните убаво. За газење користете додаток за кондури со боцки.
Секоја глет маса има различни својства затоа внимавајте колкав слој ќе нанесете. Самонивелирачката маса на Адинг П1 првиот слој може да се нанесе до дебелина 20мм. Ако сакате да бидете сигурни за дебелината на слојот побарајте во некоја железара или од некој пријател, мерач за дебелина на слој (ситна мала плочка)
Чекор 4: Поминување со ваљак со боцки
Смесата се самонивелира, и не е потребно некоја вештина за таа да се нанесе. Но потребно е веднаш откако ќе се нанесе да се помине со ваљак со боцки за да се отстраната сите меурчиња кои настанале. Ова е клучно зашто ако не се дупнат подоцна ќе имаме ронење на тие делови. Едноставно само поминете ја целата површина додека е влажна и течна со овој ваљак.
Други слоеви или сушење
Доколку првиот слој од 20мм не ја корегира и "испегла" кошулицата, потребно е да се нанесе втор слој. Втор слој се нанесува откако првиот целосно ќе се исуши(најмалку 48 часа) и ја повторуваме целата постапка од нанесување на грунд па се последователно.
Нанесениот самолив се остава добро да исуши. Ламинатот можете да го монтирате за 7 дена добро сушење во зависност од временските услови но најдобро да се почека неколку дена. По исушениот самолив може да се оди после првите 6 часа, но внимавајте да не има висока френквенција до 7-миот ден.
Готово, имате "писта" рамна кошулица спремна за местење ламинат. Поставете филц и врз него ламинатот.
П.С имаме доста прашања за тоа дали може да се постави стиродур или стиропор изолација пред да се нанесе самонивелирачката маса. НЕ, оваа смеса се нанесува исклучиво на цврсти и чисти подлоги.
Сите употребени материјали и ламинати ги продаваме и можете да ги најдете на нашата страна www.rojalinvest.com.mk или во нашиот продажен салон.
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.