• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Начини на поставување на оџакот

Секој објект е со своја специфика и монтажата е соодветна на објектот и желбите на домаќинот. Иносниот оџак кој експлузивно ние го продаваме, може да се монтира на повеќе начини.

Монтажа од надвор

Најчестиот начин за монтажа е од надворешна страна. Чекори за овој тип на монтажа:

  1. Се прави дупка во ѕидот
  2. Цевка со изолација поминува низ ѕидот
  3. Цевката влегува во т-рачвата која се поставува надвор
  4. Од Т-рачвата се поставуваат цевки вертикално нагоре
  5. Се прицврстуваат цевките со држачи за ѕид на секој 2м/3м
  6. Се поставува капа

 

 

Ваквата монтажа може да биде со колена или без. Колената значително ја поскапуваат цената. Без колена треба или да се поминува низ симсот(дупка во симсот) или да се помине покрај него ако дозволува просторот. Со колена се заобиколува симсот. Има колена од 90° и 45°

Монтажа со колена

 

 

Монтажа без колена-преку симс

При ваквата монтажа се прави отвор низ симсот и потоа се опшива истиот. Битно е добро да се опшие за да не дојде до протекување врз оџакот кој естетски ќе го нагрдува.

Монтажа од внатре

Овој тип на монтажа се изведува најчесто кога печката има отвор од горниот дел. Само се поврзуваат цевки вертикално, без потреба од т-рачва, се поминува низ плочи/кровна конструкција/ ќерамиди/лим па се над билото. Оваа монтажа може да биде и со т-рачва доколку излезот е од задната страна на печката.

 


 И специфични монтажи

Предноста на иноксниот оџак и на Ројал Инвест е што имаме делови за секоја ситуација. За секоја поставеност има решение. Внимавајте на овие работи при монтажа :

Да има доволно висина 

Да нема повеќе од две колена во инсталацијата.

Да нема хоризонтални делови оџакот.

 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.