Оџак-најчести прашања
Зашто иноксен оџак-Ројал?+
- Изолиран двоен дебелозиден Инокс поради што е невозможно да се појави кондензација
- Мазна и глатка нерѓосувачка површина на која не може да се налепи саѓи и хемикалии
- Поради микроскопски мазната површина оџакот влече и протокот е непречен
- Цврст и дихтувачки спој без лепаци и ѕидање
- Лесна и експресна монтажа која може да ја обави било кој
- Мала тежина и беспрекорен изглед
- Можност да се премести подоцна оџакот според потреба.
- Голем животен век, без трошоци за одржување(нема потреба од оџачар)
Детално имате образложено тука
Како да пресметам цена?+
Цената зависи од самиот објект и начинот на изведба. Најчестата изведба е со т-рачва, нагоре право цевките се редат и на крај капа(види слика). За таква класична поставеност на оџакот имаме изработена пресметка која ќе ви помогне да пресметате колку би ве чинел оџакот. Видете подоле.
Доколку при поставувањето се потребни колена за да се избегне симсот или друга препрека (види слика), цената е повисока за колената. Видете ја пресметка подоле или пишете ни за да ви помогнеме
Кое Ф ми треба?+
- За оџак за печки на пелет - Ф100внатрешно/150надворешно
- За камин на дрво до 4м - Ф150/200
- Оџак над 4м за камини или помоќни котли на дрва - Ф200/250
- Ф250 и поголеми-по порачка
Како се монтира?+
Работната рака не спаѓа во цената. Начинот на поставување е мн. лесен, со едноставно поврзување на цевките една во друга. Видете тука видео со упаство за начинот на монтажа.
Сепак доколку сакате монтажа, имаме препорака на мајстори(Скопје,Велес и Кичево со се регион) Цените за монтажа им се следни:
- 900 ден од м1
- елемент 450 ден
- бушење отвор 3.000 ден
- опшивка на ќерамида 3.000ден(за лим по договор)
*цените се од информативен карактер, Ројал Инвест не наплатува и не извршува монтажа. Сите цени, детали и активности си ги договараат меѓусебно клиентот и монтерите.
Видете како изгледаат монтажите тука.
Дали превозот се наплаќа?+
Не, превозот е бесплатен за цела Македонија без лимити.
Да дојде некој да види?+
Увид може да направи монтерот кој го препорачуваме за монтажа, но за тоа зема капар од 600ден кој се пребива понатаму од целата монтажа.
Дали има гаранција ?+
Гаранција има дека материјалот е од чист инокс и дека производот е направен по најстрогите ЕУ стандарди за оџак за што имаме сертификати и по барање на купувачот може да ги дадеме. Стандардите по кој е произведен оџакот не дозволуваат споевите да "попуштат" или да се јави било какво напукнување и делитација. Споевите микроскопски дихтуваат.
Внимавајте! На пазарот се нудат под името иноксни оџаци кој не се од инокс и кој се со мануелно производство, со што спојувањето и дихтувањето се неисправни!
Сепак за начинот на функционирање, начинот на "влечење" на оџакот, или доколку оџакот "враќа" тоа не можеме да го гарантираме од причина што зависи од многу фактори за кој не можеме да бидеме одговорни (висината на оџакот, исправноста на печката, начинот на монтажа, поставеноста и местоположбата на оџакот,квалитетот на пелетот/дрвото..)
Дали има попуст?+
Нема попуст, моменталните цени се акциски цени, од почеток на годината цената на иноксот е зголемена за 100%. Моменталните цени важат до потрошување на старите залихи, нов увоз ќе има качување на цените за 30%, затоа не пролонгирајте!
Како се плаќа?+
Се плаќа кога се прави нарачка:
- Во продажен салон со готовина/картичка
- on-line со картичка или про фра банкарски
Немаме опции за капар или плаќање при монтажа.