• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Која капа да се избере и зашто има повеќе типови? Капата е задолжителен елемент при поставување на било кој оџак. Најбитните три функции што капата ги има се: 

  • зашта од врнежи
  • заштита од ветрови 
  • заштита од животни(птици,ласици,стаорци...) да, да ова може да биде голем проблем. Сме имале случаеви каде клиент го рекламира оџакот дека не функционира, потоа печката дека не функционира, за да на крај се испостави птитици си направиле гнездо и го загушиле оџакот. 

Ние нудиме неколку типа капи за иноксните оџаци во повеќе големини. За цените видете тука :

 

1.Конусна/обична или пак некој ја викаат и кинеска :) Оваа капа е најефтината и наједноставната. Заштитува од дожд. И толку. Нема заштита од ветер и од птици.

 

2. Ротациона капа. Овој тип е многу популарен и баран, зашто со природното вртење го зголемува "цугот" на оџакот и има подобро влечење. Но сепак највеќе пазење треба кај овој тип. Ротационите капи се доста осетливи, зашто во себе имаат оска и лагери за да може да се вртат. Треба да се пази да има доволно голема должина од грејното тело до самата капа за да температурата не надминува кај капата 150C. Ова особено е важно кај шпоретите на дрва зашто тие развиваат огромни температури. Ако капата е на кратка должина од печката, делот кај лагерите и оската ќе се наполни со саѓи и лубрикантот тотално ќе изгори, со што капата ќе стане неподвижна. 

Кај сите капи е битно редовното чистење, но кај роатиционите е особено тоа важно. Така да ако оџакот е краток и блиску до грејното тело, ако капата е недостапна за редовно чистење, не ја купувајте оваа капа. 
Овие капи исто така се употребуваат за вентилација.

 

 

3.Временски отпорна капа. Самото име си кажува. Оваа капа пкрај горниот дел, има и страничен дел кој заштитува од ветер но и го прави непристапен за животинките кој погоре ги спомнавме. Според нас ова е најдобриот тип на капа но и најскап.

 

4.Цевка со капа. Овој тип го држиме само за ф80. Се користи кај печките на пелет и се поврзува за постојните ќумци. Овој тип на изведба може да биде само привремен, зашто доколку нема изолиран оџак и доволна висина, цевките ќе прават кондезација и печката нема исправно да работи. Се препорачува за вентилации.

 

6.Хоризонтален завршеток. Исто начин кој не го препорачуваме кај греење, поради немањето на прописен оџак. Се постаува за привремено решение. Излезот е хоризонтално накривен, со решетка за заштита. Се препорачува за вентилации.

 

5. Капи по нарачка. Може доколку има специфично барање и потреба да се направи нарачка на капа. Се чека зависно од порачаната количина до 3 недели. Доколку се бараат неколку или една капа се чека нареден увоз:

 

 

Секако ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.