Дајте им живот на вашите ѕидови, изберете една од многуте нијанси што ги нудиме. Обојте ги вашите простории и дајте им нов изглед. Компјутерски нијансираните внатрешни поликолори се со врвен квалитет, отпорни на влијанија, еколошки и безбедни по човековото здравје. За секоја внатрешна и надворешна боја можно е тонирање според вашите желби во плаета од 1700 нијанси.

Прајмер В подлога Адинг

Oсновна акрилна подлога импрегнатор за ѕидни површини, се користи за подготовка на стари и нови површини пред бојадисување


Се разредува со вода во сооднос 1:4. Потрошувачка за 1л 4-7м2

Цена
130ден/1л 600ден/5л
Глет Маса 20кг Адинг

Глет маса од производителот Адинг Смеса за израмнување (глетување) на внатрешни ѕидни и плафонски површини малтерисани или изведени од бетон, гипскартон и сл.
Потрошувачка за слој од 1mm - 1.25 kg/m²

Цена
380 ден
Клима Фино Глет Маса

Дел од системот Baumit Klima. Природно прашкаста бела варова глет маса за внатрешни површини со специјални ефекти за регулирање на влагата. Се
применува пред специјален бел KlimaWhite малтерот, како и за употреба преку варови - цементни малтери, бетон, поробетон
гипскартон плочи.. Оптимален избор за рачна машинска обработка. Потрошувачка: 1,2 кг/м2/м

Цена
480 / 20кг
Глет Маса Биофиниш 25кг

Глет маса за внатрешна употреба, на база на вар. Потрошувачка: ca. 1,0kg/m2 по милиметар Се извлекува на нула. Исклучително лесно се обработува. Одлично исполнува. 

Цена
550ден

 

 
Адинг поликолор

Боја изработена врз база на водени дисперзии. Се применува за завршна обработка на внатрешни ѕидни и плафонски површини. Се карактеризира изразена бела боја и бактериолошка отпорност и способност за покривање големи површини. Потрошувачка 2 0,35 - 0,45 kg/m2

Цена
970ден/25кг 280ден/5кг
Дивина Оптима Поликолор

Дисперзивна боја за внатрешни работи, бела, може да се разреди со вода, со добра покривна моќ.  Посебно прикладна за деловни простории, канцеларии, ресторани, хотели, трговски центри и приватни станови. потрошувачка 0.15 l/m² за два слоја

Цена
1280 ден/15л 500ден/5л
Максипол

МAXIPOL е еколошка боја за внатрешни ѕидни површини. Се одликува со исклучителна белина, висока покривност, паропропусност и отпорност на суво бришење. Погоден е за боење на сите видови суви и тврди површини: фино малтерисувани вертикални и плафонски површини, бетон, влакнесто-цементни површини и гипс картонски плочи

Цена
1030ден/15л 330ден/3л
Поликолор Bekament 

поликолор Bekament внатрешна класична боја за ѕидни и тавански површини, се разредува со вода 10%. 

Потрошувачка 12м2/l. Погоден за гипс картон, малтерисани површини. Можност за тонирање во многу бои.

 

Цена
1050ден/25л
Боја отпорна на мувла

MAXIDIS F е внатрешна, водоотпорна, акрилна  боја, високо отпорна на габи и мувла со извонредна покривност, белина, пропустливост на пареа и отпорност на влажно чистење.Потрошувачка 12m2/l за еден слој.

230
ден/0,65Л
720ден/3л
3200ден/15л

Минерелен Абриф 25кг

Минерален завршен малтер за обработка на внатрешни и надворешни ѕидови. Доколку се нанесува на надворешни ѕидови, задолжително се премачкува со фасадна боја.Потрошувачка 10м2 со една вреќа. Достапен во гранулации од 1мм 1,5мм(мазен) и 2мм

Цена
390 ден
Фасадна боја АдингФас

Премиум акрилна фасадна боја, отпорна на влага и екстремни надворешни влијанија. Парапропусна боја што овозможува "дишење" на ѕидовите. Одлична покривност и мат изглед. Можност за тонирање во голем број на  нијанси. Се користи и како внатрешна боја отпорна на мувла,влага и нечистотии. Потрошувачка за два слоја 1л=2м2
25кг - 2450ден
5кг- 560ден 
1кг - 150ден

Фасадна глет маса Хидроглет-Ф

Глет маса за надворешна употреба отпорна на надворешни влијанија и мрзнење. Идеална за фасади или корекции на надворешни површини.

Цена
600ден/20кг

 

Бесплатна испорака за сите градови во Македонија за сметки над 10.000 ден. Доплата на карго за сметки под 10.000 ден.  

Обезбедени сертификати и технички листови по барање на купувачот за сите градежни материјали.   

Погледнете ја галеријата на успешно испорачани и квалитетно монтирани производи.