• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Колку пелет ќе потрошам?

најголеми губитоци на енергија

Секој муштерија кога ни пристапува да се информира за печките на пелет ни го поставува прашањето - Колку пелет ќе потрошам?

За жал нема експерт што однапред ќе каже колку печката ќе троши. Во спецификацијата има податок за максимална и минимална потрошувачка и таа варира зависно од температурата во просторијата. Од наше долгогодишно искуство, некој просек за потрошувачктата за стандардни објекти, со стандардни навики е околу 2 тона пелет за 100м2 за цела сезона. Ова земете го со резерва зашто како што кажавме секој објект и индивидуа различно ќе потрошат. Ок, тогаш од кој фактори зависи потрошувачката :


  • Изолација на објектот :

 


1. Прво место од каде највеќе "бега" топлината е од кај таванот. Ако имате неизолиран таван направен од само гипс картон/трска/малтер, со мала или никаква изолација, бидете сигурни дека ќе трошите многу пелет. Топлиот воздух по законите на физиката се движи нагоре, и ако нема што да го "сопре" да пројде низ таванот, место да ја топлите собата вие ќе го топлите кровот 😒 Решение? Пред да се впуштате во инвестиција и греење со пелет или било кое друго грејно тело, изолирајте го таванскиот дел исклучиво со тервол во комбинација со парна брана и парапропусна фолија. За цени и редослед на поставување видете тука

поставување на тервол на таван

2. Второ место од каде си "бега" топлината, се прозорите. Да, ако имате од оние стари раштимани прозори што се фаќа ишијас ако седиш подолго покрај нив, бидете сигурни дека ќе трошите многу пелет😨 Кај прозорите најбитна работа е да дихтуваат а секундардна е да имаат термопан и профил со добро изолаторско својство. Значи ако имате стари дрвени прозори или пвц прозори кој не дихтуваат добро, најпаметно е да ги смените, зашто парите за замена ќе ги потрошите во големата потрошувачка на пелет уште во првата сезона. а со текот на времето само ќе влегувате во загуба. Ние нудиме квалитетни и докажани пвц системи со германски профил и оков. Видете тука детално

прозор без изолација


3. Трет "виновник" за голема потрошувачка на пелет се ѕидовите. Ако сте во објект кој има само цигла и малтер за фасада, ќе потрошите многу пелет за да ги загреете тие ѕидови. Најпрактично решение е поставување на фасада. Да, не е ефтина работа (околу 15еур од м2 со 5cm стиропор) но инвестицијата ќе ја вратите во првата-втората сезона од греењето. Ние имаме топ докажани фасади видете ги тука. Немате можност да ставите фасада? Во стан сте или има друга причина поради која неможете да ставите фасада? Имаме и за тоа решение, премачкајте од внатрешна страна со термо премаз и ѕидовите ќе бидат изолирани. Видете тука за деталите за термо премазот.

поставување на стиропор на фасада

4. Последен, но и не помалце битен виновик за губитоците на топлина се подовите. Студени подови прават ладен воздушен појас во долна зона со која ќе чуствувате голем дискомфор. Ќе осеќате ладно во долен дел со што ќе ја пуштате печката да топли повеќе а во горна зона на просторијата ќе имате голема топлина. Ем некомфорно ем голема потрошувачка. За жал тука има малце маневар за корекција на веќе готови подови. Имаме пишувано за изолација кај подовите тука.

поставување на стиродур во кошулица


 


 

  • Подесена температура

Навиката е најголем пријател но и непријател на човекот 🙂 Некој од нас се навикнати и комфорни и на 22C додека други и на 27C им е ладно. Има голема разлика во потрошувачка дали во просториите ќе одржувате 22C или 27C. Разлика од 5C може да ве чини +30-50% поголема потрошувачка. Според некој општо прифатени норми комфорна температура во домот во зима е 21-23C. Тимот на Ројал Инвест кога беше на саем во Минхен во Германија, домаќините температурата во дневните ја имаа ограничено на максимални 21C додека во спалните на 18C 😀

подесување на температура од апликација
  • Активност во текот на денот

Не е исто печката да грее 24 часа и да одржува температура цел ден или да се гаси кога нема никој дома. Значи ако во домаќинството има членови кој не одат на работа и се грее цел ден, последователно ќе имате голема потрошувачка, и обратно ако 8 часа нема никој дома и печката е изгасена последователно ќе имате помала потрошувачка. 8часа дневно греење играат голема улога во потрошувачката на пелет. Ах тие пензионири скапо чинат 😂

нема никој дома
  • Квалитет на пелет

Најдов пелет за 160ден од вреќа. Честито, освен што ќе потрошиш далеку поголеми количини, ќе ја расипеш печката што си ја платил скапо😒 Неквалитетен пелет и несертфициран се троши многу побрзо и ја расипува печката. Тоа е факт. Пелет од семки, пелет од производство на шурата кој имал машинче, пелет кој на паковањето скоро ништо не пишува, пелет без сертификат... не купувајте! Ние секогаш правиме добра анализа на пелетот што го продаваме и ги пратиме реакциите на муштериите. За пелетот што го нудиме видете тука.

пелет 100% бука
  • Оџак

Ставив печка и само една цевка поставив за надвор димот да излегува, ене го работи....Честито😨 Ќе трошите многу повеќе пелет, ќе ја расипете печката и најверојатно фасадата ќе ја упропастите. Неисправен оџак или немање на воопшто оџак придонесува за неправилно согорување на пелетот со што ќе имате многу поголема потрошувачка а и деформација на печката поради неисправните температура. Исто така ќе има појавата на кондезација која се јавува поради неизолираната цевка. Поради кондезацијата и протекувањата ќе се испрља и фасадата. Ние пак тука се јавуваме со практично и лесно решение за оџак видете го тука. 

инокс оџак
  • Недобро дихтување на врата од печка

Како последица на неисправен оџак и неисправен пелет, со текот на времето се јавува недихтување на вратата со што се пореметува целосното работење на печката. Се повикува сервис за корекција на азбесното јаже или доколку целата врата се искривила се заменува цела врата. Ова е чест и притаен проблем зашто неможе да се увиди лесно.

Печка со недихтувачка врата
  • Грејна сезона

Каква ќе биде зимата, рекле старите . Тоа е фактор врз кој немате влијание и е надвор од ваша контрола, а сепак има голем удел врз потрошувачката. Нема исто да потрошите, ако имаме кратка зима со високи температури или долга и студена зима со минусни температури. Често се прават грешки, да едната сезона пример да потрошите 2 тона пелет, па исто толку да купите за наредната сезона водејќи се од претходното искуство. Стига наредната сезона, но зимате трае долго и е далеку постудена, па место 2 тона да се потребни 3 тона. Па тука доаѓаат проблемите со цените, кој во зима се повисоки, но и проблемите со количините кој при вакви студени зими, пелет во фабриките и складиштата снемува, поради големата нагла побарувачка. За среќа до сега не се случило да нема долг период пелет. Сепак совет наш е, секогаш да купувате повеќе +30% од што трошите стандардно, за да не дојдете во ситуација да плаќате поскапо и да барате пелет.

Ако ви треба дополнителни совети пред да купите печка на пелет или имате други прашања, слободно пишете ни во формата подоле.

Во овие текстови на најнесебичен и разбирлив начин пробуваме да ви ги решиме вашите прашања и проблеми. Ги знаеме многу добро кој се , зашто 17 години секојдневно ги слушаме😀 Во овие текстови е преточено стручното знаење и 17 годишното искуство на тимот на Ројал Инвест. 
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

 

Постави прашање

Се сложувам моите податоци да бидат искористени за промотивни активности на Ројал Инвест ДОО.