• 8МобиленМобилен02/ 5116 700
  • ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 Сабота 08-15:00 

Секоја од вратите кој ги продаваме доаѓаат со вградена AGB брава и клуч. Медијапанските врати се со класична италјанска брава додека кај CPL вратите се со магнетна брава за меко затварање.

Магнетна брава

Овој тип на брава е супериорен бидејќи овозможува "меко" затварање на вратата но и голема трајност на вратата поради малите отпори од илјадниците затварања-отварања. Овој тип на брава е со едно јазиче, кое е вовлечено во самата брава и излегува автоматски кога ќе се приближи до фиксниот-другиот дел од бравата. Со тоа доаѓа до лепење без потреба од притисок на кваката при затварање. Исто така бенефит е и безшумно отварање-затварање.

 

Класична брава

Класична брава која е вметната во медијапанските врати е со две јазичина и потребен е потисок на кваката при отварање и при затварање. Вратите се со вклучена AGB брава.

 

Цилиндер брава

Овој тип на брава е наменет за патент клучеви за поголема сигурност за простории како канцеларии, магацини, хотелски соби и слично. На ваше барање може вратите да бидат нарачани со цилиндер брава без доплата. Сепак имајте на ум дека за овој тип на врата потребно е да се докупи цилиндер со клуч и да се внимава при изборот на кваката да биде за цилиндер брава.

Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете ни во контакт формата.