Како што веќе знаете сите собни врати што ги нудиме можат да бидат со полно крило или крило со саќе. Па што е разликата?
Полно вратно крило
Полно вратно крило значи исполнето со компресирана дрвена волна сместена помеѓу медијапанот на крилото. Крилото на рабовите исто така е премачкано со водоотпорен премаз.
Предности:
- Поголема цврстина и масивност
- Поголема температурна изолација
- Поголема звучна изолација
- Поголема отпорност на удари и механички влијанија
- Поголема отпорност од искривување
Крило со саќе
Исполната со саќе значи дека помеѓу медијапанот има само картонско саќе. Предноста на опцијата со саќе е поефтината цена. Вратите со саќе исполна се поефтини за околу 20еур.
Што да изберете?
Доколку сте ограничени со буџет , одговорот е јасен-врата со саќе.
Доколку сакате подобра звучна и топлинска изолација изберете врата со полно крило. Доколку греењето на објектот не е рамномерно, односно некои простории се грејат а други не, тогаш задолжително набавете врати со полно крило. Поради температурните разлики вратите со саќе лесно се искривуваат. Но ВНИМАВАЈТЕ! Ако има големи температурни разлики, полното крило нема да биде гаранција дека вратата нема да се искриви. Сепак мора да одржувате релативно ниски разлики меѓу просториите за да не дојде до кривење на вратите но и да не се појават и други проблеми како мувла и кондезација.
Исто така ако имате деца што обожаваат гласна музика-полните врати се задолжителни 😀 Доколку имате бања без прозор ,барем за бањата набавете врата со полно крило. Имајте на ум дека можете да правите комбинации односно за некои простории вратите да бидат со полно крило а за другите со саќе. Изгледот е идентичен.
Видете ја понудата на врати тука
Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете ни во контакт формата.