• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Дали да ставам ПВЦ врата од пластичните или од медијапанските? Секогаш кога се менуваат врати вакво прашање поминува низ глава. Посебно ако имате мало купатило.

Сите врати треба да се исти декор.

Кога се менуваат врати, правило е сите да бидат исти, поради естетика и сочувување на очите од секојдневната глетка 😀

Собните врати што ги продаваме се премачкани на рабовите со водоотпорен премаз. Вратите се отпорни на нормални количини на влага во воздухот и краткотрајно изложување на вода. Особено вратите со CPL фолија. Затоа слободно можете да поставите медијапански врати во вашето купатило.


Сепак...

Сепак ако имате вонстандардна влага ( перманетно над 70% влажност на воздух) или ако често вратата се прска или изложува на вода, за жал ќе мора да ставите пвц купатилска врата. Колку и да имаат заштити медијапанските врати, сепак се работи за врати на база на дрво. Многу ретко ни се случило да имаме проблеми од ваков тип, најчесто кога вратата е многу блиску до туш када/кабина без паравани, или кога во купатилото нема соодветна вентилација/прозор и количините на влага нон стоп се енормни. Во такви случаи доаѓа до искривување на крилото или мало одлепување на фолијата. За вакви екстремни услови, единствено чаре е пвц врата.

 

Грешки кај купатилските врати:

  • Поставуавње многу блиску до туш кабина или туш када кој немаат параван (директно се прска)
  • Под со неправилен "пад" и оставање на мокар под. Подот кај первазите,касата и крилото треба да биде сув и да не се остава долг период со вода. Ако падот на подот е неправилен и водата место во сифон се слева кај касата и первазите ќе дојде до нивно набубрување.
  • Проветрување. Бањата иако е бања, мора често да се проветрува. Ако немате прозор, набавете го најсилниот апсиратор.
  • Непочитување на рачката :) Се фаќа вратата секаде само не за рачката. И ова не би било проблем, но кога се работи за купатило значи дека вратата секој ден се фаќа со влажни раце на медијапанот и фолијата. Освем нечисти врати, може да дојде и до оштетување на медијапанот.
  • Чистење со многу влажни крпи или агресивни срества. Чистењето треба да биде со умерено влажна крпа и со нежни триења. Исто така може да се чисти со средства за медијапан.

Доколку имате повеќе прашања слободно пишете ни во контакт формата.

Во овие текстови на најнесебичен и разбирлив начин пробуваме да ви ги решиме вашите прашања и проблеми. Ги знаеме многу добро кои се , зашто 17 години секојдневно ги слушаме😀 


Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍