Не повикаа во овој прекрасен објект во Соње да монтираме врати. Муштериите дојдоа во нашиот продажен салон си одбраа врати од изборот на врати (кликнете тука за да го видите целиот избор со цени) и другото останува на нас. Изборот падна на „Премиум Даб“ дезен од вратите со CPL фолија која е со реалистичен рељефен дрво изглед и отпорна на гребење и оштетувања.
Најпрво пристапуваме кон земање на мерки од отворите. Се мерат дупките во отворите, од ѕид до ѕид. Вратите се прават по мерка во склад со отворите.
Заприметите каков е теренот пред монтажа на вратите. Школски “By the book“ Значи подот е готов(монтирани плочки и ламинат) Зидовите измалтерисани, глетовани и поминати со една рака боја. Значи вратите се исто како мебелот, на крај се монтираат. После нив само втора рака боја молерите треба да поминат за да се корегираат евентуално некои ситници. Прочитајте тука кои се најчестите грешки при набавка на нови собни врати.
Ги доставуваме вратите до самиот објект и ги внесуваме на суво и безбедно место за да не се оштетат.
Почнуваме со монтажа. Отворот треба да е чист од нечистотии и лабилни делови на малтер и слично. Се става рамката. Во случајов конкретно се монтира врата со надсветло. Добро решение за високи отвори и пропуштање на дневна светлина во темна просторија. Рамката се поставува со леплива пурпена за монтажа на врати. По потреба и проценка на мајсторот може да стави и држачи дополнително.
Се поставува крилото. Вратите што ние ги продаваме се со три бродски инокс шарки, што значи цврстина, сигурност и добра естетика.Се поставува стега и се остава некое време за да рамката убаво се прицврсти и “стегне“
Бравата е фабрички вградена во самото крило. Кај CPL поскапите врати, како во случајот тоа се магнетни брави со меко затварање. Можете да ја затворите вратата со еден прст.
Се поставуват и вжлебуваат наставците. Потоа повторно се поставува пурпена за да залепат первазите.
Се поставуваат завршно первазите. Тука треба да се внимава да има доволно простор на ѕидот лево-десно, за да го собере первазот. 6cm е потребно место од ѕидот за да цел перваз се постави. Во спротивно ако нема место ќе треба да се сече а тоа нема да изгледа баш естетски.
И тадам имаме готова врата со надсветло. Слики од внатрешната страна и надворешната.
Да не ја заборавиме и рачката. Рачката се монтира на крај-како цреша на шлагот. Во случајов беше монтирана црна рачка. Може да виде со клуч или со лептир. Со лептир обично ги ставаат за во ВЦ вратите за да биде попрактично секојдневното отклучување-заклучување и да нема проблеми околу губењето на клучот. За изборот на рачки што го нудиме видете тука
Доколку ѕидот е со голема ширина тогаш се става наставак до 45cm дебелина на ѕид, имавме ваков пример во објектот.
Покрај стандардните врати во објектот монтиравме и врати со 4 коцки за стакло. Исто многу добро решение кога е потребна дополнителна дневна светлина во ходникот. Секако сите останати опции од стандардната се поскапи.
После монтажата ни се наполни душа зашто објектот заедно со вратите изгледаат фантастично 😍
Викаат во деталите е перфекцијата. Погледнете