• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Најчести грешки при купување на собна врата

Сте решиле да ги менувате старите собни врати. Или да набавите нови врати за новиот стан/куќа. Што може да тргне наопаку? 
Ројал Инвест како еден од најголемите продавачи на собни врати со долгогодишно искуство(види понуда) ви ги преставува најчестите грешки што ги прават муштериите при набавка на собни врати. Често ги гледаме овие грешки, уште почесто укажуваме на нив, а сега и ги пишуваме, со цел да навремено да ги одбегнете:

Не ги монтирате вратите последни

Најголема и многу честа грешка е вратите да се монтираат пред било кој друг зафат. Правилото е: собните врати се монтираат ПОСЛЕДНИ кога реновирате. Значи средени ѕидови, монтиран ламинат/под, залепени плочки, завршено купатило, завршени сите други зафати, и на крај се монтираат вратите! Ајде со ред :

  • Готови ѕидови

Средете ги ѕидовите. Санирање, глетовање, малтерисање, демонтажа на стари врати, опшивање, монтирање на гипс картон, проширување на некој отвор, кречење, сето тоа се прави и средува пред монтажа на вратите. Зашто? Затоа што не сакате новата врата да биде замачкана од малтерот/лепаците и да биде извалкана. Не сакате медијапанот да впие влага од околните поправки и интервенции. Не сакате куп мајстори со алати и материјали да помине безброј пати низ нив. Средете ги ѕидовите, оставете нека се исушат, па потоа се монтираат вратите.

Не се грижете, монтажата на вратите нема да ги оштети и уништи готовите ѕидови. И да се појави неке оштетување околу отворот, тоа елегантно се затвара со первазот кој покрива дури 6cm од ѕидот. И кречењето се прави пред монтажа на вратите. Се бојадисува, се суши просторот па потоа се монтираат вратите. Може завршно да се викне молер за втора рака и мали корекци по монтажата на вратите.

 

  • Готов под

Ако ги монтирате вратите пред подот, ќе треба да го кроите ламинатот/паркетот/плочките околу первазите и касата на вратите. А тоа изгледа доста грдо. Вратите се предвидени да се монтираат врз готов под, односно первазите и касата "легнуваат" елегантно врз подот. Значи го монтирате ламинатот/паркетот/плочките на подот ➡ па потоа вратите.

 

  • Завршете со купатилото, потоа монтирајте ги вратите. 

Незгоден момент. За приватност во купатилото, ви треба врата. Старата врата при кршење на плочките сте ја извадиле, и сакате да го користите купатилото, пред целосно да го завршите. Ставате нова врата. И потоа проблеми. Ако ставите нова врата а плочките не се залепени, ќе треба плочките околу первазите да ги кроите што ќе изгледа неестетски а има и опасност од оштетување на вратата.

Треба плочките да бидат залепени и исушени, потоа первазите елегантно да "легнат" врз плочките. Исто така сите други зафати, како подот, водоинсталатерски работи, санитарии и буквално се друго треба да е готово пред да ја монтирате вратата. Не сакате мајстори со секаков алат, со габаритните санитарии, безброј пати да поминат низ новата врата. Неминовно ќе ја оштетат. Не сакате влагата од разните зафати да се упие во медијапанот. Затоа завршено купатило➡па потоа нова врата.

Голема температурна разлика

Ова најчесто го гледаме во грејна сезона кога нема рамномерно греење во целиот објект а тоа се случува кога:

  • Собата се грее, ходникот не се грее. 
  • Во едната просторија не се живее а со тоа и не се грее.
  • Во целиот објект не се живее и дневните и ноќните температури во објектот се со големи разлики.
  • Собна врата ќе се постави како влезна (без разлика дали се работи за затворен влез или заеднички влез)
  • Објект во кој не се живее или ретко се посетува(викендица)

Во сите овие случаи може да дојде до температурна разлика повеќе од 8C и медијапанот како и секој материјал кој е составен од дрво си работи. Се појавуваат милиметарски деформации на крилото доволни да направат нервози односно неправилно дихтување и затварање на вратата. Најчесто кога ќе се израмнат температурите, врата се враќа на место.


Затоа доколку поставувате собна врата помеѓу две простории, температурата во двете простории да биде со максимална разлика до 8C. Доколку поставувате влезна врата(влез од одаја, заеднички ходник и сл) потребно е влезната да биде со метална конструкција. Доколку монтирате врати во објект во кој не се живее или ретко се посетува(викендица) потрудете се во деновите со екстремни температурни разлики помеѓу денот и ноќта да оставите минимум греење.

Поради овој проблем, од сите модели се нуди опциија врата со полно крило кое е исполнето со дрвена волна со што до некаде се намалува ризикот од појава на ваков проблем.

Не сте присутни на монтажа/земање мерки

Да, знаеме дека се динамични времиња и се нема време за секаде да се постигне. Но врати менувате еднаш на 15-20 години. Потрудете се да бидете присутни при земање на мерки и при монтажа на вратите. Реновирањето е сложен процес и бара комуникација помеѓу сите засегнати страни.

При земање на мерки бидете присутни бидејќи :

  • Монтерот ќе ви каже каде отворот не е спремен за новата врата(можеби ќе треба да се проширува или стеснува)
  • Монтерот ќе ви каже каде ќе има кратење на вратите(вонстандардно ниски отвори)
  • Со монтерот ќе утврдите кој тип на врата за која просторија е (соба/вц/шпајз). 
  • Монтерот ќе ви даде други совети.
  • Вие ќе прашате се што не е јасно.

Сетоа тоа ова ќе изостане ако оставите некој друг место Вас да биде со мајсторот кога зема мерки. Доколку не сте присутни, мајсторот ќе си земе мерки и ќе си отиде, без да искомуницирате и да ги решите сите нејаснотии.


При монтажа исто е потребно вашето присуство, поради:

  • Координација со мајсторот за страната на отварање на вратите
  • Асистирање околу поместување на ствари кои пречат
  • Заштита на под, мебел и други работи кој може да се оштетат/извалкаат при монтажата
  • Навремено укажување на забелешки кој ги имате... 

Се е полесно кога сте присутни и се комуницира навремено веднаш, место отпосле монтажата и кога е готово се, да дојдете дома и да укажувате на забелешки или нејаснотии кој повеќе не можат да се променат.  Не ја заборавајте народната : мајстор сам дома не се остава 😀
Заклучок, бидете ВИЕ присутни при земање на мерки и при монтажа(не оставајте лице кое не е во тек со набавката- дете,баба,стрина,комшија) . 
За процедурата за монтажа видете тука.

Голема влажност и влага

Како што спомнавме погоре собните врати се составени од медијапан и дрво, како и секој материјал кој е составен од дрво е подложен на реакција при влага. Вратите кој ги нудиме имаат заштитна фолија и се премачкани по рабовите на крилата со воодотпорен заштитен премаз со цел да имаат заштита од влага. Таа заштита е за краткотрајни изложувања на вода и стандардни количини на влага во воздухот.


Сепак, доколку изложеноста на влага е енормна и постојано влажноста е над 70% може да дојде до набубрување и одлепување на медијапанот и фолијата. Ваков проблем се случува ретко и се случува кај:

  • Купатила без прозор и без соодветна вентилација кој не се проветруваат/вентилираат. Тука решение е само често проветрување или набавка на најсилниот аспиратор.
  • Вратата е блиску до када/туш кабина кој немаат параван и со тоа вратата постојано е изложена на прскање и вода. Решение е навбавка на параван и заштита од прскање.
  • Купатила со неправилен пад на подот и цела вода "паѓа" кај касата и штокот на вратата и се јавуваат проблеми доколку таа вода се остави долго време да биде во допир со вратата. Решение да се пребришува подот и да не се остава таа вода долго време да стои кај вратата.
  • Бојадисувате, малтерисате, нанесувате лепак, во просториите непосредно пред монтажа на вратите. Решение е да почекате неколку дена убаво да се исуши просторот па потоа да се монтираат врати. Или ако веќе се монтирани вратите треба да правите многу чести проветрувања неколку денови по бојадисувањето. Сепак во една канта поликолор има 15л течност, по нанесување на ѕидовите, таа испарува и се впива во вратите, мебелот и секаде каде ќе најде материјал погоден за впивање.  

За врата за вц имаме пишувано и тука.

Нема простор за первазот

Не е голем проблем но пречи на око. Кога ќе се одлучите од кој врати ќе купувате, прашајте колку треба простор од ѕидот за первазот. За нашите врати тоа е 6cm. Целиот перваз/лајсна е 8cm од кој 2cm влагаат во касата, додека останатите 6cm се потребни да "легнат" на ѕидот. Значи внимавајте отворот да има 6cm од чистиот отвор на ѕидот лево/десно/горе за да може первазот да се постави цел.
Ако нема простор, солуција е опшивање на отворот, со лепење/штрафење на гипс картон/даски и со тоа да се стесни отворот и да се добијат потребните 6cm. Доколку не сакате да правите дополнителни интервенции и да го стеснувате отворот, первазот се сече за што монтерите наплаќаат дополнително. 

Ви ги преставивме најчестите грешки кој се прават при набавка на собни врати, од сублимирано повеќегодишно искуство, видете ја нашата понуда и доколку ви требаат подетални инфромации слободно пишете ни во контакт формата.

Понудата на врати видете ја тука 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍