Како што веќе знаете, нудиме два типа на врати: со CPL фоилија и со 3Д заштитна фолија. Од двата типа на врати има различни декори, а од секој декор има опција за изработка на вратата за лизгачка, надсветло, со отвори за стакло,двокрилна. Од сите пак има опција со саќе или полни. Кога ќе се собере се на се- има стотина опции на избор. Не е шала :)
Да се вратиме на основната поделба: CPL фолија и 3D фолија.
CPL фолија
Скратено од continuous pressure laminate или во превод продолжена ламинирана фолија под притисок. Означува ознака за фолија која се користи кај мебел, ламинати, врати кои има реалистичен изглед но исто така изворедна заштита од оштетувања. Составена од повеќе слоеви на целулозни влакна импрегнирани со терморегулациони смоли. CPL фолијата се произведува во бесконечни фабрички преси со двојни ремени со притисок помеѓу 30 и 70 бари и температури помеѓу 150 ° C и 170 ° C. Ваквата високотехнолошка импрегнација и притисок ја прават фолијата со одлични карактеристики.
Вратите од CPL фолија се отпорни на:
- гребење и оштетувања
- влага и краткотрајни изложување на вода
- пожолтувања од дим од цигари
- бледеење поради сончево ув зрачење
- хемикалии и средства за чистење
- менување на боја
Обично вратите со CPL фолија се поскапи од другите што ги нудиме за околу 2000ден од врата. Вратите со овој тип на фолија се покажаа дека се потрајно и поиздржливо решение за собни врати. Строго препорачлив избор за фамилии со мали деца, немирни домашни миленици, комерцијални простории со висока френквенција на движење и трапави домаќини :)
Видете го видеото за CPL врати:
3Д заштитна фолија
Означува 3Д рељефен изглед и фолија која е "истегната" со цел да се добијат добри карактеристики. Овие врати се понежни и потребно е да внимавате да не ги оштетите. Тоа не значи ако се допрат дека ќе се оштетат, туку треба да се пазат да не дојде до посилни гребења и удари, хемикалии, директна и долготрајна изложеност на сонце, нестандардни количини на влага, директна изложеност на вода.
3Д ознаката е за рељефниот природен изглед што го дава оваа фолија. Оваа фолија исто има основно ниво на заштита.
Напомена: Вратите се со различни декори односно неможе истиот декор-боја да се бира дали ќе биде со 3D фолија или со CPL фолија.
Погледнете неколку слики од производствениот погон кој ги произведува вратите кој ги нудиме