• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Секоја од вратите кој ги продаваме доаѓаат со вградена AGB брава и клуч. Медијапанските врати се со класична италјанска брава додека кај CPL вратите се со магнетна брава за меко затварање.

Рачката(кваката) не е вклучена во вратата зашто има избор за сечиј вкус и џеб. Често муштериите си ги задржуваат и рачките од претходните врати. Затоа рачката се купува дополнително.
Рачката(кваката) е еден од најважните детали кај собната врата. Истата е впечатлива и ќе ја користиме секојдневно.Затоа имаме избор на повеќе модели на рачки како и избор од класична брава со јазиче или магнетна брава со меко затварање.На сликите претставена монтажа на рачка со магнетна брава.

За да го погледнете изборот на рачки повелете во нашиот продажен салон или видете на сајтот тука

 

 

 

 
 
 
 

Магнетна брава

Овој тип на брава е супериорен бидејќи овозможува "меко" затварање на вратата но и голема трајност на вратата поради малите отпори од илјадниците затварања-отварања. Овој тип на брава е со едно јазиче, кое е вовлечено во самата брава и излегува автоматски кога ќе се приближи до фиксниот-другиот дел од бравата. Со тоа доаѓа до лепење без потреба од притисок на кваката при затварање. Исто така бенефит е и безшумно отварање-затварање.

 

Класична брава

Класична брава која е вметната во медијапанските врати е со две јазичина и потребен е потисок на кваката при отварање и при затварање. Вратите се со вклучена AGB брава.

 

Цилиндер брава

Овој тип на брава е наменет за патент клучеви за поголема сигурност за простории како канцеларии, магацини, хотелски соби и слично. На ваше барање може вратите да бидат нарачани со цилиндер брава без доплата. Сепак имајте на ум дека за овој тип на врата потребно е да се докупи цилиндер со клуч и да се внимава при изборот на кваката да биде за цилиндер брава.

Доколку имате дополнителни прашања слободно пишете ни во контакт формата.