• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Основни информации за гипс картонот

Да споделиме интересни и корисни факти за еден од најупотребуваните производи за сува градба-ГИПС таблитеℹ

▪ Состав: 100% минерален природен гипс, кој се добива од мелење руда од калциум-сулфад-гипс со два молекула вода кој ги ослободува при понатамошното загревање-печење кога практично се добива прашок. Прашокот, измешан со вода, повторно се суши и се враќа во првобитната форма, што значи дека нема додатоци, нема хемиски реакции, освен ослободување и прием на вода, што автоматски елиминира било каков сомнеж за радиоактивноста♨️

состав на гипс

☢️Најчестото прашање и заблуда-Радиактивноста. Бидејќи на Запад гипс картон плочите се користат повеќе од 70 години, одамна се направени опсежни испитувања и студии за нивното влијание врз здравјето на луѓето. Една од најопсежните истражувања направен во Холандија-2006год. покажува дека радијацијата во просториите изработени целосно од гипс картон е далеку под минималната граница штетна по здравјето. Всушност количините на радијација биле помали од оние измерени во просториите направени од бетонски ѕидови.

За сите цени на гипс програмата тука 

▪ Предности на гипс картонот се многубројни:

☑️Брза, сува и едноставна монтажа

☑️Лесно се обликува, сече и режи

☑️Едноставно преградување и формирање нови простории

☑️Со иста Ph вредност и истата спроводливост на топлина како и кожата, гипс картонот е топол на допир со што се избегнува ефектот на "ладни ѕидови"

☑️Природен регулатор на влажност. Со своите големи кристални пори има можност да упива голема влажност а доколку воздухот е сув истата ја испушта во воздухот со што е природен регулатор на влажноста.

▪Типови на гипс картон: Стандареден, водоотпорен, огноотпорен и акустичен.

💧Водоотпорната гипс плоча е обложена со водоотпорен картон со што ја прави идеална за употреба во купатила, бањи и кујни.

🔥Огноотпорната плоча е со специјален картон и состав кој овозможува поголема отпорност на високи температури и идеална употреба за подрачја од ризик од пожар(поткровја, кујни електрични инсталации, камини и печки за греење)

🔇Акустичната гипс табла е со голема густина засилена со стаклени влакна која го прекршува звукот.Во нашиот асортиман акустичната табла ќе биде достапна во наредниот период.

типови на гипс картон

▪Начини на монтажа:

☑️Со метални профили. Ваквиот начин е најтраен и најлесен. Внимавајте профилите не смеат да бидат под 0.55мм дебелина. Ние во Ројал Инвест продаваме профили со дебелина од 0.60мм.

☑️Со дрвена конструкција. - Најефтина варијанта но не толку препорачлива бидејќи дрвените греди и летви "работат" на темп. разлики и веројатно е дека ќе дојде до појава на пукнатини на глетот и површината.

☑️Со лепење со Радикол, овој начин се употребува за рамнење или санирање на постоечки ѕидови. Важно кај овој начин е да се запази нивелирањето и лепењето да е под васер вага.

 

▪Секако има и недостатоци овој материјал ❎
Слаба звучна изолација. За да се добие звучна изолација потребно е изведување со повеќе слоја на гипс табли и минерална волна меѓу нив.
Не може да се поднесе големи тежини. Монтирање на средни тешки работи(40-70 kg/m) се прави на постоечката метална конструкција, додека на тешки работи(70-150 kg/m) потребно е правење на независна конструкција.

За сите цени на гипс програмата тука 💻


Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Секако, ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.