• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Монтажа на ламинат врз стар паркет

Имате стар паркет. Оштетен, излитен и на места разлабавен, ви боде очи и ве засрамува кога ќе дојдат гости?
Или во фаза на реновирање сте, имате стар паркет, и се прашувате што да се прави со подот?

Ќе го задржам и обновам стариот паркет

Треба да викнете професионалци-паркетари, да го истругаат, па да го излакираат. Најверојатно ќе треба и да се вади и прередува. Има опасност при вадењето поради старите лепаци-битумени да се оштети и кошулицата(да се одлепат цели парчиња од кошулицата и цела да се разрони) Па да влезете во авантурата наречена "рехабилитација" на кошулицата што значи вадење и темелно чистење на старите лепаци на паркет, па со олма или цемент да се обновува површинскиот слој на цела кошулица. Голема и комплицирана авантура. Затоа многумина се одлучуваат за :

Поставување на ламинат врз стариот паркет

Многу побезболна и поедноставна опција од рестарвација на стариот паркет. Доаѓате кај нас во продажен салон, бирате ламинат, нашите мајстори го носат и го монтираат за неколку часа. Брзо чисто и едноставно. Сепак, доколку се одлучите на овој чекор задолжително запазете на следниве работи :

  • Да нема големи нерамнини и дупки на стариот паркет. Ако имате цели вдлабнатини поголеми од 3мм ќе имате проблем потоа со ламинатот. Ламинатот ќе крцка и ќе се двои.
     
  • Да не им смета на вратите со новата висина на подот. Зависно од дебелината на ламинатот со поставување на ламинатот врз паркетот, ќе се подигне нивото на подот за 0.8-1.3cm што значи може вратите не ќе може да се отвараат и ќе имате поголемо ниво кон другите простории каде ќе нема ламинат(купатило,кујна) Сепак има решение. Вратите се кратат а за преодот кон другите простории се поставуваат преодни лајсни со заоблување. Кратењето на вратите го прават и мајсторите за ламинат за одредена надокнада.
     
  • Да нема влага и скапување кај паркетот. Ова е за големо внимание. Направете темелна проверка кај стариот паркет да не има на некој места скапување од влага или знаци на влага. Ако треба и извадете неколку парчиња. Ова е многу ретка појава кај становите во згради, но честа кај куќите и становите на приземје. Ако има и најмал знак на влага, потребно е вадење на паркетот, хидроизолација на кошулицата, па местење на ламинатот. 
    Ако се намести врз паркет каде има влага, со текот на времето паркетот ќе скапе и ќе се равие мувла, а вие ќе се прашувате од каде тој чуден мирис и тие главоболки 😨
     
  • Да нема набубрувања и деформација на стариот паркет. Исто како и кај длабнатините, набубрувањата се исто толку непожелни. Имено ламинатот е пливачки под на клик клак систем и ако има нерамна подлога ќе крцка и ќе се двои. Набубрувања над 5мм ќе пречат на исправна монтажа и функција на ламинатот.

За да се ублажат нерамнините се поставува подлога XPS од 5мм видете ја сликата.

 

Видете го видеото што го снимивме во стан во Скопје, каде врз стариот оштетен паркет се монтираше ламинат 10мм AC4 32kl

 

Во овие текстови на најнесебичен и разбирлив начин пробуваме да ви ги решиме вашите прашања и проблеми. Ги знаеме многу добро кој се , зашто 17 години секојдневно ги слушаме😀 Во овие текстови е преточено стручното знаење и 17 годишното искуство на тимот на Ројал Инвест. 
Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍

Секако, ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.