• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Колку треба да биде висок оџакот?

Едно од најчестите прашања но и грешки кога станува збор за иноксниот оџак. Каде, на која висна, да го поставам новиот иноксен оџак што го купувам од кај вас🤷‍♂️ Многу легитимно и важно прашање.

Од позицијата на оџакот зависи целото работење и квалитет на греењето. Ако не е поставен на соодветната висина и положба, тогаш турбуленцијата на воздухот-димот која се формира во највисоката излезна точка на оџакот ќе се врати наназад или народски кажано оџакот ќе “враќа” и нема да има “цуг”.
Тоа ќе повлече низа проблеми во работењето на печката, димење во просторијата, поголема потрошувачка на дрва/пелети, слабо работење на печката, појава на конденз и влага...

Како треба да се позиционира оџакот?

  • Ако се поставува оџакот низ кровната конструкција на одалеченост до 1.5м од врвот на кровот, тогаш оџакот треба да биде повисок над 50cm од врвот на кровот
     
  • Ако се поставува оџакот низ кровната конструкција на одалеченост од 1.5м до 3м од врвот на кровот, тогаш оџакот не смее да биде понизок од врвот на кровот
     
  • Ако се поставува оџакот подалеку од 3м од врвот на кровот, дали низ кровната конструкција или на зид ќе биде прикачен, тогаш се пресметува висинска разлика. Едноставно речено аголот повеѓу врвот на оџакот и врвот на кровот не смее да биде поголем или помал од 10 степени. Зашто не учевме геометрија на времето 😀
     
  • Ако се поставува низ симсот или до него, минималната висина на завршниот дел од оџакот (капата) мора да е над 50cm над симсот.
     
  • Кај рамен кров висината на оџакот мора да биде минимум 2м

 

За поставување и преместување, иноксниот оџак е најлесно и најпрактично решение. Лесно се монтира, лесно се демонтира, лесно се поставува и не е габаритен како класичните оџаци.
Но бидете внимателни, не секој оџак што ви го нудат како иноксен оџак е вистински оџак. Побарајте да биде од сертифицирано производство што значи дека е од вистински инокс и бидете внимателни на начинот на производство, зашто иноксниот оџак мора да биде произведен со стандарди за заварување, стандарди на компресија на огноотпорната волна и тн... За цените и деталите за иноксните оџаци што ги нудиме со сертфицирано производство од позната фабрика од ЕУ-Грција видете тука https://www.rojalinvest.com.mk/odzaci

 

Пример кај клиент што го намести оџакот многу ниско и како "враќа" поради неисправната висина. Откако додаде 1 метро проблемот се реши.

 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.