• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Предности на иноксниот оџак

Кај нас се релативно нова работа, но во странство(посебно на Запад) одамна се користат иноксните оџаци. Ние како главни увозници веќе 8 години и продадени илјадници метри, можеме да заклучиме дека станува збор за изворедно решение. Тогаш кој се предностите на иноксниот оџак:

  • Изолиран двоен дебелоѕиден инокс поради што е невозможно да се појави кондензација

Најголемата главоболка на секој што има стар оџак е-кондензацијата. Настанува при температурната разлика  од таа на површината и ан воздухот за над 15C. Влагата од околниот воздух кој е потопол при допир со ладната површина се претвора во вода.  Површината на оџаците се затоплува а кога престанува греењето - нагло се лади, со што доаѓа до големи температурни разлики а со тоа и енормни количини на влага. Резултат? Влага и вода на оџакот која се раширува наоколу. Се појавува таканаречена верижна реакција односно влага➡мувла➡гниење и ред други проблеми. Многу лошо за здравјето, естетиката, ефикасноста на греењето и севкупно за целокупното живеење.

Ѕиданите оџаци многу ретко се прават со соодветна изолација. Кај старите оџаци се појавуваат микро пукнатини со што доаѓа до протекување на топлина и појава на кондензација. Затоа некогаш ќе ни речат : стариот оџак ме служеше добро 15тина години, ама еве сега почна да кондензира. Тоа е зашто веќе е дотраен и топлината "бега" низ пукнатини и отвори што се отворили со текот на годините.

Решение?- Иноксен оџак. Зашто? Бидејќи е составен од два иноксни ѕида кој се исполнети со камена огноотпорна специјална волна која го изолира оџакот. Со тоа површината на оџакот е со констатна температура. Да фатите иноксен оџак со гола рака, нема да се изгорите иако низ него поминуваат 300-600C. Штом површината е со константна температура, нема нагли разлики а со тоа ја нема кондензацијата која погоре е спомената. Сите делови на иноксниот оџак се изолирани од оваа причина. Изолацијата е елегантно скриена и компресирана.

 

  • Мазна и глатка нерѓосувачка површина на која не може да се налепи саѓи и хемикалии

Една од главните причини зашто ѕиданите керамички оџаци се забранети во ЕУ е поради што нивната површина не е трајна и е порозна. Со текот на времете кај керамичките ѕидани оџаци се појавуваат микропукнатини кој се полнат со саѓи и остатоци од согорувањето. Исто така керамичката површина е рапава и задржува доста наслаги. Сетоа тоа доведува до запушување, мал век на траење, чести чистења а и доста пожари. Според стастиките дури 70% од пожарите во домовите во зима се од неисправни оџаци. Решение? Иноксниот оџак е составен од ѕидови од инокс кој е најтраен материјал и со екстремно мазна површина. Мазната површина не задржува наслаги и саѓи, а иноксот не старее и не пука ни на најекстремни температури. 

 

 

  • Поради микроскопски мазната површина оџакот влече и протокот е непречен

Како што образложивме погоре, наслаги и нечистотии не се задржуваат на иноксот, со што оџакот има непречен проток. Ги нема проблемите на запушен оџак кој не "влече" Исто така поради кружната форма има многу подобар проток од коцкастата кај класичните оџаци. Тука внимавајте! Се нудат оџаци кој не се инокс, или се легура на инокс. Барајте сертификат!
Исто така за непречен проток и "цуг" внимавајте на висината на оџакот. Имаме детално тука пишувано

 

  • Цврст и дихтувачки спој без лепаци и ѕидање

Не се потребни лепаци, малтери или други материјали. Иноксот кој го продаваме е со завршетоци на цевките кој се изведени со ласерска компјутерска технологија поради што цевките микроскопски се спојуваат една со друга со високо ниво на дихтување. На секој спој се ставаат стеги за "секој случај". Кај оџакот за дрва нема потреба од гумички до првите 4метра, додека кај оџакот за пелет се ставаат гумички како дополнителна мерка на сигурност ради што печките на пелет имаат вентилатори кој создаваат поголем притисок во цевките. Тука повторно внимавајте! Кај инокс цевки произведени со мануелна технологија спојувањето е тешко и нема дихтување. Со тоа ќе имате проблеми и неисправен оџак. Внимавајте што купувате!

  • Голем животен век, без трошоци за одржување(нема потреба од оџачар)

Како што споменавме погоре, иноксот е најтраен метал, не рѓа, отпорен е на сите надворешни влијанија и на екстремни температури. Не се задржуваат саѓи и наслаги и сето тоа што ќе се створи, паѓа во лончето од т-рачвата кое многу лесно се вади и се чисти. Исто како пепељара 😀 Оџачарот ќе е минато. Кај оџаците за дрва, пожелно е еднаш во сезоната да исчистите и со четка и сајла. Четката задолжително да биде од пвц или пластика. НИКАКО МЕТАЛ зашто ќе го оштети иноксот.

 

  • Лесна и експресна монтажа која може да ја  обави било кој и било каде. Можност за преместување.

Иноксниот оџак можете да го монтирате скоро секаде. Често кога се купува печка на пелет или нова печка,  сакаме да ја поставиме каде највеќе ни одговара, но оџакот не ограничува. Или при реновирање сакаме да ја преместиме печката, но ѕиданиот оџак е на место каде најмалку сакаме. Имаме снимено видео и упаство за монтажата видете тука.

Иноксниот оџак е составен од делови и многу лесно може да се монтира каде ви одговара . Има различни делови за секоја ситуација.
Реновирате, менувате распоред, менувате печка? Не е проблем, оџакот може да се премести во секое време.

Монтажата е лесна и може да ја обави било кој со малку познавање и секојдневен алат. Цевките влегуваат една во друга се става стега и толку. На секој 2-3м се поставуваат држачи за во ѕид.

  • Овој оџак не е скап.

Често на прв поглед кога ќе се види цевка со изолација дека чини 2,000ден изгледа скапо. Но воопшто не е така. Прво иноксниот оџак не можете да го споредите со ѕиданите оџаци кој ги прават на овие простори. Блок со круг па малтер- не е оџак, тоа е вентилација. Затоа и сите керамички блокови со кругови кој се продаваат како за "оџаци" ако побарате декларацијата, ќе видите дека се крстени како вентилациони блокови. Што значи керамичките по никој стандард не се предвидени за оџак. Прописен оџак ѕидан со изолација и со шамотни цевки би коштал многу поскапо од иноксниот оџак. Оној кој викал мајстор и ѕидал оџак го знае тоа. Оној пак кој ѕидал оџак а после 5 години му протекол ептен е уверен во ова што го пишуваме 😀

Кога ќе се земе се собрано, дека ѕиданите керамички оџаци не се предвидени за тоа, не се по стандард, не се со голем век на траење(брзо протекуваат), се бараат мајстори(кој се потешко се наоѓаат), имаат опасност од пожар и не искачаат баш ефтини. Видете ги цените на иноксните оџаци тука и пишете ни слободно за појаснување.

 

 

 

 

 

Секако, ако имате дополнителни прашања слобдно пишете ни на контакт формата.