• ВремеРаботно време: Пон-Петок 08:00-18:00 ; Сабота 08:00-14:00  телефон02 5116 700 

Монтажа на иноксен оџак

Иноксниот оџак се монтира лесно и едноставно доколку иноксниот оџак е квалитетен и направен според стандардите. Доколку производството е несоодветно се јавуваат проблеми и потешкотии при вклопувањето на елементите еден во друг и дихтувањето. Затоа купувајте од проверено место како нашето 😀 За нашата понуда видете тука.
Во продолжение кратко упаство како се монтира еден иноксен оџак заедно со видео кое ви го спремивме. Напомена: Монтажата снимена на видеото е за мала висина на оџак до 4м. Доколку се монтира поголема висина од 4м, потребно е да се постави фундамент основа, дел кој е достапен за набавка од нашиот асортиман.

 

Чекор 1: Спремете ги елементите за иноксниот оџак и потребниот алат

- Потребни елементи: Цевки, Т-рачва, капа, држачи и стеги. Гумички во оџакот се поставуваат за оџаците за пелет додека кај оџаците за дрва се поставуваат после третиот метар должен. Дополнително може да се потребни колена од 90° и 45° за да се избегне симсот. Ако се буши симсот за цевките да поминат низ симсот-колената не се потребни. Ако оџакот е над 4м, се поставува постоље од инокс како основа.

-Потребенниот алат зависи од типот на фасада, ѕидот, симсот и објектот каде ќе се монтира оџакот. Во најголем број случаи потребни се хилта или бурмашина со круна за да се избуши дупката во ѕидот. Круната треба да биде со соодветното Ф како Т-рачвата(Ф150/200/250)
Исто така потребно е метро за земање мерки, лабела за поставување под прав агол на цевките, молив за бележење, штрафилица со штрафови и типли соодветни за фасадата/ѕидот каде ќе се штрафат држачите. А да, и ставете ракавици, зашто иноксот може да ве исече.

 

 

Чекор 2: Земете мерки и обележете

-Обележете каде ќе биде Т-рачвата и во кој дел од ѕидот ќе биде спојувањето со внатрешните ќумци. Тука можете одвнатре да избушите една дупка низ ѕидот со цел најпрецизно да обелеќите каде ќе биде поставена т-рачвата.

земање на мерки каде ќе стои оџакот

 Чекор 3: Направете дупка во ѕидот

-Со круна или хилта направете дупла во ѕидот каде се обележа претходно. Дупката треба да биде соодветна на големината на т-рачвата. Низ оваа дупка ќе биде спојувањето на т-рачвата со ќумците одвнатре.

бушење на дупка за т-рачва

Чекор 4: Поставете ја Т-рачвата и обележете за цевките.

-Поставете ја т-равчата во дупката што ја направивте. Поставете розетна(опционално) Со метро обележете каде ќе биде првиот држач. Првиот држач поставете го непосредно над т-рачвата(20-30cm)

поставување на т-рачва/земање на мерки за прв држач

Чекор 5:  Поставете го првиот држач заедно со цевката.

-На обележаното место заштрафете го првиот држач, поставете ја цевката во т-рачвата со тоа што ќе "легне" на држачот. Поставете стега на спојот помеѓу цевката и т-рачвата. Стегнете ја цевката со држачот со помош на штрафовите.

мерка за прв држач/поставување на прв држач

Чекор 6:  Поставете ги останатите цевки и држачи.

-Истото го повтарате се додека не ја постигнете посакуваната висина. Се поставуваат држачите  во ѕидот на секој 3м, цевките се поставуваат на држачите. На секој спој се поставуваат стеги. 

ставање на држачи и цевки/стеги на секој спој

Чекор 7: Поставете ја капата

-Симсот може да се буши и да се помине низ него со цевки или да се заобиколи со колена од 90° или 45° зависно од ситуацијата. Ако се избегнува со колена, се поставуваат колената на последната цевка од оџакот, се поставуваат стеги на секој спој и на крај се поставува капата исто со стега. Внимавајте оџакот да ја има потребната висина за да нема понатамошни проблеми. За потребната висина имаме пишувано тука.

ставање на колена за да се избегне симсот

 

капа со цевка од 50cm завршен дел

 

ставање на завршниот дел со капа

Чекор 8 : Поврзете го оџакот со ќумците

-Најзбунувачкиот дел од монтажата е поврзувањето на ќумците од внатрешниот дел со оџакот надвор. Т-рачвата со приклучниот дел, веќе треба да е во ѕидот. Зависно од дебелината на ѕидот, можеби ќе треба да се постави во дупката од ѕидот цевка од 25cm-50cm со изолација, која ќе се поврзе од едната страна со т-рачвата а со другиот дел со ќумците. Или ако е можно поврзете ја ќумката дирекно во т-рачвата. Доколку ќумката е со различна големина од т-рачвата се докупува редуцир со дупли ѕид, кои ги имаме во повеќе варијанти. Со редуцирот елегантно се поврзуваат ќумката и т-рачвата или цевката што се во ѕидот.

Ова е упаство за монтажа на иноксен оџак однадвор, која е најчест тип на монтажа. Секако има повеќе опции на монтажа зависно од објектот. Видете тука ги имаме пишувано за начините на монтажа.

бушење дупка/поставување на редуцир

 

ставање на ќумка во редуцирот/поврзување на печката со оџакот
поврзана печката со оџакот

 

Ако на некој начин ви помогнавме или ви се допадна содржината, би биле многу благодарни ако оставите оценка на facebook или google 👍
Доколку имате дополнителни прашања, слобдно пишете ни во контакт формата.